Банки
ProYOUng – Со бесплатниот пакет за млади на ПроКредит банка добиј 6-месечна претплата на Spotify Premium
ПроКредит Банка го лансираше новиот бесплатен банкарски пакет за млади, ProYOUng, кој во промотивниот период нуди единствена можност на пазарот што вклучува 6-месечна претплата на најпознатата музичка платформа во светот.
Пакетот е дизајниран за динамични и прогресивни млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, нуди уникатни поволности со фокус на модерните навики на младите и претставува единствена можност за нив да го искусат најдоброто од дигиталното банкарско работење и да уживаат во бесплатна музика цело лето.
Освен бесплатна мобилна апликација и е-банкарство, дебитната картичка Mastercard и 6 месечниот бесплатенпристап до премиум услугите на најпопуларната музичка платформа во светот, корисниците на ProYOUng пакетот ќе уживаат и во други бројни бенефити на пакетот, како бесплатни повлекувања на денари на банкомати на сите банки во земјата, бесплатни плаќања кон сите банки, бесплатни уплати и исплати во денари и евра на банкомати на ПроКредит Банка во Зони 24/7, како и Flexsave штедна сметка за флексибилно менаџирање на заштедите во секое време.
Од ПроКредит најавуваат дека под слоганот #BankLikeAPro ќе следуваат бројни едукативни иницијативи кои ќе го редефинираат начинот на кој младите пристапуваат кон банкарството и генерално, кон управувањето со личните финансии.
Аплицирај за бесплатниот пакет за млади на ПроКредит банка, остани секогаш онлајн со твојата банка, раководи лесно и брзо со твоите средства каде и да си и добиј 6-месечна претплата на Spotify Premium! Сите информации за бесплатниот ProYOUng пакет се достапни на веб страницата на банката.
Промоцијата трае од 15.05.2024 до завршување на количините. Бројот на гратис претплати на музичката платформа е ограничен.
Банки
HalkEZ пакетот на Халкбанк носи повеќе поволности и дигитални можности за младите
Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци.
Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство.
Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите финансии преку дигиталните канали на банката.
Од Халкбанк посочуваат дека пакетот е креиран според потребите и навиките на младите, со цел банкарските услуги да им бидат подостапни и секогаш при рака.

Повеќе информации за пакетот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари
Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.
Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.
„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.
Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.
Банки
Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат
Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.
Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.
Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници





