Фондови
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја информира јавноста за извршени промени во составот на Надзорниот одбор на друштвото.
Со Решение на Централниот регистар на Република Северна Македонија од 07.07.2025 година, извршен е упис на реизбор на Маја Стевкова-Штериева за член на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, со мандат од 07.07.2025 година. Истовремено, извршен е и упис на Рок Папич како нов независен член на Надзорниот одбор, исто така со мандат од 07.07.2025 година.
Со истото решение, избришан е претходниот независен член на Надзорниот одбор, Миран Ковач, чиј мандат заврши на 06.07.2025 година.
Уписот на овие промени е извршен врз основа на Записник од собрание на акционери – Нотарски акт ОДУ бр. 275/25 од 28.03.2025 година од нотар Анита Адамческа од Скопје, како и врз основа на Решенијата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС бр. 14-523/5 и 14-525/7 од 29.05.2025 година, со кои се одобрува реизборот на член и изборот на нов независен член на Надзорниот одбор на друштвото.
Бизнис
Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?
„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.
Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.
Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.
Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.
„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.
Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.
Останато
Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.
„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.
Останато
Македонските пензионери во странство останаа без покачена пензија
Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата.
До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат дискриминација врз основа на местото на живеење, нарушувајќи ја еднаквоста, слободата на движење и правото на социјална заштита.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетува дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната пресуда на Уставниот суд.
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 1 месецПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Митровски: Експлозија на побарувачка за станови од 35 до 60 м² во Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прв задолжителен пензиски фонд: Вашите средства под максимална заштита и контролиран раст


