Connect with us

Банки

Стопанска банка и VISA ве носат на Олимписките игри во Париз

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со брендот VISA организираат голема наградна игра во која  најсреќните добитници ќе патуваат на Олимписките игри во Париз ова лето.

Наградната игра „Со VISA картички до Париз на Олимпијада 2024“ ексклузивно се организира само за корисниците на VISA картички издадени од Стопанска банка. Таа почна денеска (1 април) и ќе трае до 31 мај. Во неа може да учествуваат сите полнолетни граѓани кои во наведениот период имаат направено безготовински трансакции со VISA дебитна или кредитна картичка од Стопанска банка. Секоја трансакција носи по едно право на учество во извлекувањето. Колку повеќе трансакции се направени, толку се поголеми шансите за добивка. На крајот на наградната игра ќе бидат извлечени двајца најсреќни добитници кои ќе добијат по два авионски билети  за патување во Париз и посета на олимписките игри во организација на VISA. Покрај двете главни награди, во наградната игра ќе бидат доделени и 14 штици за веслање (СУП) и 14 мини фудбал игри.

За правилата на наградната игра може да се информирате подетално на следниот линк.

Извлекувањето на наградите е закажано за 12 јуни, при што добитниците ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.

Стопанска банка и VISA им посакуваат среќа на сите учесници во наградната игра.  

Банки

НЛБ Банка укинува и намалува надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет

Објавено

на

Согласно препораките и сигналите од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и дигиталната трансформација на платниот промет, НЛБ Банка укинува и намалува дел од надоместоците во домашниот и меѓународниот платен промет, со посебен фокус на електронските плаќања.

Новата структура на надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет, пред сè, значи осетно пониски трошоци и заштеди за граѓаните и компаниите. Истовремено претставува уште еден придонес на Банката кон одржливост на економскиот раст, обезбедување на едноставен и прифатлив пристап до платежните услуги и чекор повеќе во справувањето со сивата економија.

Веќе од задутре, значајни ценовни олеснувања во домашниот платен промет

Во домашниот платен промет за плаќања по електронски пат за физички лица преку МИПС, НЛБ Банка го намалува надоместокот на износ од 55 денари, а целосно го укинува надоместокот за плаќањата во рамките на Банката.

Без надоместок, како и досега, останува месечно одржување на платежна сметка со основни функции, како и пакетот за млади од 18 до 25 години за мобилно банкарство кој вклучува: НЛБ мКлик со право на плаќање и дебитна картичка.

Во домашниот платен промет за плаќања по електронски пат за правни лица преку МИПС, НЛБ Банка го намалува надоместокот на износ од 90 денари, додека за плаќањата во рамките на Банката го сведува на 7 денари.

Новите надоместоци во домашниот платен промет стапуваат на важност, веќе од задутре, 6 август.

Побрз, поефикасен и поекономичен меѓународен платен промет

НЛБ е и првата банка која веќе постави нова структура со намалени надоместоци за меѓународни плаќања преку СЕПА. Новите надоместоци за плаќања и приливи во евра во СЕПА, кои стапуваат на важност од 6 октомври годинава, се повеќекратно намалени и за граѓаните и за компаниите. И тука, посебен фокус е ставен на надоместоците кај електронските плаќања, сè со цел да се стимулира дигиталната трансформација.

Поконкретно, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро во денарска противвредност за најниските рангови на износи, односно 5 евра во денарска противвредност за најголемиот број на кредитни трансфери. За приливите продолжува со цена од 0,16 евра во денарска противвредност за најниските рангови на износи, односно 3 евра во денарска противвредност за најголемиот број на приливни транасакции.

Примателите на странски плати и пензии директно преку НЛБ Банка, продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без надоместок.

Истовремено за компаниите, Банката ќе понуди и до седум пати намалени просечни тарифни провизии за плаќањата во СЕПА. Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.

Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на промовирање на користење на брзи и безбедни дигитални услуги, како и во насока на стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали. Сепак, Банката воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги различните навики и потреби на клиентите.

Целокупната структура на новите провизии во домашниот и меѓународниот платен промет претставува повеќекратно намалување на досегашните надоместоци, со што Банката прави значаен чекор кон овозможување на достапни, разумни и одржливи трансакции за граѓаните и компаниите.

Продолжи со читање

Банки

Експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 август

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 август (сабота) поради празникот Илинден.

“Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

Објавено

на

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година.

Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата.

Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од годината растот на домашната економска активност е стабилен, со стапка којашто е приближно иста со проектираната според априлскиот циклус проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал упатуваат на натамошен раст на економската активност. Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април. Надворешната позиција на економијата е стабилна и во склад со очекувањата, при умерен дефицит на тековната сметка во првото тримесечје од 2,1% од БДП, а нивото на девизните резерви и натаму е во безбедната зона и обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.

Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност. Имено, банките и натаму обезбедуваат кредитна поддршка за домашната економија, посилна од очекувањата, при посилен раст и на депозитната база. И натаму се бележат поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на денарските и долгорочните депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти.

Економските услови и натаму се под влијание на неизвесноста, односно ризиците поврзани со надворешното окружување сѐ уште се изразени, а неопходно е натамошно следење и поголема претпазливост во однос на политиките коишто влијаат врз побарувачката во домашната економија и врз ценовната динамика. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.

На седницата на Советот беше усвоена Годишната информација за плаќањата во земјава за 2024 година, како и Годишниот извештај за извршениот надзор над платните системи во 2024 година, коишто покажуваат дека зголемената употреба на дигиталните решенија за извршување на плаќањата придонесе за солиден годишен раст на бројот на безготовинските плаќања во текот на 2024 година од 12,7%. Растот во поголем обем произлегува од плаќањата со платежни картички, a се забележува солиден раст и на плаќањата со кредитни трансфери (платни налози). Притоа, кај платежните трансакции со платежни картички е остварен годишен раст од 14,3%, а кај платежните трансакции остварени со кредитните трансфери растот изнесува 9,8%.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange