Connect with us
no baners

Банки

Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон ЕУ и пристап до Единствениот европски пазар“, којашто се одржа во рамки на конференцијата „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на континуиран слаб економски раст на еврозоната“, во Бечиќи, Црна Гора. Настанот го организираа Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Централната банка на Црна Гора.

Во своето излагање, вицегувернерката Нацевска нагласи дека пристапувањето на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), претставува стратешки чекор кон економска и финансиска конвергенција со Европската Унија, со значајни импликации за конкурентноста, финансиската вклученост и модернизацијата на домашниот финансиски систем.

„СЕПА не го менува само начинот на кој се вршат плаќањата – таа го менува и прашањето кој ги врши, и под кои услови. Тоа го отвора патот за влез на нови учесници, вклучително и финтек компании, што може суштински да ги променат очекувањата на корисниците и да ја засилат конкуренцијата“, истакна Нацевска.

Таа посочи дека оваа трансформација е резултат на усогласената домашна со европската регулатива, што создава фер и транспарентна основа за делување на банките и финтек компаниите. Во вакво отворено и конкурентно окружување, банките ќе бидат мотивирани да инвестираат во инфраструктура, безбедност, дигитални канали и иновации – што, според Нацевска, е суштинска основа за зголемување на отпорноста и релевантноста на банкарскиот систем во дигиталната ера.

На панелот беше истакната и улогата на СЕПА како механизам за надминување на ограничувањата од традиционалните кореспондентски релации, со што се овозможува побрзо и поевтино извршување на прекугранични плаќања во евра, особено значајно за дијаспората и малите компании.

„Полноправното учество на сите банки – и големи и мали – во СЕПА екосистемот е од суштинско значење за вистинска конвергенција. Затоа е важно да се обезбеди директен пристап за централните банки од земјите од Западен Балкан до платежната инфраструктура на Евросистемот, како TIPS и T2“, рече Нацевска, додавајќи дека токму тука регионалната соработка може да даде дополнителен импулс.

Во заклучок, вицегувернерката подвлече дека СЕПА не треба да се гледа само како техничка или регулаторна интеграција, туку како реален мотор за забрзување на европската конвергенција на Западен Балкан – преку иновации, конкурентност, подобра услуга за граѓаните и компаниите и силна дигитална трансформација.

no baners

Банки

Голема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација

Објавено

на

Во НЛБ, бројките отсекогаш имале особено значење. Сепак, ние препознаваме дека она што навистина е важно се приказните што стојат зад нив и позитивните промени кои тие ги носат во животите на луѓето. Силно уверени дека свет полн со добрина е свет полн со можности, јубилејната 2025 година ја заокружуваме со голема празнична кампања проследена со донација, како дел од големата регионална иницијатива на НЛБ Групацијата.

Празничната кампања на НЛБ ја слави надежта, духот на дарувањето и споделувањето радост. И додека размислуваме за значењето на бројките, остануваме цврсто на нашето верување дека нивната најголема вредност лежи во позитивните приказни кои тие ги создаваат.

Оваа празнична сезона, за потребите на одделот родилна сала при Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, НЛБ Банка ќе донира медицински апарат за затоплување на новороденчиња, кој има за цел да обезбеди контролирана и топла микро средина околу новороденчето. Неговата примена е од особена важност во неонатологијата, помагајќи им на предвремено родените бебиња и оние со здравствени потешкотии во регулација на телесната температура.

Оваа донација е дел од регионалната иницијатива на НЛБ Групацијата, во рамките на која, сите членки на Групацијата донираат на пазарите на кои се присутни. Грижата за децата е основа на просперитетно и надежно општество. Токму затоа сите донации на Групацијата се посветени на децата, новите генерации кои ќе ја обликуваат утрешнината и иднината на нашиот регион што го нарекуваме дом.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка е добитник на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година

Објавено

на

Комерцијална банка е добитник на уште едно значајно признание – „Македонски квалитет“ за 2025 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија, под покровителство на Претседателката на државата, Гордана Сиљановска–Давкова.

Признанието „Македонски квалитет“ е награда за компаниите кои со своето работење даваат силен и континуиран придонес за развојот на македонската економија, истовремено афирмирајќи го македонскиот квалитет на домашниот и на меѓународниот пазар. Ова признание претставува потврда за стабилноста, одговорноста и долгорочната посветеност кон вредностите што создаваат доверба и одржлив напредок.

Во изминатите 70 години, Комерцијална банка како доминантно македонска банка е еден од клучните столбови на финансискиот систем во земјата, обезбедувајќи значајна финансиска поддршка за македонската економија, за компаниите и за граѓаните. Преку стабилно, етичко и иновативно работење, Банката континуирано придонесува за економски раст, финансиска сигурност и унапредување на квалитетот на живот.

Покрај својата основна дејност, Комерцијална банка има и силна и препознатлива улога како општествено одговорна институција. Преку својата корпоративна филантропија и поддршката на бројни проекти од областа на образованието, здравството, културата, спортот и социјалната инклузија, Банката дава значаен придонес за подобрување на состојбите во општеството и создавање предуслови за поголем и одржлив напредок.

„Ова признание е уште една потврда дека вредностите врз кои ја градиме Комерцијална банка, а тоа се доверба, стабилност, одговорност и долгорочна визија, се препознаени од пошироката јавност и од стопанството. За нас ,Македонски квалитет’ не е само награда, туку и поттик да продолжиме со одговорно и континуирано вложување во економијата, во довербата на нашите клиенти и во заедницата во која живееме и работиме“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Како институција што седум децении е активен дел од македонското стопанство, Комерцијална банка верува дека афирмацијата на македонскиот квалитет е инвестиција во довербата, конкурентноста и во иднината на целата бизнис заедница, како и вредност што нè поврзува и нè движи напред.

Продолжи со читање

Банки

Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е зачувана

Објавено

на

Финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем и натаму покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Овие оцени беа дадени на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, одржана во Народната банка, на која присуствуваа Трајко Славески, гувернер на Народната банка, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Бујаре Абази, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Ремзи Бајрами, претседател на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Ели Дракуловска, претседателка на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Макроекономскиот амбиент е поповолен, но и натаму е неизвесен. Трговската неизвесност, геополитичките тензии, нарушувањата во синџирите на снабдување и непредвидливоста во политиките создаваат зголемени ризици за светската економија, а посредно и за домашната економија. Како мала и отворена економија, земјава е чувствителна на надворешни шокови. Сепак, ефектите од овие ризици засега се оценуваат како ограничени, а отпорноста на финансискиот систем на шокови е значително зајакната.

Во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор ја задржа стабилноста и непречено го извршуваше финансиското посредување. Банките работеа во постабилен амбиент, но и натаму имаше неизвесност поврзана со трговските бариери и светските политики. Во овој период е забележана поголема кредитна и депозитна активност, проследено со натамошно намалување на евроизираноста на билансите на банките.

„Банкарскиот сектор располага со солидна солвентност, којашто достигнува највисоки нивоа од 2006 година, како и со задоволителна ликвидност. Квалитетот на кредитното портфолио и натаму е солиден, при што нефункционалните кредити се намалени на историски најниските 2,3%, а не се очекува влошување на портфолиото од реструктурирани и пролонгирани кредити, коишто се мали по обем и уште се намалуваат. Профитабилноста на банките сѐ уште е добра и претставува значаен извор за натамошно зголемување на нивниот капитал, иако е благо пониска во однос на претходниот период. Макропрудентните мерки на Народната банка и натаму имаат значителен придонес за јакнењето на солвентноста и отпорноста на банкарскиот сектор на потенцијални шокови“посочи гувернерот д-р Трајко Славески.

„Одржувањето на стабилноста на финансискиот систем во целина е особено значаен за остварување на економските политики што ги спроведува Владата и Министерството за финансии. За таа цел, се преземаат мерки и активности за подобрување на законската регулатива, вклучително и за финансиските друштва и друштвата за лизинг со цел да се олесни пристапот за финансирање и заштита на потрошувачите“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Комисијата за хартии од вредност постојано го зајакнува регулаторниот и надзорниот пристап кон пазарот на капитал, каде што вкупната пазарна капитализација на акциите и обврзниците на 30.11.2025 година изнесуваше 378,5  милијарди денари, а индексот МБИ-10 бележи раст од речиси 12% на годишно ниво. Истовремено, нето-вредноста на средствата на инвестициските фондови на 30.11.2025  година достигна 28,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 47% во однос на минатата година. Во услови на зголемена дигитална зависност на финансиските институции, Комисијата за хартии од вредност и во иднина ќе биде посветена на унапредување на дигиталната отпорност на критичната пазарна инфраструктура, како предуслов за долгорочен интегритет и напредок на пазарот на капитал и на финансискиот систем во целина“, истакна претседателката на КХВ, м-р Бујаре Абази.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ‒ МАПАС, Ремзи Бајрами, истакна дека во услови на зголемена неизвесност на светските финансиски пазари и постепена нормализација на монетарните политики, капитално финансираното пензиско осигурување и натаму има значајна улога во зачувувањето на финансиската стабилност преку долгорочно и претпазливо инвестирање, претежна изложеност во домашни државни хартии од вредност и соодветна географска и секторска диверзификација. Истовремено, надлежните институции преку координиран надзор и размена на информации внимателно ги следат ризиците поврзани со движењата на каматните стапки, инфлацијата и ликвидноста, заради навремено ублажување на потенцијалните системски ризици. Оттука, се работи на воведување на концептот на мултифондови, како структурна реформа што ќе овозможи поусогласено управување со инвестициските ризици според животниот циклус на членовите, зголемување на долгорочните приноси и дополнително зајакнување на отпорноста и стабилноста на пензискиот систем.

Во своето излагање, Дракуловска, претседателка на Советот на експерти на АСО, заклучи дека осигурителниот пазар во сегментите неживот и живот во 2025 година го обезбедува континуитетот на растот. За првите девет месеци годинава, вложувањата во осигурувањето достигнале ниво од  13,80 милијарди денари (223,77 милиони евра), што претставува зголемување од 13,3 отсто во споредба истиот период од 2024 година. Во истиот период друштвата за осигурување исплатиле бруто-износ на штети од 4,82 милијарди денари, што во споредба со истиот период лани претставува зголемување од  11,4%. Во делот на легислативата и приближувањето кон стандардите на ЕУ, Дракуловска рече дека АСО и Министерството за финансии ќе ги завршат активностите поврзани со изготвувањето на новиот Закон за осигурувањето. Воедно, АСО започна со подготовката за спроведување на светскиот стандард за финансиско известување МСФИ 17. Во делот на супервизијата, АСО ќе се стави поголем акцент на зајакнувањето на супервизорските капацитети и постепено воведување супервизија заснована на ризиците.

Комитетот ја нагласи потребата од натамошно внимателно следење и претпазливо управување со ризиците од страна на финансиските институции, како и при водењето на економските и финансиските политики, како поддршка за одржувањето на финансиската стабилност и во наредниот период.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange