Банки
Комерцијална банка: Известување за девизни СЕПА кредитни трансфери

Комерцијална банка известува дека од 07.10.2025 година се овозможени девизни СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, кои може да се реализираат во експозитурите и филијалите на Банката или електронски преку новиот портал за Интернет банка https://online.kb.mk/.
Важни напомени за девизните СЕПА кредитни трансфери:
- Можат да се извршуваат исклучиво во валута евра, кон земји членки во СЕПА географскиот регион и кон банки регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.
- Термински план за извршување СЕПА кредитни трансфери со валута ист ден е 12.00 часот.
- Дали една девизна трансакција ќе се изврши како СЕПА кредитен трансфер (за плаќање кон странство и за прилив од странство) е прашање на договор меѓу партнерите во зделката.
- За СЕПА кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.
Електронски налози за девизните СЕПА кредитни трансфери не се достапни на стариот портал banka.com.mk, туку само на новата Интернет банка, каде може да се најавите со истото корисничко име, лозинка и УСБ дигитален сертификат, кои веќе ги користите на стариот портал banka.com.mk.
Порталот banka.com.mk наскоро ќе биде деактивиран, а за да продолжите со користење на електронското банкарство, потребно е клиентите да се префрлат на порталот https://online.kb.mk. Новата Интернет банка е со модерен изглед и напредни функционалности и на клиентите им овозможува лесно, брзо и напредно управување и контрола на личните и деловните финансии.
Повеќе информации за СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица може да најдете на kb.mk.
Банки
ЕЦБ започнува реконструкција на челните позиции – нови лидери, нови предизвици

Европската централна банка (ЕЦБ) влегува во двегодишен период на значајни промени на врвот, при што две третини од членовите на Извршниот одбор ќе бидат заменети, вклучувајќи ја и претседателката Кристин Лагард. Процесот се очекува да започне на состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург, каде ќе се отворат првите дискусии за наследниците на сегашните лидери на институцијата.
Најважната позиција за наследник на потпретседателот Луис де Гиндос ја привлекува вниманието на европските финансиски пазари. Меѓу споменуваните кандидати се гувернерот на Банката на Финска, Оли Рен, како и економистите Клара Рапосо од Португалија и Кристина Папаконстантину од Грција. Во игра се и директорката на Европската инвестициска банка, Надја Калвино, и гувернерот на Хрватската национална банка, Борис Вујчиќ.
Покрај тоа, ЕЦБ наскоро ќе има нов главен економист, што се очекува да биде од стратешко значење за Франција. Кандидатите на оваа позиција вклучуваат поранешната главна економистка на ОЕЦД, Лоренс Бун, професорката по економија Хелен Реј, заменик-гувернерката на Банката на Франција Агнес Бенаси-Сер, како и главната економистка на ММФ, Пјер-Оливие Гуринча.
Според шпекулациите, Холанѓанецот Клас Нот и Шпанецот Пабло Ернандез де Кос се потенцијални наследници на претседателката Лагард. Германија, која досега не го имала претседателството на ЕЦБ, разгледува кандидати како Јоаким Нагел и Изабел Шнабел, но земјата се соочува со предизвик поради веќе високото присуство во други европски институции, вклучително и претседателството на Европската комисија и Надзорниот одбор на ЕЦБ.
Новите лидери на ЕЦБ ќе имаат стратешка улога во одлучувањето за каматните стапки, проширувањето на еврозоната, справувањето со глобалната економска фрагментација и воведувањето на дигиталното евро, што е клучен чекор за зајакнување на економската безбедност и меѓународната позиција на заедничката валута.
Банки
ТТК Банка АД Скопје започнува со СЕПА кредитни трансфери – побрзи и поевтини плаќања во евра

Од 8 октомври 2025 година, ТТК Банка АД Скопје започнува со извршување кредитни трансфери- плаќања преку СЕПА овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи, поедноставни и поевтини трансакции во евра со сите земји членки на СЕПА.
Клиентите на Банката ќе можат да вршат и да примаат плаќања во евра во над 40 земји членки на СЕПА, со истата сигурност и ефикасност како и кај домашните трансфери, без потреба од посреднички банки.
Значајна придобивка се и повеќекратно пониските надоместоци, кои започнуваат од само 3,2 евра за најголемиот број СЕПА кредитни трансфери.
СЕПА кредитните трансфери се извршуваат исклучиво во валутата евро (EUR), кон земји членки на СЕПА регионот и кон банки регистрирани за СЕПА плаќања, со термин за извршување со валута истиот ден до 12:00 часот.
ТТК Банка успешно го заврши процесот на интеграција и се позиционира како втора банка од земјата по подготвеност, впишана во официјалниот СЕПА регистар од 5 октомври, потврдувајќи ја својата стручност и усогласеност со европските стандарди во плаќањата. На 7 октомври Банката ја реализираше првата успешно извршена трансакција во системот, пред официјалниот старт за клиентите.
Со приклучувањето кон СЕПА, ТТК Банка овозможува вистински европски стандард во плаќањата, нудејќи побрз, поевтин и побезбеден начин за трансакции во евра и правејќи значаен чекор во развојот на платежните услуги и нивното усогласување со европските стандарди.
Повеќе информации за СЕПА кредитните трансфери, тарифите и условите се достапни на: www.ttk.com.mk
Банки
ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИНАНСИСКИ СЕКТОР – направени се првите СЕПА трансакции

Денес, Македонија направи голем чекор кон интеграција со европското платежно подрачје, успешно реализирајќи ги првите трансакции преку SEPA (Single Euro Payments Area) системот. SEPA системот им овозможува на граѓаните и компаниите од земјата да добијат пристап до стандарди што важат за сите земји во ЕУ и пошироко во Европа.
SEPA овозможува побрзи, посигурни и значително поевтини девизни плаќања во евра, при што:
- Трошоците за граѓаните се намалуваат до 6 пати,
- Трошоците за компаниите се намалуваат до 8 пати,
- Трансакциите се извршуваат во рок од еден работен ден,
- Плаќањата стануваат едноставни како домашни трансфери, кон повеќе од 40 земји членки на SEPA зоната.
Овој напредок претставува значајна економска и технолошка интеграција на Македонија во европските финансиски текови, отворајќи нови можности за граѓаните и особено за бизнис секторот со меѓународна соработка.
Со имплементацијата на SEPA, домашните банки ја потврдуваат својата ориентација кон дигитализација, ефикасност и европски стандарди, што ќе придонесе за поголема конкурентност и подобро искуство за сите корисници на финансиски услуги.
СЕПА денес претставува не само технолошки исчекор, туку и симбол на економска поврзаност и модернизација на платниот систем на Македонија.
-
Продуктипред 2 месеци
НЛБ Банка со промотивна фиксна каматна стапка од 8,9% за сите безготовински трансакции со НЛБ haPPy картичката
-
Продуктипред 2 месеци
Потрошувачки кредити од Комерцијална банка со нова можност – животно осигурување со плус погодности
-
Продуктипред 2 месеци
Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“
-
Продуктипред 1 месец
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка
-
Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу пензија од втор и од трет столб
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?
-
Банкипред 2 месеци
Добре дојде во светот на Bonus Box – новата програма за лојалност од Комерцијална банка
-
Бизниспред 2 месеци
За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7