Connect with us

Продукти

Visa Business Debit од Комерцијална банка за бесплатна уплата на дневен промет на банкомат

Објавено

на

Вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка е вистински партнер на вашиот бизнис затоа што повторно ви овозможува бесплатна уплата на дневниот промет на банкомат. 

Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 31.03.2025 година за да извршите бесплатно уплата на дневен промет на cash-in банкоматите на Банката.

За уплата на дневен промет имате на располагање 75 cash-in банкомати на Комерцијална банка низ земјава. Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти. Уплатата веднаш се евидентира на основната трансакциска сметка на правното лице-имател на картичката.

Доколку имате динамичен микро или мал бизнис, Visa Business Debit од Комерцијална банка е вистинскиот избор затоа што ви штеди и време и пари.

За локацијата на банкоматите на Комерцијална банка отворете го следниот линк.

За сите погодности што ги овозможува Visa Business Debit за вашиот бизнис дознајте на следниот линк.

Банки

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Објавено

на

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.

Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Продолжи со читање

Продукти

Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

Објавено

на

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.

Како функционира Apple Pay?

Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.

Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?

Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.

Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.

Продолжи со читање

Продукти

Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“

Објавено

на

Летото е полно со можности, а ПроКредит Банка е тука да ги отвори сите врати за твоите остварувања! Со промотивниот потрошувачки пакет, донесувањето одлуки е многу поедноставно и планирањето полесно. 

Со оваа идеја, ПроКредит Банка нуди практичен пакет со потрошувачки кредит прилагоден на потребите на клиентите, овозможувајќи им сигурност и стабилност за целиот период. 

Промотивниот потрошувачки пакет вклучува потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, кредитна картичка и дозволено пречекорување.

Дополнително, промотивната понуда вклучува поволности кои им заштедуваат на клиентите време и административни трошоци. Аплицирањето е едноставно, без гаранти, без осигурителна полиса и без нотарски заверки. 

Понудата е достапна и за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити од други банки.

Во ПроКредит Банка секогаш се стремиме да им обезбедиме на клиентите комплетна поддршка. Со воведувањето на промотивниот потрошувачки пакет, целта е да им овозможиме на клиентите сигурност и предвиливост во нивното финансиско планирање и дополнително да им го поедноставиме целиот процес“, истакнува Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица.

Без разлика дали планирате уредување на домот, инвестирање во образование или пак патување – со ПроКредит Банка, сите врати се отворени. 

Аплицирањето може да го направите директно преку веб страницата на банката или со посета на најблиската експозитура.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange