Connect with us

Банки

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено

на

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

Вицегувернерката Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка. „Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Банки

Шпаркасе Банка инвестира во развојот на својот највреден ресурс – вработените: Тренинг за лидерство и раст

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да инвестира во својот највреден ресурс – вработените!

Банката успешно ја организираше дводневната тренинг-работилница „Unlocking Change Mindset for Growth“, наменета за менаџери и лидери, која беше спроведена во соработка со Сашо Трипуновски и Best Solutions.

Тренингот беше фокусиран на принципот „Less effort for higher impact“, а учесниците имаа можност да истражуваат клучни аспекти како:

  • Создавање здрава корпоративна култура
  • Донесување стратешки бизнис одлуки преку поставување на вистинските прашања
  • Фокус и развој на тимови во време на динамични промени
  • Акциски планови за постигнување амбициозни цели
  • Моќта на комуникацијата и продуктивноста

Шпаркасе Банка АД Скопје верува дека вложувањето во развојот на луѓето е вложување во иднината!

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

Објавено

на

НЛБ Банка одбележува две години од своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза. Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние кои живеат со оваа ретка состојба.

Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за цистична фиброза при Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, за која неодамна со поддршка на НЛБ Банка беше набавен и вибромасажер за физикална терапија во болнички услови, неопходен во третманот на пациентите. 

„Ова патронство е многу повеќе од финансиска поддршка. Ние две години стоиме покрај пациентите со цистична фиброза кои се соочуваат со бројни предизвици, искористувајќи ја секоја можност за засилување на нивниот глас. Како патрон и поддржувач на Асоцијацијата, говорејќи за оваа болест, веруваме дека значително ја зголемуваме свесноста за цистичната фиброза, но и за сите лица кои се справуваат со некоја ретка болест.“  истакнуваат од НЛБ Банка. 

Не помалку значајни се и донациите на Банката во медицински помагала кои ги користат пациентите со цистична фиброза во домашни услови – спирометри, инхалатори, стерилизатори и помагала за физикална терапија кои ги користат сите пациенти на возраст над 4 години, а служат за прочистување на белодробието на пациентите од секреција.

„Во име на нашето здружение, би сакале да изразиме искрена благодарност за вашата непоколеблива поддршка и великодушност во изминатите две години. Вашата посветеност како заштитник и патрон на пациентите со цистична фиброза има значително влијание врз животите на многу поединци заболени од оваа ретка болест, како и на нивните семејства. Донациите кои што ги добиваме во континуитет, не само што обезбедуваат основни помагала и медицинска поддршка, туку носат надеж и утеха на сите оние кои се борат со оваа предизвикувачка состојба. Вашата посветеност за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза е длабоко ценета. Ние сме многу благодарни и со нетрпение го очекуваме продолжувањето на нашата соработка. Да направиме заедно позитивна промена во животите на оние кои се засегнати од цистична фиброза.“ – вели Претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска. 

Инаку, денес се одбележува Интернационалниот ден за подигнување на свесноста за цистична фиброза која претстатвува комплексна, мултисистемска, живото-засегнувачка болест. Лицата заболени со цистична фиброза се во категорија на лица со трајна попреченост поради ретка хронична болест од најтежок облик. Во Македонија од цистична фиброза боледуваат над 140 пациенти. 

Асоцијацијата за цистична фиброза е непрофитно здружение на пациенти, родители/старатели на заболени од цистична фиброза чија основна цел се активности за подигнување на свесноста за цистична фиброза како една од најчестите ретки болести во светот и земјата, подобрување на условите и квалитетот на живот на лицата болни од цистична фиброза и помош на пациентите при обезбедување на лекови и медицински помагала.

Продолжи со читање

Банки

ЕБОР овозможува 4 милиони евра за кредитирање на домаќинствата во Македонија преку НЛБ Банка

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ) и Јапонија го подржуваат зеленото финансирање во С. Македонија  со нови средства за НЛБ Банка АД Скопје.

Кредитот на ЕБОР од 4 милиони евра доделен на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги поддржи инвестициите во енергетска – ефикасност за домаќинствата, станбените заедници, производителите и давателите на услуги. Покрај кредитите, клиентите ќе добијат и поврат на средствата од грантот доделен од Европската Унија (ЕУ) и Јапонија, во износ до 20 отсто од целата инвестиција.

Договорот за кредит беше потпишан од Матео Колангели, Регионален Директор за Западен Балкан на ЕБОР, и Тони Стојановски, Главен и извршен директор, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Матео Колангели изјави: ,, Овој кредит ќе ја овозможи транзицијата кон зелена енергија преку финансирање на надградбите на енергетска ефикасност во станбените згради, кои се најголеми потрошувачи на енергија во земјата. Партнерството со локалните финансиски институции како НЛБ Банка АД Скопје, е основа за успех на ваквите иницијативи, бидејќи ги зајакнува локалните финансиски еко-системи и обезбедува услови финансирањето да стигне до населението на поефикасен начин. Овој проект не само што промовира зелена и одржлива иднина на С. Македонија, туку носи и директни бенефити на граѓаните, преку намалување на сметките за електрична енергија и подобрување на животите на сопствениците на домовите.”

Тони Стојановски, Главен извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка Скопје изјави: „ Среќни сме што ја продолжуваме соработката со Европската банка за обнова и развој и што партнерски го унапредуваме зеленото кредитирање, овозможувајќи полесен пристап на домаќинствата до поволни средства за финансирање на проекти кои придонесуваат за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, а кои пак се значаен столб на нашата политика за одговорно кредитирање. Оваа соработка ја нагласува нашата заедничка визија за одржлива иднина и поттикнување на зелената транзиција во финансискиот сектор“.

Овој кредит на НЛБ Банка е под Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР (EBRD’s Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), и ќе ги поддржи со високите перформанси на зелените технологии, материјалите и решенијата за станбените објекти и згради во приватна сопственост. Инвестициите во опрема која заштедува енергија, како што е изолацијата, прозорците, топлотните пумпи и соларните панели, ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови, ќе ги намалат трошоците за енергија и ќе го подобрат квалитетот на живеење на станарите. Исто така, ќе помогнат во справување со високата потрошувачка на енергија и емисиите на јаглерод на станбениот сектор во земјата.

Кредитот ќе го олесни пристапот за транзиција на зелената енергија на Банката, со поддршка на Фондот за соработка Јапонија-ЕБОР и ЕУ, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан .

Во помалку од седум години, над 18,000 домаќинства од Западен Балкан инвестираа над ЕУР 100 милиони во мерки за заштеда на енергијата, како изолација, топлотни пумпи, нови прозорци и соларни панели, благодарение на Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР (EBRD’s Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), која беше промовирана во 2017 година.

Оваа Програма е поддржана од ЕУ преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF), а како дел од Програмата за регионална енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme), како и билатералната донаторска поддршка.

НЛБ Банка АД Скопје е универзална комерцијална банка и е третата банка по големина на пазарот во земјата.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 196 проекти во земјата.

Продолжи со читање

Популарно