Connect with us
no baners

Продукти

МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ МЕСЕЦОТ НА ШТЕДЕЊЕ – штедете со повисоки каматни стапки во Комерцијална банка

Објавено

на

Добар начин како да го започнете октомври, познат и како месец на штедење. Штедете со повисоките каматни стапки во Комерцијална банка до 30.11.2023 година. А, сега Комерцијална банка нуди и поголеми фиксни каматни стапки на депозитите орочени на 12 месеци. Фиксната каматна стапки за денарски депозит орочен на 12 месеци се зголемува на 1,50%, а на девизниот депозит во евра на 1,00%.

Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 30.11.2023 година за штедење со зголемени фиксни каматни стапки. Со тоа, за штедење во денари може да си обезбедите фиксна камата до 3,10%, а за депозитите во евра до 2,10%. Стимулативните каматни стапки за поголеми влогови, пак, достигнуваат и до 4,70% за денарски и до 3,60% за депозити во евра.

Каматните стапки за штедење во Комерцијална банка растат како што расте вашата заштеда:

  • За денарски депозити орочени на 12 месеци каматни стапки од 1,75% до 3,10%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За депозити во евра орочени на 12 месеци каматни стапки од 1,15% до 2,50%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За денарски депозити орочени на 24 месеци каматни стапки од 2,30% до 3,90%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За депозити во евра орочени на 24 месеци каматни стапки од 1,50% до 3,00%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За денарски депозити орочени на 36 месеци каматни стапки од 3,10% до 4,70%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За депозити во евра орочени на 36 месеци каматни стапки од 2,10% до 3,60%, во зависност од висината на орочениот износ.

Штедењето во Комерцијална банка носи и бројни други бенефиции – онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.

Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.

За сите подетални информации на располагање на клиентите им стојат и сите вработени во Комерцијална банка во најблиска експозитура или на е-пошта: [email protected].

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Продукти

КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина

Објавено

на

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.

Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.

Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.

Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.

Продолжи со читање

Продукти

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!

Објавено

на

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.

Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова, банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските услуги.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојална програма

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange