Connect with us

Банки

Народната банка ја објави платежната статистика за вториот квартал од 2024 година: Натамошен позитивен тренд на раст на дигиталните плаќања

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2024 година. Податоците покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози.

Имено, во вториот квартал од 2024 година, забележан е значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата, со картичките издадени од домашните даватели на платежните услуги од 17,2%, и 16,2%, соодветно. Растот на бројот на платежните трансакции се должи пред сѐ на високиот годишен раст на плаќањата во е-трговијата во земјата од 21,8%, при солиден раст од 16,8% и на плаќањата на терминалските уред ПОС.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, особено кај бројот на платежните трансакции од 9,4%, како и помал годишен раст од 0,9% кај вредноста на остварените трансакции, при натамошна зголемена употреба на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Имено, бројот на платежните трансакции со користење на апликациите за мобилно плаќање во вториот квартал од оваа година е поголем за 44,3% од бројот на овие трансакции во истиот период од 2023 година, а солиден годишен раст од 12,6% е забележан и кај бројот на трансакциите иницирани преку онлајн банкарството. Притоа, со користење на апликациите за мобилно плаќање, граѓаните извршиле 63,7% од вкупниот број електронски иницирани платни налози, што укажува на сѐ поголемата употреба  на решенијата коишто им овозможуваат побрзо и поедноставно  иницирање на платежните трансакции.

Податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, коишто покрај изнесените податоци за платежните трансакции на граѓаните во земјата, содржат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата, се достапни на следнава врска.

Банки

АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?

Објавено

на

Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.

Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.

Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.

Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.

Продолжи со читање

Банки

Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.

„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.

Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.

Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:

  • Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
  • Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.

Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.

Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.

Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange