Connect with us

Продукти

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Објавено

на

Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка– модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа. 

Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.

Новата Интернет банка обезбедува:

• Подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите

• Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели 

• Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции 

• Персонализирани услуги според сечии потреби

• Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички

Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.

Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси,“ изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Новата Интернет банка, која е изработена во соработка со водечката домашна компанија за дигитална трансформација Некстсенс, е доверлив и неизбежен партнер за сечии лични и деловни финансии затоа што заштедува време и пари и ги извршува сите финансиски активности со беспрекорна ефикасност, брзина и безбедност.

Повеќе информации за новата Интернет банка се достапни на следниот линк, а новитетите на Интернет банка за бизнис финансии се достапни на следниот линк.

Банки

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Објавено

на

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.

Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Продолжи со читање

Продукти

Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

Објавено

на

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.

Како функционира Apple Pay?

Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.

Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?

Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.

Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.

Продолжи со читање

Продукти

Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“

Објавено

на

Летото е полно со можности, а ПроКредит Банка е тука да ги отвори сите врати за твоите остварувања! Со промотивниот потрошувачки пакет, донесувањето одлуки е многу поедноставно и планирањето полесно. 

Со оваа идеја, ПроКредит Банка нуди практичен пакет со потрошувачки кредит прилагоден на потребите на клиентите, овозможувајќи им сигурност и стабилност за целиот период. 

Промотивниот потрошувачки пакет вклучува потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, кредитна картичка и дозволено пречекорување.

Дополнително, промотивната понуда вклучува поволности кои им заштедуваат на клиентите време и административни трошоци. Аплицирањето е едноставно, без гаранти, без осигурителна полиса и без нотарски заверки. 

Понудата е достапна и за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити од други банки.

Во ПроКредит Банка секогаш се стремиме да им обезбедиме на клиентите комплетна поддршка. Со воведувањето на промотивниот потрошувачки пакет, целта е да им овозможиме на клиентите сигурност и предвиливост во нивното финансиско планирање и дополнително да им го поедноставиме целиот процес“, истакнува Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица.

Без разлика дали планирате уредување на домот, инвестирање во образование или пак патување – со ПроКредит Банка, сите врати се отворени. 

Аплицирањето може да го направите директно преку веб страницата на банката или со посета на најблиската експозитура.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange