Осигурување
MONEYVAL: Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам
Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни органи.
Значаен придонес кон позитивната оценка имаат и актите, анализите и проценките донесени од страна на Агенцијата и спроведените обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на друштвата за осигурување и посредниците кои продаваат полиси за животно осигурување.
Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и високата свесност и ефикасноста на друштвата за осигурување на живот во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и сеопфатни напори за унапредување на регулаторната рамка и спроведување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Извештајот за нашата земја беше усвоен на 65-тата пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да влијае врз рејтингот на друштвата за осигурување на живот, а претставува и признание за напорите и прогресот на АСО како финансиски регулатор.
Како резултат на двогодишен процес на евалуација во повеќе фази, извештајот за Македонија беше разгледуван и усвоен на 65 пленарна седница на Комитетот на експерти (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во рамки на целокупниот процес во кој учествуваа АСО и друштвата за осигурување на живот, Комитетот MONEYVAL изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ).
Целиот извештај е достапен на следниот линк https://rm.coe.int/moneyval-2023-4-mer-northmacedonia/1680abebe9
Осигурување
Кристоф Рат именуван за член на Управниот одбор на VIG од јануари 2026 година
Надзорниот одбор на Vienna Insurance Group (VIG) донесе одлука за именување на Кристоф Рат за член на Управниот одбор на групацијата, со стапување на функцијата од јануари 2026 година.
Кристоф Рат од септември 2024 година ја извршуваше функцијата заменик-член на Управниот одбор, а со новото именување неговата улога се зацврстува на највисоко управувачко ниво во рамки на VIG.
Во рамки на своите надлежности, Рат е одговорен за компанијата за управување со ризици Risk Consult, како и за надзор на работењето на VIG на повеќе пазари во Централна и Југоисточна Европа.
Тој ќе биде член на Управниот одбор за следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Од VIG упатуваат честитки за новото именување, изразувајќи уверување дека искуството и експертизата на Кристоф Рат ќе придонесат за понатамошен стабилен развој и зајакнување на позицијата на групацијата на регионалните пазари.
Осигурување
КЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелско однесување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО).
Според КЗК, во усогласеното однесување учествувале: Евроинс Осигурување, Триглав Осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава Осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна Полиса, Халк Осигурување и Кроација Осигурување.
Во постапката било утврдено дека компаниите во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година разменувале чувствителни информации, координирале активности и речиси истовремено донеле идентични одлуки за зголемување на режискиот додаток, односно делот од премијата што се однесува на вршење на дејност.
КЗК оценува дека ваквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, што е најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Со размената на информации и паралелното носење ценовни одлуки, независната деловна политика била заменета со колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането.
Врз основа на утврдените факти, КЗК изрече прекршочни санкции во вкупен износ од околу 280.000 евра. Ова значи дека секоја од десетте осигурителни компании би платила просечно по околу 28.000 евра казна.
Од Комисијата нагласуваат дека остануваат посветени на заштита на фер пазарни услови, спречување на картели и обезбедување конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството.
Осигурување
Флекс брокер: Една година сигурност, доверба и најбрз раст на осигурителниот пазар
Осигурителното брокерско друштво Флекс брокер, дел од групацијата Флекс, одбележува една година од своето формирање – година исполнета со забрзан раст, силно присуство на терен и надминување на сите почетни проекции.

Иако компанијата беше основана во една од најтурбулентните години за осигурителниот сектор, период во кој довербата во брокерските друштва беше значително нарушена, Флекс брокер успеа да стане препознатлив избор за над 15.000 клиенти, со реализирани над 80 милиони денари премија, што ја позиционира компанијата како најбрзорастечко брокерско друштво во државата.

Во изминатите 12 месеци компанијата го зголемуваше своето присуство на пазарот формирајќи мрежа од над 110 продажни локации низ Македонија, ја зајакна соработката со сите водечки осигурителни компании, креираше пакет-понуди за автомобилско, домаќинско, патничко и приватно здравствено осигурување и го прошири тимот кој денес брои 27 вработени.
Тимот на Флекс брокер е поддржан од партнерската структура на групацијата Флекс, која покрај финансиското друштво Флекс кредит, ги вклучува и брендот Земи пари и Националната агенција за наплата – НАН.
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Продуктипред 2 месециПразничен промо депозит од ПроКредит Банка – Повеќе добивка за одличен старт на 2026
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст



