Бизнис
Објавени резултатите од работењето во првиот квартал: Растот на групацијата Иуте поттикнат од дигитализација и оперативна ефикасност
„Iute Group“, дигитална банкарска групација која работи во Југоисточна Европа, во првиот квартал од 2026 година ги зголеми вкупните приходи за 13% на годишно ниво, достигнувајќи 32,5 милиони евра и нето добивка од 2,6 милиони евра.
Учеството на новите бизнис линии на „Iute Group“ продолжи да расте и во текот на овој квартал. Приходите од посредување во осигурување пораснаа за 71,4% на годишно ниво и учествуваа со 5,6% во вкупните приходи на групацијата.
„Првиот квартал од годината беше уште еден стратешки значаен квартал за групацијата. Успешно продолживме да ја балансираме профитабилноста со инвестиции во технологија, автоматизација и географска експанзија, истовремено дополнително зајакнувајќи ги клучните двигатели на долгорочниот раст на Иуте. Растот на приходите, подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио и зголемената оперативна ефикасност јасно потврдуваат дека нашата стратегија носи мерливи и одржливи резултати. Во исто време, продолживме да ги поставуваме темелите за скалабилни дигитални банкарски услуги и понатамошен развој на еко-системот на MyIute SuperApp на сите наши пазари“, изјави Тармо Силд, Извршен директор на „Iute Group“.

„Во првиот квартал од 2026 година, Иуте Македонија продолжи со динамичен раст од 60% на високо квалитетно кредитно портфолио, додека вкупната билансна актива порасна за 51,6% на годишно ниво, проследено со стабилна профитабилност од 1,4 милиони евра и дополнително подобрување на оперативната ефикасност. На споредлива основа, односно исклучувајќи го еднократниот приход од повратот на данокот за солидарност првиот квартал минатата година, вкупните приходи пораснаа за 36% на годишно ниво што ја одразува силната оперативна динамика и растот. Ова е поддржано од дигитална активација на клиентите и континуирано проширување на MyIute еко-системот со паметни и достапни услуги кои ги поврзуваат секојдневните финансиски и животни потреби на клиентите во едно интегрирано дигитално искуство. Услугите како „Второ медицинско мислење“ се пример за нашата стратегија за развој на финтек екосистем кој оди надвор од традиционалните финансиски услуги, комбинирајќи финансии, технологија и услуги со додадена вредност во едноставна, брза и кориснички ориентирана дигитална платформа“, изјави Нина Мојсова Ќосева, Финансиски директор на Иуте Македонија.
Мобилната апликација „Myiyte“ до овој момент има над 1,75 милиони преземања, дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Иуте како дигитална банка базирана на супер-апликација за секојдневните финансиски потреби и сè повеќе клиенти користат различни услуги во рамки на еден еко-систем, како силна основа за долгорочен и одржлив раст.
Групацијата продолжи и со забрзување на процесите на дигитализација и автоматизација. Во текот на кварталот, компанијата ги имплементираше првите AI продажни асистенти во Албанија за поддршка на понудите за кредити и осигурување. Денес, 70% од пост-продажните понуди се генерираат автоматски без човечка интервенција, додека уделот на целосно автоматизирани кредити достигна 35,9%.
Заклучно со крајот на март 2026 година, Иуте имаше 247,383 активни клиенти. Повеќе од 101 илјада клиенти користеле платежни услуги, додека речиси 58,5 илјади клиенти имале најмалку една активна полиса за осигурување.
Во текот на првиот квартал, Националната банка на Украина даде официјална дозвола за започнување со работа на IuteBank. Компанијата се подготвува за лансирање на целосно дигитална банка за физички лица во Украина во првиот квартал од 2027 година.
Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.
ПР објава
Бизнис
NLB Lease&Go со флексибилни лизинг решенија за различни модели на возила
NLB Lease&Go им нуди на клиентите можности за избор и финансирање различни модели на возила, од градски автомобили до модели погодни за подолги патувања.
Компанијата промовира флексибилни лизинг решенија, со можност клиентите да изберат возило според своите потреби, стил и планови.
Од NLB Lease&Go посочуваат дека постапката е едноставна и брза, а достапни се различни можности за финансирање.

Повеќе информации за понудата и условите се достапни на официјалната веб-страница на NLB Lease&Go.
Бизнис
Во Скопје денеска конференција посветена на новата генерација Еврокодови
Во Стопанската комора денеска ќе се одржи Националната конференција за Еврокодови 2.0, под наслов „Од стандардизација до национална имплементација“.
Настанот ќе биде посветен на активностите и следните чекори за воведување на втората генерација европски стандарди за проектирање и градба во земјава.
Како дел од конференцијата е предвидено и потпишување Национална иницијатива за имплементација на Еврокодовите 2.0 за периодот 2027–2030 година.
Потписници на иницијативата ќе бидат претставници на Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Институтот за стандардизација, Градежниот факултет – Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како и Здружението за градежништво при Стопанската комора.
Конференцијата треба да придонесе кон координиран пристап меѓу институциите, стручната јавност и градежниот сектор во процесот на примената на новата генерација европски стандарди.
Бизнис
Успешно заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза
Вчера заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза, која во текот на два конференциски дена обедини повеќе од 250 учесници од финансискиот сектор.
На настанот учествуваа 27 говорници и панелисти од шест држави, а програмата опфати осум специјални презентации, три дискусии и дебати, како и две интервјуа на бина.
Во фокусот беа актуелни теми поврзани со развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативните извори на финансирање, банкарството, инвестирањето, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии.
Годишната конференција на Македонска берза веќе 25 години претставува една од позначајните платформи за размена на знаења, искуства и идеи, како и за поврзување на претставници од финансискиот сектор во земјава и регионот.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





