Наградни игри
ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! – Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

Дали сте подготвени за патување што долго ќе го паметите? Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваат големата наградна игра – „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на Vibe on пакетот за млади.
Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години, кои се корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe On. Лицата корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe on на Шпаркасе Банка, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД, добиваат шанса за учество во наградната игра. Колку повеќе трансакции во износ поголем или еднаков на 500 МКД, повеќе шанси за добивка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година каде што ќе се извлекуваат 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Берлин и уште 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден за својот партнер, другар, пријател или член на фамилија, кој ќе одлучи да го поведе на патувањето.
Подгответе ја Вашата платежна картичка Visa на Шпаркасе Банка и пакетот за млади Vibe on, почнете со купување и влезете во игра за Берлин или Амстердам.
Шпаркасе Банка ги поттикнува и ги охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Во наредниот период Шпаркасе Банка ќе спроведе нови проекти дизајнирани специјално за младите. Од врвни финансиски производи до креативни настани, финансиска едукација, ексклузивни можности, попусти и промоции. Банката е тука да ги поддржи младите на нивниот пат за подобра финансиска иднина.
За повеќе информации околу наградната игра, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, обратете се во Контакт центарот на 02/150-50 или во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.
Банки
Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Visa, ја започнува наградната игра „Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк“ – ексклузивна можност за еден добитник да отпатува во Будимпешта и да биде дел од уникатно искуство со Visa Cash App Formula 1 Racing Bulls тимот.
Наградната игра ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни 2025 година, а право на учество имаат сите физички лица кои во тој период ќе направат минимум пет трансакции со Visa дебитна или кредитна картичка издадена од Халкбанк, во вкупен износ од најмалку 10.000 денари. За учеството да биде валидно, потребно е и да се пополни електронската пријава за согласност, достапна на официјалната веб-страница на Банката.
Во извлекувањето што ќе се одржи на 25 јуни 2025 година ќе влезат сите пријавени учесници кои ги исполнуваат горенаведените услови и имаат активна Visa картичка на денот на извлекувањето. Само трансакциите направени во рамки на наградниот период и само пријавените корисници ќе бидат земени предвид при изборот на добитникот.
Со оваа иницијатива, Халкбанк и Visa нудат повеќе од награда – нудат вистинско доживување. Без дополнителен напор, без сложени процедури – само со секојдневно користење на Visa картичката, добивате шанса за незаборавно патување исполнето со адреналин, енергија и нови спомени, во еден од највозбудливите европски градови.
Деталите се на официјалната веб страница на банката, а ако ги исполнувате условите, вие сте веќе на половина пат до Будимпешта.
Банки
Стопанска банка АД – Скопје ги извлече првите 40 добитници од големата роденденска наградна игра со Mastercard

Стопанска банка АД – Скопје ги извлече првите 40 среќни добитници од големата роденденска игра во соработка со Mastercard и истите се објавени во денешното издание на дневниот весник „Нова Македонија“. Поради заштита на личните податоци, објавени се иницијалите на сите добитници, нивните ID броеви и градот/општината.
Добитниците ќе бидат контактирани телефонски преку Контакт центарот на Стопанска банка АД – Скопје.
Наградната игра продолжува до 28.02.2025 и притоа секоја трансакција направена со Mastercard картичките од Стопанска банка АД – Скопје ве носи на чекор поблиску до добивка.

Правилата се достапни на веб страницата на Стопанска банка АД – Скопје.
Банки
Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024

Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација на Халкбанк АД Скопје, која ќе трае до 4 јули.
Во наградната игра право на учество имаат сите физички лица на возраст од 18 до 24 години кои ќе станат корисници на пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), а со тоа ќе имаат подигнато VisaPayWave дебитна платежна картичка која е во рамките на пакетот. Право на учество имаат и постоечките корисници на студентскиот пакет на Халкбанк кои имаат активна Visa PayWave дебитна платежна картичка чиј пакет се преименува во пакет за млади.
Како потврда за учество во наградната игра ќе се смета пополнетата изјава за согласност за учество во наградната игра електронски пополнета на веб-страницата на банката. Во извлекувањето на 5 јули ќе бидат земени во предвид сите корисници на пакетот за млади, на возраст од 18 до навршени 24 години, кои имаат активна дебитна платежна картичка на денот на извлекувањето и кои дале согласност за учество во наградната игра.
Ќе бидат извлечени вкупно пет награди – ВИП пакети за EXIT искуство за двајца, со карти за EXIT, авионски превоз, хотелско сместување и VIP третман во рамки на фестивалот. Секој добитник на ВИП пакет со себе може да избере придружба од едно лице.
Пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) претставува посебен и иновативен банкарски
пакет кој нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на
возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско
банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна
членарина, со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во
земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа
иновативни услуги како GarminPay, SmartSend и SmartCash.
- Банкипред 1 недела
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти