Connect with us
no baners

Business Woman

Весна Трајковска од Комерцијална банка АД Скопје избрана за Претседател на АЦИ Македонија

Објавено

на

За нов претседател на Здружението АЦИ Македонија е избрана Весна Трајковска, раководител на Одделението за FX тргување и пазар на пари во Комерцијална банка.

Благодарејќи на долгогодишното искуство во областа на тргувањето со девизни средства и нејзиниот придонес за развој и промовирање на еден од клучните финансиски пазарни сегменти во земјава, Трајковска е избрана за прв човек на АЦИ Македонија од страна на нејзините колеги од сите банки во земјава.

Од Комерцијална банка ѝ го честитаа изборот на колешката Весна и воедно и посакаа да остане посветена на својата активна улога, особено поради динамичните глобални финансиски пазари, како и да придонесе за натамошен развој на Здружението.

Business Woman

Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.

„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.

Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.

Продолжи со читање

Business Woman

Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март

Објавено

на

Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.

Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.

Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.

Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.

Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Продолжи со читање

Business Woman

Агенција „Марили“: 29- то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2025 година

Објавено

на

Агенција „Марили“ , годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на 17.05.2025 (сабота), во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки ќе бидат прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите се препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот.

Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р. Србија и една од Р. Хрватска.

На манифестацијата менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување на жените менаџери, ќе имаат можност да ги слушнат прекрасните музички изведби на младата виолончелистка Ада Богоевска, придружувана на пијано од Марија Богоевска , како и изведба на младата и успешна оперска певица, сопранот Ева Живковска придружувана oд уметничкиот соработник Дарко Мариновски. За комплетно уживање на публиката и оваа година, традиционално, ќе се погрижи незаменливата Ели Танасковска.

Изјава на Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“

„Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век и да бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив“, вели генералната менаџерка на агенција „Марили“ и организатор на манифестацијата, Лидија Трипуноска.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и
лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Во продолжение список со овогодишните лауреатки:

  • Анита Атанасовска
  • Генерален менаџер
  • „Супериор Лукс“ Скопје
  • Стевка Василева
  • Генерален менаџер
  • ПЗУ „Д-р Александар и д-р Методи Белушкови“ Радовиш
  1. М-р Дафинка Ивановска
    Извршен менаџер и Рубинов директор во „тианДе“
    „Ревитал Козметикс“ Скопје
  2. Д-р Оливера Клинчарова
    Претседател на Одбор на директори
    „Делта ИНС Брокер АД Скопје“
  3. Д-р Даниела Михајловска
    Генерален менаџер
    „Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ Скопје и Гостивар
  4. Елена Лотеска Наумовска
    Генерален менаџер
    „Брод Армада“ Охрид
  5. Д-р Маја Петаноска
    Бренд менаџер и косопственик
    ДПТУ „ДЕРМАЕСТЕТИКА“ ДОО Скопје
  6. М-р Ирена Миновска – Пехливанова
    Стратегиски менаџер
    „Авто-Мото Сојуз на Македонија“ – АМСМ
  7. Арзијана Фејзи
    Менаџер за правни работи
    „Рамацоти Фуд“ Гостивар
  8. Јанинка Чупаркоска
    Генерален менаџер
    „КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци
  9. Проф. д-р Јана Манева – Чупоска
    Визуелен уметник
    Претседател на ДЛУМ
  10. М-р Барбара Оленик Станичиќ
    Директор на сектор за Човечки ресурси
    Јадран д.д, Цриквеница, Р. Хрватска
  11. Слободанка Цока Стевиќ
    Генерален менаџер и сопственик
    ТА „Кондор ТИС“ Лозница, Р. Србија
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange