Банки
МБА: Надминат е проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard.
Претходно во јавноста излезе информација дека голем дел од корисниците на платежни картички имаат проблем со редовното функционирање односно речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење.
Иако постоеше проблем со функционирањето на платежните картички од картичните брендови Visa и MasterCard, паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент.
Банки
ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.
Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!
Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.
На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.
„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, известуваат од Комерцијална банка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.
Банки
Стопанска банка АД – Скопје: Неработен ден по повод празникот Рамазан Бајрам
Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека дека по повод празникот Рамазан Бајрам, филијалите на Банката нема да работат на 20.03.2026 (петок).
За време на празникот, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.
ЗАБЕЛЕШКА: Согласно официјалниот календар, платформата МИПС нема да биде оперативна за трансакции на 20 март 2026 година.
Вработените и менаџментот на Стопанска банка АД – Скопје на сите клиенти и соработници од муслиманската вероисповед им го честитаат празникот.
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка



