Connect with us
no baners

Останато

ММФ: Ескалацијата на Блискиот Исток би можела значително да влијае на глобалната економија

Објавено

на

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика значителни економски последици за регионалната и глобалната економија, додека цените на суровините ќе останат под максимумот од минатата година, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Потенцијалот за понатамошна ескалација на конфликтот ги зголемува ризиците и неизвесноста и може да има значителни економски последици за регионот и пошироко. ММФ продолжува со внимание и загриженост да ја следи ситуацијата во јужен Либан“, изјави портпаролката на ММФ Џули Козак.

Таа посочи дека е премногу рано да се предвидат конкретни влијанија врз глобалната економија, но додаде дека економиите во регионот веќе претрпеле големи последици, особено во Газа, каде што цивилното население „се соочува со тешки социо-економски услови, хуманитарна криза и недоволна испорака на помош“.

Останато

Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?

Објавено

на

Велигденските празници традиционално носат изменето работно време кај институциите, компаниите и услугите во земјава. Во 2026 година неработни денови се 10 април (Велики Петок), 12 април (Велигден) и 13 април (вториот ден на Велигден).

10 април е Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека за граѓаните од другите верски заедници е работен ден. На 12 и 13 април (Велигден и вториот ден на Велигден), како државни празници, повеќето институции, јавната администрација и дел од приватниот сектор нема да работат.

Вообичаено, во деновите околу празниците државните служби, шалтерите и управните институции работат со скратено работно време или се целосно затворени за време на неработните денови.

Трговските објекти, маркетите и трговските центри најчесто функционираат со изменет режим на работа, при што дел од нив работат со скратено работно време, а на самиот празник голем број објекти остануваат затворени.

Банките, поштите и другите услужни дејнсти, исто така, не работат во неработните денови, или имаат изменето и скратено работно време во деновите пред празниците. Во меѓувреме, јавниот превоз најчесто функционира по празничен, односно неделен возен ред, со намален број на линии.

Бидејќи работното време може да варира од институција до институција, препорачливо е граѓаните однапред да се информираат за режимот на работа на службите и услугите што планираат да ги користат.

Продолжи со читање

Останато

Можен е недостиг на гориво во Европа веќе од 20 април

Објавено

на

Европските бензински пумпи би можеле да останат без гориво веќе од 20 април, предупреди директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), Кирил Дмитриев.

Дмитриев, кој воедно е и специјален претседателски пратеник за економска соработка со странство, изјави дека последните пратки на енергенси кон Европската унија ќе пристигнат преку Ормускиот теснец на 11 април. Тој повика на претпазливост, порачувајќи дека сите треба „да ги врзат појасите“ поради можните турбуленции на пазарот.

Во меѓувреме, германската економија се соочува со рецесија, делумно поради високите трошоци за енергија по прекинот на испораките на руски гас. Според податоците на федералниот завод за статистика Дестатис, бруто-домашниот производ се намалил за 0,2 проценти во 2024 година, што претставува втор последователен годишен пад.

Сличен пад во две последователни години последен пат бил забележан во периодот 2002–2003 година.

Изјавите доаѓаат во време на зголемена неизвесност на енергетските пазари, поттикната од геополитичките тензии и прекините во снабдувањето.

Продолжи со читање

Останато

Околу 40 земји разгледуваат заедничка акција за отворање на Ормускиот теснец

Објавено

на

Околу 40 земји започнале разговори за координирана акција со цел повторно отворање на Ормускиот теснец, со цел да се спречи Иран да „ја држи глобалната економија како заложник“, соопштија по виртуелниот самит одржан во британското Министерство за надворешни работи во Лондон.

Иницијативата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека обезбедувањето на оваа клучна поморска рута е „задача за други“.

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер истакна дека „непромисленоста“ на Иран во блокирањето на теснецот сериозно ја погодува глобалната економска безбедност. На виртуелниот состанок учествувале претставници од Франција, Германија, Канада, Обединетите Арапски Емирати и Индија.

„Сведоци сме како Иран ја узурпира меѓународната поморска рута за да ја држи глобалната економија како заложник“, изјави Купер во воведното обраќање, додека остатокот од состанокот се одвивал зад затворени врати.

Според официјални извори, Соединетите Американски Држави не учествувале на разговорите. Европските дипломати посочуваат дека формирањето на коалиција е сè уште во рана фаза, при што водечка улога имаат Велика Британија и Франција.

Разговорите се фокусираат на тоа кои земји се подготвени да се приклучат, како и на обезбедување доверба кај сопствениците на бродови повторно да пловат низ регионот, со цел да се намалат и трошоците за осигурување.

Портпаролот на француските вооружени сили Гијом Вернеизјави дека процесот ќе се одвива во повеќе фази и нема да може да се реализира додека конфликтите не се смират или завршат.

Тој додаде дека ќе биде потребно обезбедување доволен број пловни средства, координација во воздух и на море, како и размена на разузнавачки информации.

Британските власти најавија дека следната недела ќе бидат домаќини на состанок на воени стратези, каде ќе се разгледуваат конкретни чекори за реализација на оваа иницијатива.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange