Connect with us
no baners

Фондови

КБ Прв задолжителен пензиски фонд: Вашите средства под максимална заштита и контролиран раст

Објавено

на

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, управуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, ги собира средствата од придонесите на своите членови и од нивниот инвестиционен принос. Средствата се целосно издвоени од имотот на друштвото и доверени на чување кај банка чувар, што гарантира висок степен на сигурност.

Инвестирањето се спроведува според законски прописи, инвестициската стратегија на Фондот е под надзор на МАПАС, со цел остварување на максимален принос за членовите, истовремено минимизирајќи го ризикот преку диверзификација и финансиска анализа. Средствата на членовите не можат да бидат предмет на побарувања или извршување од доверителите на друштвото.

Прв задолжителен пензиски фонд ја потврдува својата посветеност кон сигурност, транспарентност и контролиран раст на средствата на своите членови.

no baners

Бизнис

25 милиони евра за зелено работење: најмалку 300 компании ќе добијат грантови до 2030 година

Објавено

на

Проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“ обезбедува финансиска поддршка од вкупно 25 милиони евра за мали, микро и средни компании во Македонија во периодот 2026–2030 година. Преку оваа шема се очекува директна поддршка за најмалку 300 компании, со цел забрзување на зелената транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Од вкупниот износ, 22 милиони евра се наменети за грантови, додека компаниите ќе учествуваат со сопствено кофинансирање од 20 до 50 проценти, во зависност од инструментот. Поединечните грантови ќе се движат од 5.000 до 300.000 евра и ќе опфатат техничка и советодавна поддршка, воведување меѓународни стандарди, набавка на опрема, имплементација на нови технологии и развој на зелени и иновативни производи.

Првите јавни повици се очекуваат во средината на 2026 година. Проектот предвидува и организирање инфо-карван во соработка со општините, стопанските комори, регионалните центри и секторските здруженија, со цел навремено информирање и поголема вклученост на компаниите.

Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, истакна дека проектот претставува важен чекор кон трансформација на македонската економија.

„Ова е можност компаниите да инвестираат со поддршка и да се подготват за новите барања на пазарот. Зелената трансформација не е трошок, туку инвестиција во иднината и конкурентноста на македонските компании на европскиот пазар“, нагласи Димовска.

Проектот е насочен првенствено кон компании од производствениот сектор, но и кон други дејности кои придонесуваат за намалување на отпадот, енергетска ефикасност и зголемена употреба на обновливи извори на енергија.

Од вкупната вредност на проектот, 18 милиони евра се обезбедени од Европската Унија, додека седум милиони евра се национални средства.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека проектот претставува стратешка инвестиција во долгорочниот развој на економијата.

„Оваа поддршка ќе им овозможи на околу 200 компании подготовка и имплементација на меѓународни еколошки и одржливи стандарди, со што ќе се зголеми нивното учество во европските и глобалните синџири на добавувачи“, изјави Премиерот Мицкоски.

Со проектот се очекува забрзано воведување зелени практики, отворање нови работни места и создавање поодржлив и конкурентен бизнис-екосистем во Македонија.

Продолжи со читање

Бизнис

Кога грижата станува традиција: петта акција на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со кампањата „Замени и засади“

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја реализираше по петти пат својата еко-акција во рамки на кампањата „Замени и засади“, која се одржа на 12 декември 2025 година во идиличниот амбиент на планинскиот центар „Гризли“,масив Јасен – Козјак. 

Настанот претставува значаен чекор во континуираните заложби на Друштвото да создава позитивно, мерливо влијание врз животната средина преку одржливи и општествено одговорни иницијативи.

Целта на кампањата е да се поттикне членството во задолжителниот и доброволниот фонд на КБ Прво да го замени зелениот плик за пензиска заштеда со извештај по електронска пошта, за што во негово име Друштвото ќе засади по едно дрво.

Во текот на акцијата, тимот на КБ Прво засади нова шумска површина – простор кој од овој момент ќе биде препознатлив по таблата со официјалното име на Друштвото, означувајќи го како „Шумата на КБ Прво“.

Во акцијата, како наши деловни соработници свој придонес дадоа и вработените на Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.

Овој симболичен и траен белег ја претставува долгогодишната определба на Друштвото да придонесува зазачувување на природата.

Акцијата ја потенцира важноста на тимската одговорност, солидарноста и колективниот ангажман во креирање подобра иднина. Секој член на тимот даде личен и значаен придонес, со што уште еднаш се нагласи вредноста на заедничкото делување и корпоративната култура која стои зад мисијата на „Замени и засади“.

КБ Прво продолжува да ја јакне својата улога како лидер во ESG иницијативите во пензискиот сектор, вложувајќи во активности што создаваат долгорочни придобивки и одразуваат вистинска грижа за заедницата и природата. 

Со оваа акција, Друштвото уште еднаш ја потврди својата посветеност кон општествено одговорно работење и создавање трајни вредности за сегашните и идните генерации.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229

Галерија:

Продолжи со читање

Бизнис

КБ Прво пензиско друштво го одбележа Светскиот ден на штедењето со порака за сигурна иднина

Објавено

на

По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, КБ Прво пензиско друштво упати потсетник дека секој паметен финансиски избор денес создава посигурна иднина утре.

Во светот на финансии, штедењето не е само навика, тоа е инвестиција во себе, во своите најблиски и во спокојна иднина.

Од Друштвото порачуваат дека и најмалите уплати имаат значење, бидејќи со упорност и дисциплина може да се изгради стабилна финансиска иднина.

Преку доброволниот пензиски фонд на КБ Прво, граѓаните имаат можност самостојно да уплаќаат средства, во износ и во време кое самите го одбираат, создавајќи дополнителна пензија и чувство на сигурност за иднината.

Со дваесетгодишно искуство во управување со пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво останува партнер на граѓаните во градењето на долгорочна финансиска стабилност.

„Штедењето е нешто што ќе остане – затоа започнете денес.“

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange