Connect with us

Бизнис

„Иуте Македонија“ нуди до 50 отсто попуст на трошоците за рефинансирање

Објавено

на

„Иуте Македонија“ воведе понуда за рефинансирање на постојните финансиски обврски, со можност за попуст до 50 отсто на вкупните трошоци.

Со рефинансирањето, корисниците можат да ги обединат повеќето постојни обврски во една месечна рата, со цел полесна контрола и планирање на личниот буџет.

Од компанијата посочуваат дека постапката за аплицирање е брза и едноставна, а барањето може да се поднесе преку интернет-страницата iute.mk или преку апликацијата Myiute.

За деталите, условите и висината на попустот, заинтересираните корисници треба да се информираат директно кај компанијата.

Бизнис

Нови цени на горивата: Дизелот поскап за 2,50 денари, бензините за еден денар

Објавено

на

Од денеска стапија во сила новите, повисоки малопродажни цени на горивата, согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Просечното зголемување на цените на нафтените деривати изнесува 1,47 проценти, а најголема промена има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 2,50 денари и се продава по цена од 82,50 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е поскап за еден денар и чини 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 87,50 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари, па новата цена изнесува 81,50 денари за литар.

Намалување е забележано единствено кај мазутот М-1 НС. Неговата цена е пониска за 0,265 денари и сега изнесува 41,230 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека корекцијата е последица на движењето на референтните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло на светските берзи, како и на промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Продолжи со читање

Бизнис

Дизелот поскапува за 5,50 денари, нови цени на горивата од полноќ

Објавено

на

Цената на дизелот од полноќ се зголемува за 5,50 денари за литар, додека бензините ќе поскапат за 1,50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 88 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 87 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за 4,50 денари и ќе изнесува 86 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 0,938 денари за килограм, со што неговата нова цена ќе биде 42,168 денари.

Продолжи со читање

Бизнис

Германскиот „Хелсинг“ вреди 18 милијарди долари по новата инвестициска рунда

Објавено

на

Германскиот одбранбен стартап „Хелсинг“ обезбеди 1,8 милијарди долари во нова инвестициска рунда, со што вредноста на компанијата достигна 18 милијарди долари.

Во финансирањето учествувале нови и постојни инвеститори, меѓу кои „Џеј Пи Морган Чејс“, „Лајтспид венчр партнерс“ и „Ајконик“. Од компанијата соопштија дека интересот на инвеститорите бил значително поголем од достапната сума за вложување.

„Хелсинг“, чие седиште е во Минхен, развива дронови, подводни системи за надзор, вооружени системи и софтвер заснован на вештачка интелигенција за воена примена. Дел од неговите системи, меѓу кои и дроновите HX-2, се испорачуваат на украинската армија.

Новите средства треба да го забрзаат развојот и интеграцијата на платформите на компанијата во одбранбените капацитети на партнерските држави.

Инвестициската рунда доаѓа во период кога Европа настојува да ги зајакне сопствените одбранбени и технолошки капацитети и да ја намали зависноста од американската технологија.

Војната во Украина ја зголеми побарувачката за дронови, автономни системи, електронско војување и софтвер со вештачка интелигенција. Поради тоа, одбранбените стартапи стануваат сè попривлечни за приватните инвеститори.

Од „Хелсинг“ нагласуваат дека компанијата и натаму останува во мнозинска европска сопственост и дека има цел да стане една од водечките технолошки платформи за новата генерација европска одбрана.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange