Connect with us

Бизнис

Велика Британија ги продолжи олеснувањата од санкциите за „Лукоил“ и неговите компании во Бугарија

Објавено

на

Велика Британија ги продолжи лиценците што овозможуваат продолжување на деловните операции со „Лукоил Интернешнл“, австриската холдинг-компанија преку која рускиот нафтен гигант управува со своите средства во странство, како и со подружниците на „Лукоил“ во Бугарија.

Британската Канцеларија за спроведување финансиски санкции (OFSI) соопшти дека лиценцата за „Лукоил Интернешнл“, која требаше да истече на 25 август, е продолжена до 26 февруари 2027 година.

Истовремено, олеснувањето што се однесува на бугарските компании на „Лукоил“ е продолжено до 29 октомври 2026 година.

Лиценците дозволуваат плаќања и други трансакции со „Лукоил Интернешнл“ и неговите подружници, како и со бугарските компании на групацијата, под определени услови. Меѓу нив се единствената бугарска рафинерија „Лукоил Нефтохим Бургас“, малопродажната мрежа „Лукоил Бугарија“, „Лукоил Авијација Бугарија“ и компанијата за снабдување со бункерско гориво „Лукоил Бугарија Бункер“.

Велика Британија воведе санкции против „Лукоил“ во октомври поради руската војна во Украина.

Во Југоисточна Европа, „Лукоил“ ја поседува и рафинеријата „Петротел“ во Романија, како и мрежи на бензински пумпи во Романија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Северна Македонија, заедно со повеќе складишта за нафтени деривати во регионот.

Санкции против компанијата воведоа и Соединетите Американски Држави, но Вашингтон во меѓувреме ја одложи примената на дел од мерките. Во јули, американската Канцеларија за контрола на странски средства ја продолжи до 22 август лиценцата што им овозможува на потенцијалните купувачи да преговараат за преземање на странските средства на „Лукоил“.

Во јануари, „Лукоил“ соопшти дека се договорил најголем дел од своите средства во странство, чија вредност се проценува на околу 22 милијарди долари, да ги продаде на американската инвестициска компанија „Карлајл“. Оттогаш компанијата нема објавено нови информации за процесот.

Бизнис

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

Објавено

на

Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и испорачани вкупно 1.110 пакети вода, односно 10 тони питка вода.

Донацијата беше спроведена во две клучни фази, со цел да се опфатат сите категории на граѓани на кои оваа поддршка им беше неопходна:

  • 5 тони вода беа распределени директно во филијалите на Flex Credit во Гостивар, наменети за секојдневните потреби на вработените, нивните семејства, клиентите како и сите минувачи на кои им беше потребно освежување во текот на денот.
  • Останатите 5 тони вода беа насочени директно кон жителите на Гостивар и беа распределени преку посебно поставени пунктови на неколку фреквентни локации низ градот, овозможувајќи брза и брзо достапна поддршка за сите граѓани.

Оваа активност е дел континуираното вложување на Flex Credit во заедницата и безрезервна поддршка онаму каде што е најпотребно.

„Грижата за заедницата не е кампања, туку наша секојдневна обврска. Кога постои потреба од конкретна поддршка на терен, наша должност како општествено одговорна компанија е да бидеме присутни и да помогнеме. Се надеваме дека со овие 10 тони вода успеавме барем за момент да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани во Гостивар,“ изјавија од раководството на Flex Credit.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте Македонија за само четири дена запиша 3 милиони евра преку првата корпоративна обврзница

Објавено

на

Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, при што за само четири дена биле запишани три милиони евра, соопшти компанијата.

Од Иуте Македонија оценуваат дека интересот од инвеститорите претставува потврда за довербата во бизнис-моделот на компанијата, нејзините финансиски резултати, иновативноста и технолошката основа.

Емисијата на корпоративната обврзница, според компанијата, претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на финансирање и поставување нов репер за корпоративното финансирање на домашниот пазар.

Од Иуте посочуваат дека успешната реализација на емисијата истовремено претставува и позитивен сигнал за развојот на македонскиот пазар на капитал и за можностите домашните компании да обезбедуваат средства преку алтернативни извори на финансирање.

Станува збор за прва корпоративна обврзница на Иуте Македонија на домашниот пазар, а компанијата го истакнува брзиот интерес на инвеститорите како еден од клучните показатели за успешноста на емисијата.

Продолжи со читање

Бизнис

Компаниите за вештачка интелигенција ветуваат помалку работа, а вработените работат и по 90 часа неделно

Објавено

на

Компаниите што вложуваат стотици милијарди долари во развојот на вештачката интелигенција со години тврдат дека новата технологија ќе им овозможи на луѓето да работат помалку. Но, анализата на Би-би-си покажува сосема поинаква слика во самите АИ компании, каде дел од вработените работат и до 90 часа неделно.

Уште пред четири години директор за инженерство во Google прогнозираше дека вештачката интелигенција ќе овозможи четиридневна работна недела до 2025 година. И OpenAI годинава ги повика компаниите да почнат да тестираат четиридневна работна недела без намалување на платите, со образложение дека АИ наскоро ќе може значително да ја зголеми продуктивноста.

Сепак, поранешен технички вработен во OpenAI за Би-би-си изјавил дека самата компанија никогаш не тестирала четиридневна работна недела. Тој ја опишал работната култура како исцрпувачка, со чести кризни состаноци, работа за време на викендите и строги оценки на работниот учинок.

Според неговото сведоштво, вработените неретко доаѓале на работа и во сабота или недела за да ги завршат заостанатите обврски или да проверат дали се појавиле проблеми.

Слични пораки за влијанието на вештачката интелигенција испраќаат и други технолошки компании. Anthropic, на пример, истакнува дека неговиот АИ алат Claude може самостојно да работи околу седум часа без пауза, додека Марк Закерберг повеќепати зборуваше за тоа дека АИ драматично го менува начинот на работа и им овозможува на помал број луѓе да постигнат повеќе.

Но, според сегашни и поранешни вработени, токму луѓето што ги развиваат овие алатки често работат значително повеќе од вообичаените 40 часа неделно.

Во Meta, дел од вработените годинава биле ненадејно префрлани во тимови што работат на итни проекти поврзани со вештачката интелигенција. Еден сегашен и еден поранешен вработен рекле дека меѓу себе тоа го нарекувале „регрутација“, бидејќи практично немале можност да го одбијат префрлањето.

Работното време во овие тимови, според нивните сведоштва, често траело до доцна во ноќта и за време на викендите, а дел од вработените имале чувство дека се постојано достапни и надвор од официјалното работно време.

Така, додека технолошките гиганти ја претставуваат вештачката интелигенција како алатка што треба да донесе поголема продуктивност и пократко работно време, сведоштвата од нивните редови укажуваат дека трката за развој на АИ засега создава и силен притисок врз дел од вработените.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange