Connect with us
no baners

Останато

Комерцијална банка со предупредување за измамничка e-mail кампања

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека е забележана нова измамничка кампања со испраќање лажни електронски пораки, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката и известува за наводен пристигнат прилив.

Од Банката апелираат до клиентите и до граѓаните да бидат внимателни и да внимаваат на следниве карактеристики на ваквите пораки:

– барање да се отвори или симне документ од прилог,

– барање да се кликне на линк (на пр. за ажурирање на корисничка сметка),

– барање да се внесат доверливи податоци како корисничко име, лозинка, PIN на картичка или матичен број.

Пример за измамничка кампања

Целта на овие пораки е прибирање на лични податоци или инсталација на злонамерен софтвер со што се овозможува нивна понатамошна злоупотреба.

Комерцијална банка апелира овие пораки веднаш да се игнорираат, а граѓаните да бидат особено внимателни при отворање на е-пораки од непознати испраќачи. Дополнително, Банката охрабрува информацијата да се сподели понатаму за да се заштитат што поголем број корисници.

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Економијата e стабилна, се продлабочува соработката со ММФ

Објавено

на

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека македонската економија останува стабилна и покрај глобалните предизвици, по средбата со извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд, Јерон Клик.

На состанокот се разговарало за актуелните економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочува земјата во услови на глобална неизвесност. Според министерката, институциите се целосно посветени на зачувување на економската стабилност.

Воедно, било отворено прашањето за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ММФ, особено во делот на техничката и експертската поддршка. Оценката е дека ваквата соработка има значајна улога во креирањето поквалитетни економски политики и зајакнување на институционалните капацитети.

Димитриеска-Кочоска нагласила дека фокусот останува на внимателно управување со јавните финансии и спроведување политики што обезбедуваат сигурност, стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисот.

Средбата се одржува во период на засилени глобални економски неизвесности, при што Владата очекува дека преку внимателни политики и соработка со меѓународните институции ќе се одржи макроекономската стабилност.

Продолжи со читање

Останато

Потпишани 11 нови договори за грантови со општините за унапредување на предучилишното образование

Објавено

на

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалници од десет општини, потпиша 11 нови договори за грантови, со што продолжуваат инвестициите во развојот на предучилишното образование и грижата за децата.

Договорите се склучени со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње.

Станува збор за активност во рамки на втората компонента од Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), чија цел е проширување на опфатот и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Со договорите е предвидено реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, кои ќе бидат адаптирани во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Овој модел овозможува брзо и одржливо решение преку формирање предучилишни групи во алтернативни просторни услови, со што директно се зголемува достапноста на услугите за децата и нивните семејства.

Минатата година беа потпишани и два договори со општините Кавадарци и Кисела Вода, а со новите 11, вкупниот број достигнува 13 договори, што претставува значителен напредок во проширувањето на предучилишните услуги на национално ниво.

Во обраќањето, министерот Лимани нагласи дека ваквиот пристап го зголемува опфатот на децата, го доближува системот до граѓаните и обезбедува еднакви можности за секое дете.

„Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е доказ дека со заедничка посветеност можеме да постигнеме конкретни резултати. Новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар развој на децата, поголема подготвеност за училиште и намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст. Министерството останува посветено на инвестиции во раното детство, затоа што токму тука започнуваат еднаквите шанси“, изјави Лимани.

Продолжи со читање

Останато

Собраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари

Објавено

на

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во натамошна процедура. Со предложените измени, по скратена постапка, се предвидува зголемување на сите пензии за 1.000 денари, кое би важело од 1 март годинава.

Според предлагачите, ова е четврта измена на законот во изминатиот период, со која вкупното зголемување на пензиите достигнува 7.000 денари за помалку од две години. Мерката ќе ги опфати сите пензионери кои го оствариле правото на пензија заклучно со 28 февруари 2026 година.

Пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека со ова решение се продолжува политиката за подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на сиромаштијата.

Предлог-законот сега ќе се разгледува во понатамошна собраниска постапка, каде ќе треба да добие поддршка за конечно усвојување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange