Банки
Мастеркард и Стопанска банка најавуваат нови решенија за развој на дигиталните плаќања
Дигиталните плаќања во Македонија продолжуваат да растат, а вредноста на електронските и картичните трансакции се зголемува со побрзо темпо од повлекувањето готовина, што укажува на промена во платежните навики на граѓаните.
Ова го посочува Бартож Циолковски од Мастеркард, говорејќи за новото партнерство со Стопанска банка и потенцијалот за понатамошен развој на дигиталниот платежен екосистем во земјата.
„Тоа претставува јасен показател за структурни промени во навиките и однесувањето на клиентите“, истакнува Циолковски, посочувајќи дека просторот за понатамошен развој останува значителен.

Партнерството меѓу Мастеркард и Стопанска банка е насочено кон унапредување на дигиталните плаќања и подобрување на корисничкото искуство, како и кон воведување нови дигитални решенија.
Следната фаза од дигитализацијата, според Циолковски, ќе подразбира пошироко прифаќање на безготовинските плаќања кај трговците, развој на понапредни дигитални банкарски услуги и дополнително зајакнување на електронската трговија.
Посебен фокус се очекува да има и на малите бизниси и нивното поголемо вклучување во дигиталната економија.
За забрзување на овој процес ќе биде потребна континуирана соработка меѓу банките, трговците, регулаторите и технолошките компании, со цел создавање подостапни, побезбедни и поедноставни дигитални платежни решенија за корисниците.
Банки
Комерцијална банка: Двојни поени во BonusBox за членовите на Zipp Club до 30 септември
Комерцијална банка во текот на септември им овозможува дополнителна поволност на членовите на Zipp Club, преку промотивната акција „Zipp-тември“.
Во рамки на кампањата, секој член на Zipp Club кој е регистриран во BonusBox добива двојни поени при плаќање со Zipp картичката.
На тој начин, корисниците можат побрзо да собираат поени и да ги искористат за дополнителни поволности и изненадувања во рамки на програмата.
Акцијата важи до 30 септември, а од Комерцијална банка ги повикуваат и оние кои сè уште не се членови да се приклучат на Zipp Club.

Од Банката посочуваат дека Zipp Club е концепт кој, покрај банкарските услуги, на своите членови им нуди и дополнителни бенефиции и погодности.
Банки
НЛБ Банка со донација за 25 здруженија на пензионери низ Македонија
По повод Денот на пензионерите, 20 септември, НЛБ Банка Скопје ја продолжи поддршката за пензионерската заедница преку учество на настан организиран во Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.
Во рамки на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка со СЗПМ, Банката обезбеди донација за 25 здруженија на пензионери низ земјата. Донацијата опфаќа друштвени и спортски реквизити наменети за заеднички активности, дружење и поквалитетно поминување на времето во пензионерските клубови.

Покрај донацијата, претставници на НЛБ Банка преку разговори и практични совети ги запознаа присутните со можностите што ги нуди Сребрениот пакет, наменет за пензионерите, како и со начините за побезбедно и поедноставно користење на дигиталните банкарски услуги.
Од Банката посочуваат дека финансиската едукација, довербата и достапноста до услугите се важен дел од поголемата сигурност и самостојност на повозрасните граѓани во секојдневието.

Со оваа активност, НЛБ Банка ја продолжува соработката со пензионерската заедница и поддршката на иницијативи насочени кон поактивно, поинформирано и поквалитетно секојдневие на лицата од третото доба.
Банки
АЛТА банка започна спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром
Од АЛТА банка посочуваат дека партнерството со еден од најпознатите македонски кошаркарски клубови е дел од нивната заложба за поддршка на спортот и вредностите што тој ги промовира.
„Со задоволство ја започнуваме нашата спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром – клуб со голема традиција, силен идентитет и значајно место во македонската кошарка“, наведуваат од банката.
Оттаму додаваат дека поддршката на спортот ја гледаат како поддршка на посветеноста, тимскиот дух, дисциплината и стремежот кон подобри резултати.
Целта, како што истакнуваат од АЛТА банка, е партнерството да биде повеќе од класично спонзорство и да создава дополнителна вредност за клубот, навивачите, клиентите на банката и пошироката заедница.
„Со заедничка енергија – кон нови успеси“, порачуваат од АЛТА банка по повод почетокот на соработката со МЗТ Скопје Аеродром.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





