Connect with us
no baners

Банки

Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на Македонскиот народен театар

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје и Македонски народен театар потпишаа договор за годишно покровителство, со што банката стана главен партнер на една од најзначајните културни институции во земјата.

Соработката предвидува директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, но и реализација на низа заеднички иницијативи преку кои ќе се овозможи дополнителна промоција и поголема видливост на театарските претстави и програмата на театарот. Преку ова партнерство, двете институции имаат за цел да придонесат кон збогатување на културната понуда и доближување на театарската уметност до пошироката публика.

Како општествено одговорна компанија, Халкбанк континуирано вложува во развојот на заедницата, поддржувајќи проекти и иницијативи во повеќе области, како што се спортот, децата и младите, инклузивноста, поддршката на ранливи категории, заштитата на животната средина, како и културата. Банката во изминатиот период стои зад бројни културни проекти и настани, вклучително и концерти и уметнички иницијативи реализирани под нејзино покровителство или со нејзина поддршка, со што активно придонесува за развојот на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз во земјата.

Соред главниот извршен диектор на Халкбанк, Фатих Шахбаз, културата претставува темел на идентитетот и духовниот развој на едно општество, а институции како Македонскиот народен театар имаат клучна улога во зачувувањето на традицијата, но и во создавањето современи уметнички вредности. Како национален театар со долгогодишна традиција и значајно влијание, Македонскиот народен театар е двигател на културниот живот и простор каде се негуваат врвни театарски остварувања.

За нас претставува особена чест што од денес сме главен партнер на МНТ, институција која има огромно значење за културниот развој на државата. Веруваме дека инвестицијата во културата е инвестиција во иднината на општеството. Преку ова партнерство, сакаме да придонесеме кон поголема достапност на културните содржини и да ја поттикнеме публиката, особено младите, да бидат дел од театарската магија, истакна Шахбаз.

Генералниот директор на Македонскиот народен театар Никола Кимовски истакна дека поддршката од Халкбанк претставува значаен поттик за работата на МНТ и за понатамошниот развој на театарот.

“Со заеднички сили ќе продолжиме да ја негуваме театарската уметност и со оваа поддршка продолжуваме да креираме добра, чесна и инспиративна уметност. Кога бизнис секторот одлучува да стане мецена на театарот, тој не само што инвестира во проекти, туку вложува во оплеменување на духовното во нашето општество, поттикнувајќи ја креативноста, вредностите и уметничката чувственост кај сите нас. Поддршката од бизнис секторот, како што е оваа, е клучна за развојот на културата. Таа не само што допринесува стабилност и реализација на уметничките проекти, туку ја поттикнува свеста и кај другите компании и поединци да ја препознаат важноста во вложувањето во уметноста и да започнат да донираат и поддржуваат културни иницијативи“, изјави Никола Кимовски.

Со оваа соработка, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата посветеност на поддршката на културата и уметноста, градејќи партнерства кои оставаат долгорочно позитивно влијание врз заедницата.

Банки

Тимот на Стопанска банка со повеќе награди на Бофосијада 2026 во Србија

Објавено

на

Тимот на Стопанска банка АД – Скопје оствари успешен настап на традиционалната, 24-та Бофосијада 2026, која се одржа во Република Србија, во конкуренција на банки од Балканот.

Претставниците на банката се вратија со повеќе спортски достигнувања, потврдувајќи ја добрата подготовка, тимскиот дух и натпреварувачката енергија.

Стопанска банка освои прво место во стрелаштво и пинг-понг во тимска категорија жени. Во индивидуална конкуренција, Беата Дорота Велјановска го освои првото место во стрелаштво, додека Петар Велинов беше најдобар во дисциплината тројки.

Машкиот тим на банката го освои второто место во одбојка и баскет 3×3, а беа забележани и четврти места во шах, куглање и стрелаштво во тимска категорија мажи. Слаѓана Глигоровска Арсески го освои четвртото место во стрелаштво во индивидуална конкуренција.

Покрај спортските резултати, Стопанска банка доби и признанија за сплотеност, поддршка и колегијалност. Синдикатот на Стопанска банка беше награден со пехар за сплотеност и учество, а Христина Тодоровска доби пехар за помагање и поттик на тимот.

Од банката порачаа дека спортот е одличен начин за зајакнување на тимскиот дух и честитаа на сите колеги кои учествуваа на турнирот.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка: Apple Pay овозможува безбедно плаќање со СТБ картичките

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека Apple Pay е безбеден начин за плаќање со СТБ картичките, со само еден допир или поглед, онлајн и во апликација.

Од банката посочуваат дека со користењето на Apple Pay се избегнува внесување на лични информации при плаќање, вклучувајќи го бројот на картичката или безбедносниот код.

Услугата е наменета за побрзо и поедноставно плаќање, со дополнителна заштита на податоците на корисниците.

Продолжи со читање

Банки

Со картичките на АЛТА Банка 20 отсто попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore

Објавено

на

Корисниците на платежните картички на АЛТА Банка (СТББТ) можат да остварат 20 отсто попуст во рестораните SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore.

Од банката информираат дека понудата е дел од програмата за поволности наменета за клиентите кои плаќаат со нивните картички, овозможувајќи им заштеда при користење на угостителските услуги во овие ресторани.

„Резервирајте вечера во добра атмосфера и уживајте во одлична заштеда. Со платежните картички на ALTA Банка (СТББТ), добивате 20% попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore“, соопштија од банката.

Од АЛТА Банка додаваат дека секое уживање е уште подобро кога е проследено со дополнителна заштеда за клиентите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange