Продукти
Како до светла иднина и финансиска независност?
Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност.
На патот до вашата финансиска слобода, често ќе треба да се соочите и со надминување на некои препреки и прилагодувања, но, со посветено и паметно финансиско менаџирање, целите се секогаш достижни.
Еве неколку совети кои може да ги искористите во таа насока:
- Поставете јасни цели.
Дефинирајте што точно посакувате. Реновирање на вашиот дом; професионално или академско надградување; патување; започнување на ваш личен бизнис.. Притоа, секогаш поставувајте ги целите за исполнување по личен приоритет. - Дефинирајте потребен буџет:
Следете ги вашите приходи и трошоци. Ова ќе ви помогне да разберете каде одат вашите пари и како би можеле да го намалите трошењето или да заштедите повеќе. - Функционирајте во рамки на вашите можности.
Избегнувајте прекумерно трошење и инфлација на животниот стил. Потрошете помалку отколку што заработувате и зачувајте ја разликата. Така ќе создадете простор за заштеди и инвестиции. - Отплатете го долгот со висока камата.
Приоритет нека ви биде што е можна побрза отплата на долгови со висока камата. Намалувањето на долгот ќе ослободи повеќе од вашиот приход за штедење и вложување. - Останете посветени.
Дисциплината и посветеноста ќе ве држат мотивирани и фокусирани за да стигнете до посакуваното.
Во однос на банкарски понуди, кои се соодветни и вредни за разгледување за реализирање на некоја од вашите цели, Халкбанк ви го посочува нивниот Потрошувачкиот кредит со полиса од незгода.
Овој ненаменски кредит може да се искористи за задоволување на важни потреби, но и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може знаително да се добие и намалување на месечните рати.
Се работи за единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им овозможува и дополнителен слој на заштита. Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 5,9% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилна каматна стапка дефинирана како: 2 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 6% (8% номинална каматна стапка), не пониско од 7%.
За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.200.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Провизијата за обработка на кредитот изнесува 0,5% еднократно однапред, а во случај на негова предвремена отплата, не се наплатува провизија. Задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 1000 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
