Банки
Тука сум, на фонтана – нов мурал на Халкбанк во соработка со Руки Чуки
„Тука сум, на фонтана“ е насловот на новиот мурал кој ја краси фасадата на една од зградите спроти влезот на Граскиот парк во Скопје, кај фонтаната Лотос. Муралот, кој е иснпириран токму од платформата за млади Halk EZ и од значењето на оваа фонтана како симбол на дружење и заедништво на многу генерации млади, го изработи македонската илустраторка и графичарка Ружица Мандичевска (Руки Чуки), на иницијатива на Халкбанк.
„Фонтаната Лотос за мене не е само локација, туку е симбол на мојот животен стил во Скопје, дел од моето детство, симбол на љубов, на бунтовност, а и на некаква припадност. Се потрудив муралот да го покаже тоа во мој стил – една мала симпатична приказна полна бои и љубов. Како артист кој живее во Лондон, огромно задоволство ми е да оставам печат на мој начин тука, токму покрај фонтаната и „да сум тука“ цело време“, вели авторката Руки Чуки, која девет години живее и работи во Лондон.
За изработка на муралот беше избрана токму оваа локација затоа што фонтаната Лотос е главна инспирација за визуелниот идентитет на пакетот Halk EZ, кој е креиран за да одговара на потребите и начинот на живот на младите од 16 до 24 години.
„Кога се решивме за реализација на овој наш нов мурал, знаевме дека сакаме да добиеме нешто што ќе зборува без зборови, нешто што ќе ја фати енергијата на младоста, радоста и креативниот дух што нè движи напред. Уметноста ја има таа магија, да остави трага, да инспирира и да нè потсети на убавината на секојдневието. За ова дело кое е наменето да биде долготраен, надворешен брендинг за нашата Halk ЕZ платформа, довербата и слободата за лично уметничко изразување ѝ ја доделивме на нашата позната артистка – Руки Чуки, која преку својот професионализам и автентичен израз, во целост ги исполни нашите очекувања. Преку овој пристап, веќе подолго време, суптилно ја раскажуваме нашата приказна како бренд, но уште поважно создаваме вредност што останува – за градот, за младите, за сите нас“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Пакетот Halk EZ е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Банки
Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии
Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.
Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.
Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.
Банки
Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).
Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.
За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.
Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.
Банки
Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.
Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.
За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Останатопред 2 месециБугарија од денес официјално го прифаќа еврото
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециНародна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
-
Продуктипред 4 неделиОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол

