Connect with us
no baners

Банки

Утре започнува Деветтата меѓународна истражувачка конференција на Народната банка

Објавено

на

„Повторното актуализирање на инфлацијата и новата геополитичка реалност во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“ е темата на Деветтата меѓународна истражувачка конференција, којашто Народната банка годинава ја организира во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ).

Конференцијата, со поздравни обраќања, ќе ја отворат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и челните претставници на институциите-организатори, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан. Воведно  обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер.

Следејќи ги актуелните текови и потребата за научно истражувачки придонес, годинава предмет на дискусија ќе бидат повеќе теми, меѓу кои, идните движења на макроекономската политика, стратегиска автономија и фрагментацијата во контекст на централното банкарство, како и регионалната перспектива за членство во ЕУ во новото глобално окружување. На Конференцијата ќе учествуваат гувернерите на Литванија, Ерменија, Словенија, Хрватска и на Албанија, алтернативниот член на Одборот на централната банка на Швајцарија, вицегувернерот на Централната банка на Белгија, високи претставници на Светската банка, Европската комисија, ЕИБ, ЕБОР, БИС, како и истакнати академски претставници.

Истражувачката конференција на Народната банка прерасна во повеќегодишна традиција, каде што се сретнуваат претставници на носителите на макроекономските политики, меѓународните институции и истакнати истражувачи од економската сфера, кои преку дискусии на актуелни теми придонесуваат кон натамошен економски развој и просперитет, нудејќи нови идеи, визии  и политики.

Отворањето на Конференцијата, на 29 септември 2023 година со почеток во 10 часот, можете да го проследите на следнава ВРСКА.

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange