Connect with us
no baners

Продукти

Почестете ги своите најблиски и дозволете им Новата година да ја започнат со БОНУС-CASHBACK

Објавено

на

Празниците се можеби најубавиот потсетник, којшто дава поттик за поголем број на подароци и изненадувања во зимската сезона. Финансиските подароци се она, што најмногу ги радува младите, бидејќи придонесуваат за нивна финансиска независност, а и можност за самостојно раководење со сопствените средства.

Шпаркасе Банка, на студентите корисници на „Vibe-on“ пакетот за млади, им обезбеди можност Новата година да ја започнат со одличен вајб, а воедно да добијат дополнителен прилив на средства. Шпаркасе Банка АД Скопје е постојано фокусирана на овозможување на најдобрите услови за младите, како и инвестирање во нивната финансиска едукација.  Празничната „Vibe-on Cashback“ приказна, може да биде дел од серијата подарувања на секое семејство и друштво. Секој родител, баба, дедо, тетин, тетка, вујко, вујна, па дури и блиски пријатели, можат да ги изненадат младите, со префрлен паричен износ на нивната Vibe-on трансакциска сметка. Празничната магија на подарувањето нека предизвика насмевка кај младите и нивен самостоен избор за подарок, со кој ќе придонесете за финансиската независност на вашите деца или внуци, но и ќе додадете дополнителна вредност на подарокот со овозможување да освојат и Бонус-Cashback во износ од 500 денари од Шпаркасе Банка. 

Доколку сѐ уште не знаете кој е вистинскиот празничен подарок, за вашите помлади членови од семејството, или во вашиот круг на пријатели, тогаш оваа понуда на Шпаркасе Банка е можеби најпривлечното решение и предлог за овие празници. Со истото ги мотивирате младите да штедат повеќе, како и да имаат целосна контрола врз нивните финансии.

Затоа, испратете го вашиот „Vibe-on“ подарок до вашите деца, внуци или пријатели, а тие веднаш ќе можат да започнат со празничен шопинг на нивен начин. 

Драги студенти, доколку добиете паричен празничен подарок од родителите, бабите и дедовците или од пријателите на вашата трансакциска Vibe-on сметка, сѐ што ви е потребно е токму преку „Vibe-on“ платежната картичка да направите 10 продажни трансакции, со вкупна вредност од 2.000 денари, заклучно со 31.01.2024, затоа што за најбрзите 3.000 корисници следува „Cashback“, во вкупна вредност од 500 денари. 

Шпаркасе Банка се залага за одговорно финансиско делување во иднина, давајќи им можност на новите генерации за свој прилив на средства и самостојно управување со сопствените финансии.

Исплатата на повратот на средства за најбрзите 3.000 корисници ќе започне на 14 февруари 2024 година.

Празниците се совршено време да се почувствува добриот вајб на подарувањето.

Мој вајб на мој начин.

#ВерувајВоИднината

Банки

За уште повеќе среќа – Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Објавено

на

Кога есента ги скратува деновите, имаш време да ги зголемиш твоите планови. И причина плус да ги реализираш со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка, кој сега е со намалени каматни стапки од само 4,9% фиксна во првите 3 години и 5,9% променлива за останатиот период.

Потрошувачкиот кредит со износ до 2.000.000 денари и со поволни каматни стапки сега те носи до твоето среќно решение – без разлика дали тоа значи поубав дом, ново патување, образование, семејна веселба… Затоа што вистинската среќа доаѓа и со среќата на твоите најмили.

Со Потрошувачкиот кредит од Комерцијална банка добиваш:

  • Поголема куповна моќ до 2.000.000 денари – доволно за поголеми планови и посериозни вложувања
  • Пониски каматни стапки – 4,9% фиксна во првите 3 години и 5,9% променлива за останатиот период
  • Флексибилни услови на отплата – со рок до 95 месеци, можност за одложена отплата од 6 месеци и без провизија за предвремена отплата
  • Вклучено осигурување – преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје за поголема сигурност и мир.

Тимот на Комерцијална банка е тука за да ти помогне да го претвориш секој план во среќна приказна. Со новото финансиско решение овозможуваме твоите желби и планови да станат реалност побрзо, полесно и со јасна финансиска предвидливост. И, што е уште поважно, без да правиш компромиси за важните работи.

Со Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари и атрактивните услови со кои доаѓа го добиваш најважното – сигурност и поддршка во моментите кога ти се најпотребни.

Повеќе информации за условите, калкулатор за рата и потребните документи за аплицирање за Потрошувачкиот кредит дознај на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади. И во ред е да не е совршено.

Објавено

на

Започнувањето на студентскиот живот е мешавина од возбуда и хаос. За некои значи нов град и барање сместување, за сите – поголеми трошоци за секојдневни потреби и адаптација на нова средина, бескрајни редици за упис, изгубени моменти во потрага по вистинската предавална, навикнување на новите професори, или трка по документи и уплатници. Овие почетоци не наликуваат на совршена сцена од филм – но тоа е реалноста со која ќе се соочи секој студент. А, токму таа несовршеност го прави искуството автентично.

Халкбанк ја препознава токму таа реалност и со кампањата „Несовршено совршен –HalkEZ пакет за млади“ испраќа порака дека е во ред да се греши, да се лута низ ходници, да не се добие 10-ка на испит и да се учи во движење. Несовршеноста е дел од патот кон самостојноста, а HalkEZ е тука да го олесни оној дел од приказната што се однесува на првите банкарски искуства, бидејќи за многу студенти, банкарството е исто толку ново колку и почетокот на студентскиот живот. Отворањето на платежна сметка, користењето на картичка или онлајн трансакциите се чекори што ја означуваат нивната нова самостојност…

Во оваа реалност се вклучува и HalkEZ пакетот за млади, дизајниран за генерацијата што живее брзо, дигитално, динамично и несовршено. Пакетот наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, сигурно не е совршен, но нуди:

  • Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство со Виза дебитна картичка за млади.
  • Без надомест за водење на трансакциска сметка.
  • Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.
  • SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.
  • SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.
  • Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.
  • Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.
  • Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.

А за да го одбележи стартот на оваа иницијатива, Халкбанк подготви изненадување за првите 50 студенти кои до 3 октомври ќе отворат HalkEZ пакет. Овие лица ќе добијат кредит од 600 денари преку платформата „Корпа“ како мал знак дека несовршениот почеток може да биде и охрабрувачки.

„Младите растат преку несовршените моменти. Затоа, сакаме да им кажеме дека е во ред да се соочуваат со гафови и хаос, зашто токму тие моменти, во иднина ќе ги изградат во силни личности што ќе знаат да се справат со секакви ситуации. А HalkEZ е тука да им го олесни првиот чекор во светот на банкарството и да им даде поддршка што се вклопува во нивниот стил на живот“, велат од Халкбанк.

Со HalkEZ банкарскиот пакет за млади на возраст од 16 до 24 години, тие добиваат партнер што ќе ги следи во секојдневните предизвици, средношколските денови и првиот ден на факултет, па сè до моментите кога ќе се чувствуваат самостојни. Несовршено совршено, како и нивното секојдневие.

Продолжи со читање

Продукти

Денес е Mastercard ден – го направи ли својот priceless избор?

Објавено

на

Mastercard ја лансира новата кампања „Твојот Mastercard ден“, создадена за да го претвори првиот ден од секој месец во вистинска прослава.

До крајот на 2025 година, сите корисници на Mastercard картички ќе можат да уживаат во ексклузивни поволности и директен поврат на средства.

Како функционира?

👉 На 1-ви во секој месец направете плаќање со Mastercard картичка во ресторан, бар или преку услуга за достава на храна.

👉 Автоматски добивате 10% поврат на средства, директно на вашата сметка.

👉 Со оваа кампања, Mastercard овозможува секој почеток на месецот да стане нова омилена традиција.

Регистрација и дополнителни информации

За учество во кампањата потребна е регистрација на следниот линк: www.priceless.com/MKden.

Таму можете да ги откриете и сите други ексклузивни придобивки кои ги нуди Mastercard.

Со „Твојот Mastercard ден“, корисниците добиваат повеќе од обична трансакција – добиваат можност секој месец да започнат со мала, но значајна прослава.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange