Uncategorized
ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! – Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!
Дали сте подготвени за патување што долго ќе го паметите? Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваат големата наградна игра – „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на Vibe on пакетот за млади.
Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години, кои се корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe On. Лицата корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe on на Шпаркасе Банка, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД, добиваат шанса за учество во наградната игра. Колку повеќе трансакции во износ поголем или еднаков на 500 МКД, повеќе шанси за добивка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година каде што ќе се извлекуваат 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Берлин и уште 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден за својот партнер, другар, пријател или член на фамилија, кој ќе одлучи да го поведе на патувањето.
Подгответе ја Вашата платежна картичка Visa на Шпаркасе Банка и пакетот за млади Vibe on, почнете со купување и влезете во игра за Берлин или Амстердам.
Шпаркасе Банка ги поттикнува и ги охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Во наредниот период Шпаркасе Банка ќе спроведе нови проекти дизајнирани специјално за младите. Од врвни финансиски производи до креативни настани, финансиска едукација, ексклузивни можности, попусти и промоции. Банката е тука да ги поддржи младите на нивниот пат за подобра финансиска иднина.
За повеќе информации околу наградната игра, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, обратете се во Контакт центарот на 02/150-50 или во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.
Uncategorized
Стабилен банкарски систем и рекордно ниски ризици – Народната банка го усвои извештајот за вториот квартал од 2025
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година.
Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ниво, а ликвидните средства покриваат значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата. И квалитетот на кредитното портфолио се подобри во овој квартал, при што стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво од 2,4%.
Во услови на олеснети кредитни стандарди и зголемена кредитна побарувачка, зајакнатата солвентност го поддржа побрзиот раст на кредитирањето на домаќинствата и на претпријатијата, којшто на квартална основа изнесува 3,1% и 4,3%, соодветно. И депозитите растеа побрзо во вториот квартал од годината, при што и натаму има поволни движења според валутата и рочноста на депозитите.
Народната банка и во иднина ќе биде внимателна во водењето на монетарната и макропрудентната политика, во време кога сè уште има изразена надворешна и домашна неизвесност. Се нагласува потребата од претпазливост и постојано следење на ризиците заради задржување на стабилноста на банкарскиот сектор и во наредниот период.
Советот на Народната банка ја усвои рамката за одржливост со што се поставува основата за систематско воведување одржливи практики во секојдневното работење. Рамката за одржливост има за цел да придонесе кон поголема енергетска ефикасност, одговорно користење на ресурсите, поттикнување зелени финансии и намалување на јаглеродниот отпечаток, како и кон подигање на свеста и зајакнување на капацитетите на вработените во областа на одржливото работење.
Со нејзиното усвојување, Народната банка ќе продолжи со активностите насочени кон унапредување на еколошките практики, финансиската писменост и одговорното делување, заради долгорочна економска стабилност и општествена благосостојба.
Uncategorized
Iute Pay доби лиценца за издавање електронски пари и давање платежни услуги
Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, официјално доби лиценца од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги.
Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и наосигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.
Отсега корисниците ќе имаат можност да отвараат платежнисметки, да надополнуваат средства на својот дигитален паричник, да пристапуваат до своите средства преку бескартични банкомати, да вршат безготовински трансферна пари во реално време, како и брзи плаќања кон трговци со користење на QR код.
”Лиценцирањето на институција за електронски пари е значаен чекор кој не претставува само регулаторно одобрување, туку почеток на револуција во начинот на кој се нудат и користат финансиските услуги во С.Македонија. Нашата мисија е јасна: да понудиме брзи, беспрекорни и кориснички ориентирани решенија, со највисоки стандарди на сигурност и иновација.
Горди сме што зад оваа иницијатива стои Иуте Групацијата – меѓународен лидер во финтек индустријата, со естонска технологија која веќе го трансформира начинот на плаќања во повеќе земји во и надвор од ЕУ. Сега, таа технологија ќе биде достапна и во Македонија.
Ова е само почеток. Продолжуваме со уште поголема посветеност кон дигитална трансформација, финансиска инклузија и создавање вредност за сите корисници“, изјави Александар Петковски – Извршен Директор на Iute Pay Македонија.
Со оваа лиценца се овозможува издавање електронски парии давање платежни услуги, без посредство на традиционални банки. За разлика од класичните финансиски институции, институциите за електронски парисе фокусираат на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи.
Uncategorized
Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори
Под покровителство на НЛБ Банка д.д., вчеравечер, во Љубљана, со изложбата „Ехо: НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ свечено беше отворена новата Галерија МУЗА. Во присуство на важни гости, меѓу кои претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, странските амбасадори во Словенија, регионални уметници и истакнати личности од културниот и бизнис сектор, изложбата претстави уметнички дела од постоечката колекција на НЛБ д.д., која е најголемата приватна колекција во Словенија, вклучувајќи и дела од врвни уметници од регионот на Југоисточна Европа, правејќи ја Љубљанa, центар на регионалната современа визуелна уметност.

Уметничката колекција на НЛБ, во 2017 година беше прогласена за национално богатство на Република Словенија, а денес брои повеќе од 2000 дела и е најголема приватна колекција на уметност во Словенија. Во 2023 година, НЛБ Групацијата одлучи да продолжи со откуп на уметнички дела, како покровител, партнер и поддржувач на современата уметност во Југоисточна Европа. Така, колекцијата на НЛБ доби интернационална важност со нов концепт и структура, фокусирајќи се на современата уметност. Во изминативе две години, Групацијата откупи дела од 19 уметници од средната и младата генерација на земјите во регионов, кои, се дел од оваа изложба. Во колекцијата вклучени се и дела од тројца меѓународно докажани македонски автори: Христина Иваноска, Јане Чаловски и Нада Прља.
Куратори на изложбата се словенците д-р Мета Кордиш, Тевж Логар и македонската кураторка д-р Мира Гаќина.
По повод отворањето на Галеријата, Блаж Бродњак, претседател на Управата на НЛБ д.д, истакна дека НЛБ Групацијата традиционално е важен покровител, не само на словенечката, туку и на регионалната култура и уметност.

„Со отворањето на галеријата, со гордост започнуваме ново поглавје, бидејќи на пошироката публика ќе ѝ ги изложиме уметничките дела од сите пазари на кои сме присутни. Сакаме Галеријата МУЗА да стане центар на регионалната современа визуелна уметност, да ги поврзе народите кои живеат тука, да се запознаат подобро, да се поврзат и преку културата и уметноста да живеат во хармонија. Затоа, денешниот ден е важен, не само за НЛБ Групацијата, туку и за целиот регион, кој ние во НЛБ Групацијата го нарекуваме наш дом“, рече Бродњак.
Директорот на Галеријата МУЗА, Матко Миоќ по овој повод истакна дека прекрасната сецесионистичка банкарска палата на ул. Чопова во центарот на Љубљана сега ќе блесне во својот полн сјај.
„Словенечкиот музеј на банкарството, кој од 2021 година е сместен на првиот кат од оваа зграда, ќе биде придружен со естетски софистицирана и уникатна галерија на вториот и третиот кат. Банкарската палата станува дом на културата и место за поврзување на бизнисот и уметноста, обединувајќи ја Југоисточна Европа“, изјави Миоќ.
„Изложбата „Eхo – НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ е поделена во три
динамични целини, објасни д-р Мира Гаќина, ко-кураторка на поставката и член на Уметничкиот совет на НЛБ:
„Тие го рефлектираат односот помеѓу сегашноста и промената – отпорот и носталгијата од една страна, индиферентноста од друга, и креативната потрага по нешто ново од трета страна. Трите единствени целини, преку дијалогот помеѓу старата и новата колекција, истражуваат промена во односот кон себе, другите и околината, а се нарекуваат Идентитет, Заедница и Пејзаж“, изјави Гаќина.

Д-р Мета Кордиш, ко-куратор на изложбата Ехо и куратор на уметничката колекција на НЛБ, потенцираше дека почетоците на колекцијата датираат од раните 70-ти години на 20-тиот век, кога облакодерот на НЛБ (Управната зграда) на Трг Републике 2 бил опремен со уметнички дела.
„Изборот следеше јасен концепт и дизајн, а при обнова на зградата, колекцијата беше надградена. Историјата на нејзиното создавање била доверена на стручњаци, бидејќи нивната автономија е клучна за квалитетна колекција, презентација и евалуација. Банката отсекогаш била свесна за важноста на транспарентноста како суштински дел од деловната етика“, рече Кордиш.
Тевж Логар, ко- куратор на изложбата Ехо и претседател на Уметничкиот совет на НЛБ,
смета дека уметниците се критички набљудувачи на своето опкружување, па со
собирањето на нивните дела се ко-создава сведоштво за современиот момент.
„Дизајнот на колекцијата е создаден за да се разликува од други корпоративни
проекти во регионот, комбинирајќи купување, изложбена активност, истражување, издаваштво и институционални врски, што ја надминува класичната претстава за колекција како обична акумулација на артефакти. Овој пристап создава платформа што придонесува за образованието, ги поддржува уметниците и ги подобрува условите за продукција, дефинирајќи ја како важна референца за современата уметност во регионот“, изјави Логар.
Галеријата МУЗА се наоѓа на ул. Чопова бр. 3, во самиот центар на Љубљана, каде што се наоѓа и Словенечкиот музеј на банкарството и ќе биде отворена за посетителите секој ден, (освен понеделник) од 10 до 18 часот.
Изложбата Eхо ќе биде отворена се до 8 февруари 2026 година.
-
Продуктипред 2 месециЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 1 месецДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Потрошувачките кредити повторно во фокус: пониски камати, промоции и полесно аплицирање
-
Банкипред 2 месециСЕПА во Македонија: Брзи, поевтини и дигитални плаќања во Европа од 7 октомври
-
Криптовалутипред 2 месециОбразование за крипто иднината: Binance ги стартува Learning Lab работилниците на Балканот
-
Банкипред 1 месецСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?





