Осигурување
Tриглав Осигурување АД Скопје заклучно со третиот квартал оствари нето добивка во износ од 35,4 милиони денари
Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 30.09.2024 година оствари нето добивка од работењето во износ од 35,4 милиони денари.
Нето приходите од премија за 2024 година изнесуваат 829 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2023 година за 1%, односно за 7 милиони денари. Гледано аналитички, причините за растот се:
- Раст на бруто премијата за 121 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата;
- Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 46 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата.
- Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2023 година, влијаеше негативно за 68 милиони денари.
Приходите од вложувања изнесуваат 49 милиони денари и се за 17% повисоки од 2023 година, генерално поради акумулирањето на средства со повисоки каматни стапки. 90% од овие приходи се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирани добивки при продажба на финансиските вложувања.
Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 88 милиони денари и се повисоки за 18 милиони денари, односно за 26% во однос на 2023 година, во согласност со растот на премија предадена во реосигурување.
Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се зголемени за 9% (1,4 милиони денари) поради реализирана добивка од 2,1 милиони денари од продажба на еден недвижен имот.
Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:
Нето расходите за штети се во износ од 445 милиони денари и се за 53 милиони денари
(13%) повисоки од минатата година. Гледано аналитички, причините за растот се:
- Раст на бруто ликвидираните штети за 87 милиони денари, што делуваше негативно на нето раходите за штети;
- Раст на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 22 милиони денари, што делуваше позитивна на нето расходите за штети;
- Промена во нето резервите за штети во споредба со 2023 година, влијаеше позитивно за 9 милиони денари.
Останатите технички резерви се за 13 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).
Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 28 милиони денари и се повисоки за 5 милиони денари во однос на минатата година, во согласност со зголемената премија. Најголем износ на попусти отпаѓа на осигурување на моторни возила (9,3 милиони
денари) и здравствено осигурување (9 милиони денари).
Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2024 година изнесуваат 373 милиони денари што претставува пад од 1% или 3 милиони денари во
однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за падот имаше
позицијата „трошоци за стекнување“ со пад од 16 милиони денари, генерално поради
позитивните движења во одложените трошоци за стекнување.
Трошоци од вложувања се минимални (износ од 0,4 милиони денари).
Останати осигурително технички трошоци се во износ од 40 милиони денари и ова претставува пад од 12% (5 милиони денари), а најголемо намалување има кај штетите за неосигурени возила од околу 1,8 милион МКД.
Вредносно усогласување на побарувањата е намалено за 3 милиони денари, за разлика од минатата година кога беше забележано намалување на исправката од 10 милиони денари. Кон намалување на исправката придонес имаше уплатата на субвенции за полиси во земјоделието од страна на Агенцијата за финансиска подршка.
Очекувања за претстојниот период
Друштвото очекува умерено макроекономско опкружување во текот на 2024 година, иако неизвесноста предизвикана од геополитичките случувања (руско-украинскиот конфликт, конфликтите во Средниот Исток) како и високото ниво на каматни стапки на глобално ниво, може негативно да влијаат на oчекувањата. И покрај тоа, Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето.
Планираната премија во 2024 година изнесува 1.611 милиони денари, односно раст од околу 4% во однос на 2023 година. Добивката исто така се очекува да се движи во нагорна линија и да достигне 51 милиони денари во 2024 година.
Друштвото ќе ги превземе сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и задачи во рамки на Планот за 2024 година и Стратегијата 2022-2025 година, а притоа ќе биде фокусирано пред сè на дополнителен развој на стратешките осигурителни производи, обезбедувајќи им на клиентите врвна, навремена и доверлива услуга.
Осигурување
ЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
Осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија го промени името во Алта Осигурување, по преземањето од страна на Давор Мацура, сопственик на српската финансиска групација Алта Груп, покажува известувањето објавено на Македонската берза.
Истовремено, седиштето на компанијата е преместено од Битола во Скопје.
Мацура во март годинава ги купи сите 60.000 акции на ЗОИЛ Македонија во блок-трансакција, за вкупно 104,9 милиони денари, односно околу 1,7 милиони евра.
По преземањето следуваше и докапитализација на осигурителната компанија во износ од 1,3 милиони евра, преку издавање 26.000 обични акции со номинална вредност од по 50 евра. Акциите целосно ги запишал и уплатил Мацура, со што вкупниот акционерски капитал на компанијата се зголеми на 4,3 милиони евра.
Според годишниот финансиски извештај, ЗОИЛ Македонија во 2025 година остварила нето-загуба по оданочување од 33,9 милиони денари, што е повеќе во споредба со загубата од 24,8 милиони денари една година претходно. Компанијата е основана во 2023 година.
Од Алта Груп претходно соопштија дека преземањето на осигурителната компанија е дел од стратегијата за регионално ширење и зајакнување на позицијата на групацијата на пазарот на финансиски услуги во Западен Балкан.
Со ова преземање, Алта Груп дополнително го проширува портфолиото на финансиски услуги, кое опфаќа банкарство, лизинг, електронски и платежни услуги, а сега и осигурување.
Алта Банка од Белград, која е дел од истата групација, минатата година стекна мнозински удел во Стопанска банка Битола, која подоцна беше преименувана во Алта Банка Битола.
Бизнис
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објави промена во менаџментот: Донесена одлука за отповикување член на Управниот одбор
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преку соопштение на Македонската берза извести за промена во составот на Управниот одбор на друштвото.
Согласно одлуката донесена од Надзорниот одбор на 24 јули 2026 година, г. Игор Доневски е отповикан од функцијата член на Управниот одбор на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Одлуката е донесена во рамки на законската обврска за известување за промени во органите на управување и раководење, согласно Законот за хартии од вредност.
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ е дел од финансиската групација ХАЛК, која преку своите активности на македонскиот пазар нуди услуги од областа на неживотно осигурување.
Фото: AI
Осигурување
Халк Осигурување со порака за Светскиот ден на грижата за себе: Осигурај се денес за посигурно утре
На 24 јули се одбележува Светскиот ден на грижата за себе, ден посветен на потсетувањето дека грижата за сопственото здравје, благосостојба и сигурност треба да биде дел од секојдневието.
По тој повод, од Халк Осигурување порачаа дека грижата за себе денес претставува инвестиција во тоа како ќе се чувствуваме утре.
„Осигурувањето е еден од начините да се грижиш за себе – преку одлуки што се однесуваат и на денес и на иднината“, наведуваат од компанијата во објава на социјалните мрежи.
Со пораката „Покажи си самољубов. Осигурај се“, од Халк Осигурување потсетуваат на значењето на навремената грижа и носењето одлуки кои придонесуваат за поголема лична сигурност.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ





