Connect with us
no baners

Банки

Стопанска банка АД – Скопје со успешен настап на Спортските игри по повод Денот на штедењето

Објавено

на

На 26.10.2024 година (сабота) се одржаа традиционалните Спортски игри по повод “Ден на штедење” организирани од Синдикатот на финансиските организации на Македонија – СФОМ.

Натпреварувањата беа реализирани согласно претходно најавена временска рамка и распореди и поминаа во позитивна и пријателска атмосфера, во која преовладуваше натпреварувачкиот дух на учесниците и фер плејот беше во приоритет.

Членовите на синдикатот на финансиските организации на Македонија учествуваа и се натпреваруваа во следните спортови: мал фудбал, одбојка, пикадо, баскет, шах, куглање, пинг понг и тенис.

Вработените на Стопанска банка АД – Скопје имаа успешен настап на спортските игри по повод Денот на штедењето.

Во конкуренција на 13 финансиски институции, тимот на Стопанска банка АД – Скопје собра две златни, две сребрени и две бронзени медали. Златото им припадна на машката екипа во тенис и во пикадо. Второто место го освоија машката екипа во фудбал и мешаната екипа во шах, додека на трето место се пласираа мешаната екипа во одбојка и женската екипа во баскет.

Стопанска банка АД – Скопје им честита на организаторите на Спортските игри – СФОМ за успешната организација и секако на своите колеги кои повторно докажаа дека се тим кој продолжува да освојува и да создава.

Банки

Избрани нови вицегувернери на Народна банка: Митреска со втор мандат, Величковски првпат на функцијата

Објавено

на

Собранието, по предлог на гувернерот на Народна банка Трајко Славески, ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери, со мандат од седум години.

Ана Митреска доби втор мандат на функцијата, откако првпат беше именувана во 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе од 25 години работно искуство во Народна банка. Во својата кариера работела на макроекономски анализи, среднорочни проекции и истражувачка дејност, а учествувала и во комуникацијата со меѓународни финансиски институции и агенции за кредитен рејтинг. Авторка е на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Игор Величковски, кој првпат е избран за вицегувернер, е долгогодишен професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија, и повеќе од три децении работи во Народна банка. До изборот ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, каде беше вклучен во клучни реформи и модернизација на платната инфраструктура, како и во приклучувањето на земјава кон СЕПА во 2025 година.

Продолжи со читање

Банки

NLB Next со 1+1 кино карти во Cineplexx секоја среда во април

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје информира дека корисниците на пакетот за млади NLB Next, наменет за лица од 18 до 25 години, во текот на април ќе можат да користат 1+1 понуда за кино билети.

Секоја среда, во соработка со Cineplexx, при купување на една карта, втората се добива бесплатно.

Поволноста важи исклучиво за билети купени на билетарниците во Cineplexx, со платежна картичка Mastercard debit за млади, без разлика дали е физичка или дигитална преку NLB Pay.

Од банката посочуваат дека среда станува ден за кино, дружење и забава за младите корисници на NLB Next пакетот.

Продолжи со читање

Банки

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пур“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа.

Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските цени на енергијата, инфлацијата бележеше значително намалување и изнесуваше 2,9% во февруари. Се очекува дека инфлацијата ќе се зголеми во наредните месеци, но на среден рок, инфлацијата кај храната и услугите би се нормализирала, при што вкупната инфлација би се движела од 2,0% до 2,5%, во просек.

Во вакви услови, се оценува дека Народната банка ќе води претпазливa монетарна политика, заснована на податоците за блискиот период, со приоритет на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. Се посочува дека евентуалното олабавување на монетарната политика би било постепено и би зависело од одржливото намалување на инфлацијата, додека зголемените инфлациски или надворешни притисоци би довеле до задржување или затегнување на политиката.

Покрај ова, се наведува дека Народната банка ја приспособила оперативната рамка на монетарната политика заради подобрување на управувањето со ликвидноста и за зајакнување на преносот на монетарната политика.

Во однос на банкарскиот сектор, се наведува дека тој и натаму е стабилен, со висока стапка на адекватност на капиталот (19,5%), како и солиден раст на депозитите и кредитната активност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange