Банки
НЛБ Банка започна со исплата на септемвриските пензии
НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите корисници-пензионери дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, започна од денес (02.10.2023 година – понеделник).
„Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 02.10.2023 година (понеделник) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед”, се вели во соопштението на Банката.
Исплатата на пензиите на благајна во експозитурите на Банката ќе се одвива по рангови идентични како и исплатата минатиот месец:
- 02– ри октомври (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 14.000 денари
- 03 – ти октомври (вторник) 2023 година, пензии со висина над 14.001 денари
НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Банки
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД, кој Банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука, Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој, под раководство на искусен професионалец кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор.
Д-р Шахбаз својата кариера ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.

Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење, претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија.
Халкбанк АД Скопје е стабилна и високо позиционирана банка на македонскиот пазар, еден од најзначајните двигатели на економијата во државата и стабилен партнер на македонските компании и граѓани, со континуиран раст и силни финансиски показатели. Банката ја заврши 2024 година со актива од 1,852 милијарди евра, кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра, депозитна база од 1,325 милијарди евра и нето добивка од над 30 милиони евра. Веќе во вториот квартал од 2025 година активата порасна на 1.922 милиони евра, што е раст за шест месеци од речиси 71 милион евра, депозитната база достигна 1.443 милиони евра, додека кредитирањето вкупно се зголеми за речиси 158 милиони евра, резултати кои ја потврдуваат довербата на клиентите, професионалноста на тимот и стабилната улога на Банката во економијата.
Со поставувањето на Д-р Фатих Шахбаз за Главен извршен директор, Банката продолжува со јасна визија, стратегиски развој и посветеност во унапредувањето на финансиските услуги, дигиталните решенија и поддршката на економскиот раст и развојот на македонскиот пазар.
Банки
Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
На 18 декември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“ од авторите Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за дискусија и презентација на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб-страницата на Народната банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.
Банки
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Паметно управување со трошоците во период на зголемена потрошувачка
Зимскиот период секогаш носи повисоки трошоци, од подготовка на автомобилот и купување на зимска опрема, до избор на грејни уреди, празнични украси, елки и подароци. Во време кога буџетот природно е пооптоварен, секое решение што создава дополнителна вредност е добродојдено. Токму затоа бонус програмата на Халкбанк претставува практичен начин клиентите да добијат дополнителна вредност при редовните сезонски купувања.
Повеќе вредност со секое плаќање
При плаќање со кредитните картички Mastercard и Visa на Халкбанк, во одредени периоди и одредени категории продажни места, автоматски се собираат бонус поени. Вредноста е целосно транспарентна: еден бонус поен еднаков е на еден денар. Понатаму, поените може да се искористат за делумно или целосно плаќање на ПОС терминалите на Халкбанк, со што сметката веднаш се намалува.
Сезоната станува поудобна кога дел од трошокот се враќа назад
Зимските гуми, сервисот пред патувања, грејните уреди, празничната декорација, сите овие купувања можат да носат бонус поени кои подоцна ќе се претворат во конкретно намалување на следното плаќање. На овој начин, сезоната на зголемени трошоци станува поиздржлива, а буџетот полесно се контролира.
Јасно и едноставно користење
Во секој момент постои целосен увид во расположливите бонус поени, преку електронското банкарство, месечниот извод или потврдата по направена трансакција. Начинот на нивното користење е на самиот ПОС терминал, при наплата, се избира опцијата за употреба на поените, а износот веднаш се коригира со нивната вредност. Систем осмислен да функционира природно и без дополнителни чекори.
Паметен начин да се намалат сезонските расходи
Бонус програмата нуди можност едноставно да се добие повеќе од секое редовно купување, без промена на навиките, без дополнителни чекори и без сложени правила. Еден практичен систем што додава вредност таму каде што најмногу е потребна, во периоди на зголемена потрошувачка.
Програмата е уште еден начин банкарските услуги да бидат поудобни и приспособени на секојдневните потреби. Со вакви решенија, Халкбанк продолжува да создава пофункционално и современо корисничко искуство.
-
Продуктипред 2 месециШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица
-
Осигурувањепред 1 месецОд клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање
-
Берзапред 2 месециОГРОМЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО – најголем во последните 12 години
-
Бизниспред 1 месецКолкава е минималната сума што ќе ја добијат работниците по основ на регрес за годишен одмор попознат како К-15!?
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Што ги мотивира граѓаните да штедат во банка – каматите или сигурноста на заштедите?
-
Банкипред 2 месециДевет месеци на раст, иновации и одговорно работење – НЛБ Банка го потврдува статусот на доверлив партнер!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка со добивка од 4,25 милијарди денари во првите девет месеци од 2025 година
-
Интервјуапред 2 месециFinSight Интервју: Маја Стевкова Штериева | Комерцијална банка АД Скопје | Македонска банкарска асоцијација






