Connect with us

Бизнис

Секој почеток е полесен кога е „како по вода“ – Back to School без финансиски стрес!

Објавено

на

Септември е на прагот со нови возбудливи моменти за децата, но и со нови финансиски предизвици за родителите. Купување книги, ранци, тетратки, прибор за цртање, спортска опрема или нов компјутер – списокот е долг, а трошоците знаат да бидат големи токму во период кога семејниот буџет е најоптоварен.

Како што традиционално се фрла чаша вода за среќа и успешен почеток, така и ние во Mint Credit сакаме да бидеме вашиот добар знак за лесен и безгрижен старт на учебната година. Со Mint Credit добивате aванс до плата – 20.000 МКД со 0% камата и без дополнителни трошоци*.

Колку земаш – толку враќаш!

Со Mint Credit, овој септември училишните подготовки стануваат полесни од кога било. Со понудата аванс до плата добивате финансиска поддршка кога ви е најпотребна, а враќате точно онолку колку што позајмивте.

Она што е најважно е што средствата може да ги искористите каде и да сакате:

  • Во книжара за книги, прибор и училишен материјал,
  • За нова чанта, патики или спортска опрема,
  • За таблет или лаптоп кој ќе им помогне на децата во учењето
  • Или за било која друга потреба поврзана со стартот на учебната година.

Аплицирањето е брзо и лесно преку Mint App – со само неколку клика го добивате потребниот износ директно на вашата сметка. Нема редици, нема чекање, сè завршувате од удобноста на вашиот дом.

Ние веруваме дека секое дете заслужува да тргне во новата учебна година подготвено, со самодоверба, насмевка и чаша вода по нив за успешен почеток. А вие заслужувате да уживате во тие моменти, наместо да се грижите за финансии.

Со Mint Credit, овој септември вашето семејство ќе биде подготвено за нови успеси – лесно, сигурно и без финансиски стрес.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница, контактирајте нѐ на 15 107, или во некоја од нашите филијали. Ние сме тука за вас!

*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.

ПР објава

Бизнис

Иднината на е-трговијата пристигнува во Скопје: осмото издание на најголемата конференција во регионот

Објавено

на

На 4 ноември 2025 година, Скопје повторно ќе биде центарот на е-трговијата на Балканот. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), на 4ти ноември ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија, во просториите на Националната опера и балет. Овој настан ја претставува најголемата и највлијателна конференција од ваков тип во регионот, која веќе осум години по ред ги поврзува најрелевантните чинители од индустријата.

Конференцијата, која трета година по ред има регионален карактер, минатата година собра 742 учесници од целиот Балкан. Оваа година се очекува уште поголема посетеност, што говори фактот дека интерес за конференцијата оваа година во рана фаза се покажува од целиот регион и повеќе од 300 учесници веќе го потврдија нивниото присуство во рана фаза.

Осмото издание на оваа конференција носи и неколку новитети. Првпат, конференцијата ќе се одвива на две сцени, од кои едната ќе биде фокусирана на главни говори, панел дискусии и разговори еден на еден, а другата на практични работилници. Оваа година конференцијата се проширува и тематски, па покрај е-трговијата, фокусот ќе биде и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI) кои се клучни во развојот на дигиталната трансформација и е-трговијата, што значително го зголеми интересот кај компаниите и професионалците од регионот и пошироко.

„Очекуваме над 800 учесници од бизнис секторот од Македонија и од земјите од регионот. Веќе се потврдени говорници од глобални компании како TikTok, Booking, Direct Media и Dolce & Gabbana, а во тек се активни преговори со други светски познати брендови. Интересот од компаниите за учество, партнерство и присуство е поголем од било кога досега, а тоа посебно не радува бидејќи уште еднаш се покажа дека овој настан покрај што е препознаен како најголем бизнис настан во Македонија – истиот е високопосакуван и препознатлив и од целиот регион.” – велат организаторите.

Конференцијата ќе понуди инспиративни говори и реални примери од глобалната и регионалната сцена, како и дискусии за иднината на е-трговијата, маркетингот и примената на AI во секојдневното работење. За подобро поврзување помеѓу учесниците, повторно ќе биде достапна мобилната апликација за однапред закажување индивидуални состаноци. Во рамки на настанот ќе биде поставена и експо зона за промоција на новите производи и услуги на партнерите, како и можности за директен контакт и соработка со компании, стартапи, инвеститори, регулатори и институции.

Овогодинешната конференција е поддржана од Visa како платинум партнер, Халкбанк како стратешки партнер, Корпа како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys се вклучени како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

Регистрацијата за оваа конференција може да се направи преку официјалната веб- страница: https://ecommerceconference.mk.

Наскоро ќе бидат објавени и повеќе детали за агендата и говорниците. Конференцијата веќе најавува незаборавно осмо издание кое не само што ќе ја трасира патеката за развојот на е-трговијата во регионот за 2026 и понатаму, туку и ќе инспирира со конкретни идеи и партнерства што ќе го движат регионот напред.

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте со силен скок во првата половина од 2025: раст на приходите, рекордна добивка

Објавено

на

Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во првата половина од 2025 година, демонстрирајќи силен и стабилен раст.

Приходите на Иуте пораснаа на 59.5 милиони евра, што претставува 10,9% раст во однос на истиот период од претходната година, додека нето-добивката се зголеми за повеќе од половина во споредба со истиот период лани, изнесувајќи 6,7 милиони евра.

„Иуте продолжува сигурно кон патот на реализација на визијата да стане целосно дигитална банка на сите пазари на коишто делува. И покрај макроекономската нестабилност и силната конкуренција, направивме значаен напредок и сме на добар пат да ги исполниме зацртаните цели за приходи и нето-добивка до крајот на годината”– посочи Тармо Силд, Извршен директор на групацијата.

Базата на клиенти остана стабилна, изнесувајќи 260.000 активни клиенти, а во исто време, индексот на отплата CPI30 се подобри од 86,4% пред една година на 87,9%, пришто секое подобрување на CPI30 за еден процентен поен е еднакво на приближно 1 милион евра во дополнителен паричен тек на 100 милиони евра портфолио на кредити.

Растот на групацијата беше поткрепен и со зголемување на ефикасноста од дигитализацијата – на пример, во небанкарскиот бизнис, целосно автоматизираните кредити учествуваа со 30,5% од сите нови исплати.

Покрај кредитирањето, платежните и осигурително-брокерските услуги добија на уште поголем интензитет.

Во првата половина од 2025 година, Иуте ја прошири својата понуда за осигурување со почетокот на партнерствата со Allianz и GrECo. Приходите од овој бизнис сегмент речиси се дуплираа во однос на претходната година, придонесувајќи за диверзификација на приходните текови, дури и надминувајќи го растот од примарната кредитна дејност.

Во јуни, групацијата Иуте успешно го заврши предвременото рефинансирање на својата евро-обврзница за 2021/2026 година, додека во исто време компанијата издаде нови обврзници со висок степен на обезбедување кои доспеваат во 2030 година со вкупен обем од 140 милиони евра, надминувајќи ја почетната цел од 125 милиони евра. Новите обврзници со годишна каматна стапка од 12% беа котирани на берзите во Талин и Франкфурт.

Во јули, меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Iute Group на B- со стабилна перспектива и го додели истиот рејтинг на новите обврзници за 2025/2030 година.

Голем исчекор оваа година беше доделувањето на официјална лиценца за издавање електронски пари и вршење платежни услуги на IutePay Македонија, лиценца со која Иуте Македонија го заокружува еко-системот на услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, неодамна влезе и во осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.

Ова е уште една потврда на заложбата на групацијата и нејзините членки на имплементирање на  последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи и обезбедување на целосно дигитални решенија за плаќања.

Иуте ќе продолжи посветено да работи на раст на активни клиенти во наредните квартали, преку вложување во капитал, технологија и експертиза, како и создавање на услуги кои ќе креираат дополнителна вредност на клиентите.

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Ексклузивна соработка помеѓу Flex Pay и Ria Money Transfer – брзи и сигурни парични трансфери сега достапни во Flex Pay и филијалите на Flex Credit

Објавено

на

Flex Pay потпиша ексклузивен договор за соработка со Capital transfer doo
претставник на Ria Money Transfer, една од водечките глобални мрежи за парични
трансфери.

Со потпишувањето на овој договор, клиентите сега ќе можат да испраќаат и
примаат пари преку Ria – една од најбрзорастечките мрежи за парични трансфери
во светот, присутна во над 190 земји и со повеќе од 500.000 локации глобално.
Услугата ќе биде достапна преку Flex Pay, а активностите за исплата и уплата ќе
се реализираат во филијалите на Flex Credit, со што се овозможува максимална
достапност и практичност за граѓаните низ целата држава преку широко
распространета продажна мрежа.

Со оваа соработка Flex Credit овозможува уште поголема практичност за своите
клиенти. Ria е глобално препознатливо име во трансферот на пари, а Flex Pay
преку ексклузивно партнерство како единствена финансиска институција која ја
застапува RIA ги носи нивните услуги директно до клиентите низ цела
Македонија.

Оваа стратешка соработка претставува чекор напред во дигиталната
трансформација на услугите кои ги нуди Flex Групацијата, со што на клиентите им
се нуди едноставно, брзо и безбедно решение за испраќање и примање средства
од странство.

Мисијата на Ria е да ги поврзува семејствата низ целиот свет на сигурен и
достапен начин. Преку ова партнерство со Flex Pay, ќе бидат уште поблиску до
корисниците – токму таму каде што им е најпотребно.

Со оваа ексклузивна соработка, Flex Pay ја зацврстува својата позиција како нов
клучен играч во финтек сегментот, а Flex Credit ја проширува својата улога како
најдостапна и доверлива финансиска мрежа во земјата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange