Connect with us

Банки

Силк Роуд Банка ги исплати пензиите за месец октомври

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец октомври се исплатени на 31.10.2024 година (четврток).

Почнувајќи од 31.10.2024 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката или на шалтерите во сите експозитури на банката.

Банки

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

Објавено

на

Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност, вклучително и денаризацијата, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристоф ле Риголер. 

Во изминатите години финансиската стабилност беше зајакната, што се согледува преку јакнењето на капиталот на банките коешто овозможи забрзување на кредитната активност. Имено, минатата година кредитната активност забрза искачувајќи се на околу 11%, од 5% во 2023 година, со што обезбеди значителна поддршка за стопанството и за граѓаните. Овој солиден кредитен раст беше поддржан и од солидниот раст на депозитите којшто достигна околу 12%. Притоа беше истакнато дека растот на денарските депозити е многу побрз од растот на девизните депозити, односно тие се зголемија за 22%, наспроти 5% кај девизните депозити. Ова укажува на високо ниво на доверба во банкарскиот систем и политиките коишто ги води Народната банка.  

На средбата стана збор и за сегашните макроекономски состојби и предизвици, при што беше забележано дека инфлацијата од високи 20% е сведена на 3,5%, сепак е потребно внимателно водење на макроекономските политики за нејзино одржливо стабилизирање на среден рок.

Гувернерката и амбасадорот искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката во иднина.

Продолжи со читање

Банки

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

Објавено

на

Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската Комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот. Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари, гувернерите на централните банки од регионот, претставници на  релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на состанокот на Комитетот истакна дека со оглед на направените регулаторни измени и високиот степен на усогласеност на нашата регулатива со европската во областа на банкарството, платежните услуги и спречувањето на перење на пари, очекува дека нашето барање за членство ќе биде наскоро одобрено од Европскиот совет за плаќања. Притоа, истакна дека за да граѓаните ги почуствуваат придобивките од СЕПА, клучно ќе биде банките оперативно да се подготват и да се приклучат кон европскиот платежен систем, по одобрувањето на нашата апликација. Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.

Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за  раст на земјите од Западен Балкан на ЕК бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од Западен Балкан до европските платежни системи, а со тоа и поефикасни, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите.

Продолжи со читање

Банки

Јордан Борисов Христов именуван за член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје по добиената согласност изврши промени во членовите на Надзорниот одбор.

Ве известуваме дека на ден 22.01.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Јордан Борисов Христов да биде именуван за член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од 4 (четири) години.” – се вели во објавата на Македонска берза.

Во моментов согласно официјален податок објавен на веб страницата на банката надзорниот одбор го сочинуваат:

Јордан Борисов Христов се очекува да го замени Георги Димитров Константинов, кој поднесе оставка на оваа позиција минатата година.

Новиот надзорен одбор би го сочинувале Тихомир Ангелов Атанасов, Јордан Борисов Христов, Христо Георгиев Христов, Јонко Петров, Светослав Мичев и Вангел Спиров.

Продолжи со читање

Популарно