Connect with us
no baners

Банки

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании

Објавено

на

Развојната банка денеска ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.

„Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежи, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства.

Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата.

Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра“, соопштија од Кабинетот на Управен одбор.

Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што Рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.01.2025 година.

Има најава дека Развојната банка, периодов интензивно работи на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите.

Банки

Словенечка НЛБ банка сака да ја преземе Адико банка, во игра и Рајфајзен банка

Објавено

на

НЛБ, најголемата банка од Словенија, објави меморандум за доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико Банк АГ, со што официјално започна процесот на една од позначајните банкарски аквизиции во регионот.

Според објавените информации, НЛБ банка нуди 29 евра во готовина по акција, а понудата се однесува на сите акции на Адико банка. Словенечката банка има цел да обезбеди најмалку 75 отсто од гласачките права, што би ѝ овозможило целосна контрола врз банката.

Доколку НЛБ успее да ги преземе сите 19,5 милиони акции на Адико банка по понудената цена, вредноста на трансакцијата би достигнала околу 565 милиони евра.

Периодот за прифаќање на понудата трае до 22 јули 2026 година, со можност за продолжување до крајот на октомври доколку бидат исполнети одредени услови.

НЛБ банка и претходно го најавуваше интересот за преземање на Адико банка, оценувајќи ја како стратешки важна аквизиција поради нејзиниот фокус на работење со население, како и со мали и средни претпријатија.

Потенцијалното преземање дополнително би ја зајакнало позицијата на НЛБ групацијата во Југоисточна Европа, каде што веќе има значително присуство преку мрежа на банки и финансиски институции.

Адико банка е создадена од поранешниот систем на Хипо Алпе-Адриа банка, а во последните години е насочена кон дигитално банкарство и кредитирање на граѓани и компании.

Објавувањето на меморандумот претставува формален чекор во процесот на преземање, кој сè уште треба да помине низ регулаторни процедури и да добие одобренија од надлежните институции.

Во меѓувреме, и Рајфајзен банка интернационал, најави намера да поднесе доброволна јавна понуда за преземање на сите издадени акции на Адико банка кои не се во сопственост на самата банка.

Продолжи со читање

Банки

Управниот одбор на Алта банка Битола со нов член

Објавено

на

Со именувањето на Стефан Николиќ за нов член на Управниот одбор, комплетиран е менаџерскиот тим на Алта банка, соопшти Банката преку објава на Македонска берза.

Николиќ е назначен со мандат од една година, врз основа на одлука донесена од Надзорниот одбор на 2 март 2026 година, а именувањето е потврдено и со согласност од Народната банка на Република Северна Македонија добиена на 8 мај годинава.

Од Банката посочуваат дека со новото назначување Управниот одбор е целосно екипиран, што треба да овозможи континуирано и ефикасно управување со работењето, согласно стратешките цели и регулаторните обврски.

Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со промотивна понуда за штедење со камата до 3,30 проценти

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди промотивна понуда за орочено штедење „Пролетен депозит“, со фиксна каматна стапка до 3,30 проценти и можност за избор на исплата на каматата – месечно или на крајот од периодот на орочување.

Според понудата, клиентите кои ќе штедат во денари ќе добијат каматна стапка од 3,30 проценти, додека за штедење во евра, американски долари и британски фунти е предвидена камата од 2,50 проценти.

Рокот на орочување изнесува 25 месеци, а промотивната понуда ќе важи до 31 мај 2026 година.

Од банката информираат дека повеќе детали за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange