Банки
Во услови на светска криза, Развојната банка, овие пет години одигра клучна улога за поддршка на стопанството
Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со Развојната банка ја истакна важноста од континуираната поддршка на компаниите, пред сé малите и средни претпријатија, преку поволните кредити во изминатите пет години, во услови кога светот се соочуваше со кризи незапаметени на светско ниво, на кои не беше имуна ни една економија. На прес конфереренцијата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, како и министрите за финансии Фатмир Бесими и за економија, Крешник Бектеши преку кои надлежни институции се реализираат голем број од проектите.
Кире Наумов, главен извршен директор на Развојна банка зборуваше за работењето на банката и подвлече дека во насока на декарбонизација на глобално ниво, а во функција на обезбедување на поволни зелени кредити, банката ги интензивираше своите активности и преговори со нови меѓународни кредитори.
„Голема чест и задоволство ми претставува, пред вас да зборувам за успесите на банката која оваа година одбележува јубилеј, 25 години постоење, кои значат 25 години континуирана поддршка на домашните компании. Средствата од ЕИБ 7 кредитната линија во износ од 64,5 милиони евра веќе се пласирани кон деловните банки, а новитет е потпишувањето на договорот со Француската развојна агенција за нови 50 милиони евра кои ќе бидат достапни на компаниите преку деловните банки за зелени и социјални инвестиции. Во завршна фаза е и обезбедување на средства од Банката за развој на Советот на Европа во износ од 50 милиони евра кои дополнително ќе им се стават на располагање на микро, малите и средните претпријатија во државата. За работењето на банката говорат и финансиските резултати и тоа, активата на банката во последните 4 години кумулативно е зголемена за 56,2% или во просек по 18,7% годишно. Нето-кредитите во последните 4 години кумулативно се зголемени за 55,0% или во просек по 18,3% годишно. Капиталот на банката во последните 4 години кумулативно е зголемен за 35,2% или во просек по 11,7% годишно. Заклучно со 30.06.2023 година 7,4% од вкупните кредити на банкарскиот сектор пласирани кон нефинансиските друштва се со средства од РБСМ. Во фокусот на Развојна банка и во иднина ќе биде: засилена поддршка на економскиот развој на државата преку поволни кредити; зголемена поддршка на извозот, поддршка на зеленото финансирање како и поддршка на процеси кои се поврзани со дигитализација и иновативни решенија кај компаниите“, истакна директорот Наумов.
„Развојната банка одигра значајна улога во зачувување на ликвидноста на компаниите, задржување на работните места и развој на економијата во услови на глобални поместување. Во период од 2019-2023 година во време на ковид кризата, кога стопанството целосно се затвори, преку Развојната банка беа поддржани 4.148 компании и 37.723 работни места со бескаматни кредити во износ од 45 милиони евра. Во услови на енергетска криза, пак, поддржани се 535 компании и 5.210 работни места со кредити во износ од 32 милиони евра. Со Фондот за развој поддржани се 54 компании и 378 работни места со кредити во износ од 9,2 милиони евра. Или конкретно, изминатите 5 години, почнувајќи од Ковид кризата, потоа енергетската и ценовната криза, Развојната банка со реализација на антикризните мерки и воведените нови производи кои веќе се реализираат тековно, овозможи финансиска поддршка за компаниите во вкупен износ од 378,8 милиони евра со што се поддржани 6.307 компании и 50.529 работни места. Во следниот период се очекува реализација на нови производи и мерки во вкупен износ од 215 милиони евра за поддршка на 855 домашни компании.Ова е дел од она што го правиме како Влада за да ги поддржиме компаниите и во време на кризи, да ја одржат својата ликвидност, но и да ги реализираат инвестициските проекти за да обезбедат раст на своите компании, а со тоа раст и на економијата во целост“, истакна Ковачевски и додаде дека минатата недела, пласирани се 64,5 милиони евра кон домашните компании преку Развојната банка од заемот од Европската инвестициска банка преку ЕИБ 7 кредитната линија за трајни обртни средства и инвестиции за малите и средни претпријатија за инвестиции во зелена транзиција и општествено одговорни инвестиции.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација






