Connect with us
no baners

Банки

Стопанска банка ги поттикнува учениците со одличен успех да штедат преку „Пчелка депозит“

Објавено

на

Со почетокот на летниот распуст, Стопанска банка ги повика учениците и нивните родители да го искористат периодот за одмор, но и за создавање навики за штедење.

Од банката порачуваат дека свидетелствата исполнети со петки се добра можност за дополнување на „Пчелка депозитот“, штеден производ наменет за најмладите.

„Распустот е идеално време за освежување и полнење на батериите. А свидетелствата полни петки се добра прилика да го наполните и Пчелка депозитот“, велат од Стопанска банка.

Преку овој производ, банката има за цел да ги поттикне децата и младите уште од најрана возраст да развиваат навики за штедење и одговорно управување со финансиските средства.

Банки

Комерцијална банка одликувана со награда „Добри соседи“ како признание за нејзината општествена одговорност

Објавено

на

Континуираната посветеност кон општествено одговорно делување и поддршката на повисоките општествени цели, на Комерцијална банка ѝ ја донесе наградата „Добри соседи“ од Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерство за економија и труд на РСМ.

Континуираната посветеност кон општествено одговорно делување и поддршката на повисоките општествени цели, на Комерцијална банка ѝ ја донесе наградата „Добри соседи“ од Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерство за економија и труд на РСМ.

Признанието е доделено како резултат на бројните проекти на Банката за поддршка на јавното здравство, за подобра грижа и развој на децата, како и хуманитарните донации во најтешките моменти за општеството. Водејќи се од мотото „Полесно е заедно“ и од јасната стратегија за долгорочна поддршка на заедницата, меѓу најважните проекти кои изминатиот период се реализираа со донација од Комерцијална банка беа реновирањето на Одделот за ревматологија и кардиологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, изградбата на нов Ургентен интернистички центар во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето ново амбулантно возило за Општата болница во Кочани, изградбата на нова градинка „Верверичка“ во Општина Кисела Вода и на новиот ски-центар во детското одморалиште Михајлово.

Комерцијална банка е инсистуција која стои зад заедницата и во најкритичните моменти. За време на Ковид пандемијата Банката го поддржа јавното здравство со значителни финансиски донации, а се јави и како најголем поединечен донатор за настраданите лица во трагедијата во Кочани, за што беа донирани 30 милиони денари на Фондацијата „Заедно за едно”.

Преку реализацијата на овие проекти, Банката демонстрира јасна визија, посветеност и силна определба за создавање подобро и посолидарно општество. Како водечка банкарска институција во земјата, Комерцијална банка гради долгорочни односи со заедницата и инвестира во области што создаваат стабилна, здрава и одржлива средина, што, пак, е предуслов за развој на секоја економија и општество.

Корпоративната одговорност е интегрирана во деловната стратегија на Комерцијална банка и е одраз на нејзиниот идентитет граден во изминатите 70 години, а оваа награда, која е признание за досегашниот придонес во општеството, претставува и силна мотивација да продолжиме да бидеме добар сосед, предводник на одржливиот развој и со уште поголема посветеност да инвестираме во проекти што носат долгорочна вредност за заедницата.

Фото: Томислав Георгиев

Продолжи со читање

Банки

Славески од Шангај: Централните банки мора да останат фокусирани на ценовната стабилност

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите „Трасирање на идниот развој“, одржана во рамки на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“ во Шангај.

Настанот беше организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, а на него се дискутираше за предизвиците со кои се соочува глобалната економија и улогата на централните банки во услови на зголемена неизвесност.

Во своето обраќање, Славески истакна дека централните банки во последните години се соочуваат со серија сериозни предизвици, меѓу кои последиците од пандемијата, геополитичките конфликти, нарушувањата во синџирите на снабдување, како и растот на цените на енергијата и суровините.

„Искуството од последните години потврди дека централните банки и натаму мора да бидат посветени пред сѐ на зачувувањето на ценовната стабилност, дури и кога инфлацијата е поттикната од надворешни фактори, како што се енергетските шокови. Одложените или недоволните реакции може да предизвикаат многу поголеми економски и социјални трошоци“, нагласи гувернерот Славески.

Тој посочи дека во услови на глобална финансиска неизвесност, навремените и соодветни политики остануваат клучни за одржување на макроекономската стабилност и довербата во финансискиот систем.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Исплатена паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2026 година.

Од банката соопштуваат дека корисниците на парична помош од социјална и детска заштита можат да ги подигнат средствата во секое време преку банкоматите на НЛБ Банка.

Воедно, од банката ги потсетуваат клиентите дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во трговската мрежа, како и преку услугите за електронско и мобилно банкарство.

НЛБ Банка апелира до корисниците да ги искористат достапните дигитални канали за побрзо и поедноставно управување со средствата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange