Бизнис
ПроКредит Холдинг вклучен во германскиот индекс на мали компании SDAX
ПроКредит Холдинг АГ, матичното друштво на германската групација за влијателно банкарство „ПроКредит“, која е претежно активна во Југоисточна и Источна Европа, ќе стане дел одSDAX. Оваа одлука ја објави „СТОКС Лтд“. ПроКредит Холдинг се вбројува меѓу 160-те најголеми јавно котирани компании во Германија, според пазарната капитализација на слободниот промет на акции.
Вклучувањето во SDAX стапи на сила на 9 мај 2025 година. Од своето котирање на регулираниот пазар (Prime Standard) на Франкфуртската берза во 2016 година, ПроКредит постојано се усогласува и со барањата на пазарот на капитал. Најважно е тоа што ПроКредит во 2023 година успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG, претходно: KGaA).
„Вклучувањето на нашите акции во SDAX претставува важна пресвртница за ПроКредит. Ова е силен сигнал што дополнително ја зголемува видливоста на нашата групација на пазарот на капитал и пошироко.“ „Во ПроКредит, убедени сме дека одговорното банкарство во економиите во транзиција имасеопфатно позитивно економско, еколошко и социјално влијание, со атрактивни и одржливи приноси за инвеститорите. Како такви, нашето вклучување во индексот SDAX нè охрабрува и ова го сметаме за знак на почит и признание за она што го правиме, како и во однос на тоа каде го правиме тоа. Во исто време, остануваме цврсто фокусирани и решени да продолжиме со спроведување на нашата амбициозна стратегија за раст и трансформација, што ќе ни овозможи да оствариме дополнително одржливо влијание, како и да создадеме вредност за нашите акционери“, изјави Хуберт Шпехтенхаузер, претседател на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг АГ.
Бизнис
Финтек компанијата Iute Group обезбеди дополнителни 140 милиони евра преку обврзници
Iute Group објави дека успешно пласирала дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра.
Компанијата, која работи на пазарите во Југоисточна Европа, соопшти дека новото приватно пласирање е дел од нејзината стратегија за понатамошен раст и зајакнување на финансиската позиција.
Iute Group е финтек компанија со седиште во Естонија, која нуди потрошувачки кредити, платежни услуги и банкарски решенија на пазарите во регионот на Југоисточна Европа.
Со зголемувањето на обемот на обврзницата на 300 милиони евра, компанијата дополнително го проширува пристапот до капитал за поддршка на своите активности и идни инвестиции.
Бизнис
ЕУ привремено ги укинува царините за азотни ѓубрива за да им помогне на земјоделците
Советот на Европската Унија донесе одлука привремено да ги укине царините за увоз на азотни ѓубрива што се користат во земјоделското производство, како и за суровините за производство на ѓубрива, со цел да се намалат трошоците во производството на храна и кај производителите на ѓубрива.
Според Европската Комисија, се проценува дека поради укинувањето на царинските давачки увозните трошоци ќе се намалат за околу 60 милиони евра.
Дополнителна придобивка од мерката е продолжување на намалувањето на зависноста од ѓубрива што доаѓаат од Русија и Белорусија, како и диверзификација на трговијата со овие производи.
„Оваа одлука им овозможува на европските земјоделци подобар пристап до достапно и сигурно снабдување со ѓубрива. Тоа е добра вест и за земјоделскиот сектор и за потрошувачите. Во исто време го забрзуваме намалувањето на зависноста од Русија и Белорусија и градиме поотпорни синџири на снабдување и партнерства во други делови од светот“, изјави министерот за финансии на Кипар, Макис Керавнос.
Неговата земја до крајот на јуни претседава со ЕУ.
Во пракса, привременото укинување на царините ќе важи само за производи кои сè уште не се увезуваат во ЕУ по преференцијален режим без царини. За да се балансираат интересите на сите учесници на пазарот, мерката е ограничена на количина еднаква на увозот по преференцијален режим во 2024 година, плус дополнителни 20 проценти од увозот од Русија и Белорусија во истата година.
Укинувањето на царините нема да важи за ѓубривата увезени од Русија и Белорусија.
Иако мерката е предвидено да важи една година од објавувањето во Службениот весник на ЕУ, Брисел ќе ја следи состојбата на пазарот на ѓубрива и, доколку биде потребно, ќе предложи измени во спроведувањето или продолжување на рокот на важност.
Во 2024 година, ЕУ увезла два милиони тони амонијак и 5,9 милиони тони уреа за производство на азотни ѓубрива. Дополнително биле увезени 6,7 милиони тони азотни ѓубрива и мешавини што содржат азот.
Иако значителен дел од овие производи доаѓаат од земји кои веќе имаат преференцијален царински третман, големи количини и натаму се увезуваат од држави за кои важи стандардниот царински режим, при што царинските стапки моментално се движат меѓу 5,5 и 6,5 проценти.
Бизнис
Бензините од полноќ поскапуваат, дизелот останува со иста цена
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, со која од 27 мај на полноќ бензините и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.
Со последната пресметка, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во споредба со одлуката донесена на 18 мај.
Новите максимални цени ќе бидат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 94 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 51,144 денари за килограм
Од РКЕ велат дека на светските пазари референтните цени на нафтените деривати бележеле намалување, но дека повисокиот курс на доларот во однос на денарот за 1,0116 проценти влијаел врз конечната пресметка на цените.
Цената на мазутот, пак, се зголемува за 0,330 денари по килограм.
Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците можат да ги формираат и пониско од утврденото ниво.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)


