Бизнис
УЈП со проширена поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април
Управата за јавни приходи (УЈП), во насока на обезбедување навремена и ефикасна поддршка за даночните обврзници и сметководителите, најави дека ИТ тимовите ќе работат и во попладневните часови за да овозможат непречено користење на системот за е-Даночни услуги при поднесувањето на ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период.
Од УЈП информираат дека процесот на поднесување на ДДВ-04 се одвива без поголеми потешкотии. Заклучно со вчерашниот ден, поднесени се 12.202 пријави, што претставува речиси 30% од вкупно очекуваните 40.885 пријави.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, истакнуваат од УЈП.
Оттаму апелираат сите даночни обврзници кои сè уште не ја доставиле документацијата, тоа да го сторат најдоцна до петок, 25 април 2025 година, со цел да се исполнат законските рокови и да се избегнат евентуални казни или проблеми во системот.
Бизнис
Брзи, сигурни, одговорни: новата формула на финансискиот сектор
Финансиската индустрија минува низ најголемата трансформација досега. Дигитализацијата веќе не е избор, туку нужност. Но, во свет каде сè станува автоматизирано, вистинската битка не се води за технологија, туку за доверба.
„Иднината на финансискиот сектор ја гледам во комбинација од дигитализација, персонализирани услуги и ESG стандарди,“ вели Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Group, компанија што веќе неколку години се издвојува како пример за тоа како технологијата може да ја засили, а не да ја замени човечката врска.
Кога финтек станува фер-тек
Клиентите денес бараат сè: брзина, сигурност, флексибилност, но и чувство дека компаниите со кои соработуваат делат исти вредности. Flex Group токму таму ја гледа својата предност. „Подготвуваме нови дигитални алатки кои ќе овозможат полесно управување со кредити, целосна транспарентност и мобилни услуги за брзо плаќање,“ вели Арсов.
Платформата Flex Pay веќе е конкретен пример за финтек решенија што носат вистинска вредност за клиентите. Со неа, дигиталните трансакции стануваат побрзи, поедноставни и побезбедни, но не и безлични. „Автоматизацијата никогаш не смее целосно да ги исклучи разбирањето и поддршката што произлегуваат од контакт со човек,“ додава Арсов.
Регулација, транспарентност и фер конкуренција
Според него, пазарот сè повеќе се прочистува од краткорочни играчи без визија, додека институциите создаваат фер услови за оние што градат доверба. „Веќе се донесени редица мерки и правилници со чија примена сериозните компании добиваат простор да растат, а несериозните постепено исчезнуваат од пазарот,“ истакнува тој.
Иднината: технологија со човечко лице
Flex Group го докажува токму тоа — дека модерното и одговорното можат да одат рака под рака. „Верувам дека комбинацијата од технологија, персонализација и одговорност ќе стане нов стандард,“ заклучува Арсов. „Нашата обврска е постојано да бидеме чекор пред времето и да покажеме дека финансиските услуги можат да бидат и модерни, и фер, и општествено одговорни.“
Овој текст е изработен од Флекс Груп. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.
Бизнис
Ecommerce Conference ја потврди нејзината големина: 800+ регистрирани учесници од целиот Балкан
За точно една недела, на 4 ноември 2025 година, Скопје ќе стане епицентар на регионалната бизнис сцена, кога ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија под темата „E-COMMERCE: FASTEN THE FUTURE“. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија, во тек се финалните подготовки за настанот што ќе го претвори Скопје во регионален центар на е-трговијата.
Оваа година, конференцијата ветува најголемо издание досега, кое ќе ги обедини највлијателните компании, визионери и иноватори од целиот Балкан и пошироко. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и да се инспирираат од говорници кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети за тоа како се создава, обликува и забрзува иднината на е-трговијата.

Новитетот оваа година е што конференцијата за првпат ќе се одвива паралелно на две сцени, создавајќи динамично искуство кое ги спојува инспирацијата и практиката. На главната сцена ќе се слушнат визионерски идеи, испробани стратегии и лични приказни од највлијателните имиња во светот на е-трговијата, дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција. Говорници од глобални компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Booking.com, Wolt, Publicis Groupe, Direct Media, Bigburg, Korpa, Brainster Next и други водечки брендови ќе споделат како иновацијата, креативноста и технологијата заедно го обликуваат идниот правец на е-трговијата. Нивните презентации ќе опфатат теми што ја дефинираат новата ера на онлајн купувањето – од улогата на вештачката интелигенција во безбедноста на клиентите, преку значењето на автономните AI агенти, до тоа како инфлуенсерите, содржината и податоците стануваат новата валута на современата е-трговија. Паралелно, на втората, hands-on сцена, идеите ќе се претвораат во конкретни чекори. Учесниците ќе имаат можност директно да учат преку интерактивни сесии – од онлајн плаќања и интеграции со Halkbank, преку отклучување на моќта на податоците, до креирање кратки видеа, запознавање со AI алатки и совети за добивање грантови, инвеститори и партнерства. Двете сцени заедно ќе создадат единствено искуство – едната ќе инспирира со визија, а другата ќе покаже како визијата се претвора во резултати. Комплетната агенда за конференцијата може да се погледне овде.

Инаку, во рамките на конференцијата ќе биде поставена и експо-зона каде што компаниите ќе ги презентираат своите најнови производи, технологии и услуги. За полесно вмрежување, повторно ќе биде достапна мобилната апликација на конференцијата, наменета за закажување индивидуални состаноци меѓу учесниците, но и за следење на сите детали поврзани со конференцијата. Нетворкинг-зоната пак, ќе овозможи директни средби меѓу учесниците.
Со повеќе од 800 регистрирани учесници од целиот регион и со присуство на водечки глобални и регионални брендови, овогодинешната конференција поставува нови стандарди за е-трговијата во регионот и пошироко. Интересот е огромен, а останати се само неколку последни карти за сите кои сакаат да бидат дел од највозбудливиот бизнис настан во регионот. Картите може да се купат на официјалната веб-страница на конференцијата: ecommerceconference.mk.
Конференцијата е поддржана од Visa како платинум партнер, Halkbank како стратешки партнер, Korpa како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.
Бизнис
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
- -30% помали трошоци до 31.10.2025.
- Инстант одобрување за само 10 минути.
- Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
ПР објава
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија
-
Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециХрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје




