Connect with us

Продукти

Како до светла иднина и финансиска независност?

Објавено

на

Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност.

На патот до вашата финансиска слобода, често ќе треба да се соочите и со надминување на некои препреки и прилагодувања, но, со посветено и паметно финансиско менаџирање, целите се секогаш достижни.

Еве неколку совети кои може да ги искористите во таа насока:

  • Поставете јасни цели.
    Дефинирајте што точно посакувате. Реновирање на вашиот дом; професионално или академско надградување; патување; започнување на ваш личен бизнис.. Притоа, секогаш поставувајте ги целите за исполнување по личен приоритет.
  • Дефинирајте потребен буџет:
    Следете ги вашите приходи и трошоци. Ова ќе ви помогне да разберете каде одат вашите пари и како би можеле да го намалите трошењето или да заштедите повеќе.
  • Функционирајте во рамки на вашите можности.
    Избегнувајте прекумерно трошење и инфлација на животниот стил. Потрошете помалку отколку што заработувате и зачувајте ја разликата. Така ќе создадете простор за заштеди и инвестиции.
  • Отплатете го долгот со висока камата.
    Приоритет нека ви биде што е можна побрза отплата на долгови со висока камата. Намалувањето на долгот ќе ослободи повеќе од вашиот приход за штедење и вложување.
  • Останете посветени.
    Дисциплината и посветеноста ќе ве држат мотивирани и фокусирани за да стигнете до посакуваното.

Во однос на банкарски понуди, кои се соодветни и вредни за разгледување за реализирање на некоја од вашите цели, Халкбанк ви го посочува нивниот Потрошувачкиот кредит со полиса од незгода.

Овој ненаменски кредит може да се искористи за задоволување на важни потреби, но и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може знаително да се добие и намалување на месечните рати.

Се работи за единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им овозможува и дополнителен слој на заштита. Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 5,9% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилна каматна стапка дефинирана како: 2 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 6% (8% номинална каматна стапка), не пониско од 7%.

За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.200.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Провизијата за обработка на кредитот изнесува 0,5% еднократно однапред, а во случај на негова предвремена отплата, не се наплатува провизија. Задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 1000 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Банки

„Ај реално“ – HALK EZ караван на кој ќе се слуша гласот и изборот на младите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ – иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе разговара со средношколците на теми блиски до нивната реалност. Модератор на средбите ќе биде младиот актер Дејан Димоски.

Ај реално“ не е класично предавање. Наместо тоа, средбите се замислени како отворен разговор, каде младите не се само слушатели, туку активни учесници. Преку лични приказни, искуства и интеракција, се отвораат теми што секојдневно ги засегаат – притисокот од околината, стравот од погрешни избори, дилемите околу иднината и првите чекори кон самостојноста.

Во време кога од младите се очекува да имаат одговори, „Ај реално“ тргнува од поинаква перспектива – дека е во ред да не си сигурен, но да имаш храброст да го пронајдеш сопствениот пат. Наместо да наметнува решенија, иницијативата отвора простор за прашања, размислување и личен избор.

За Кики, како една од бренд амбасадорите на Халк, ова е голем и искрен предизвик да се сретне со свои врсници и заедно, искрено да рушат бариери и предрасуди.

„Важно е да сме искрени и да разговараме. Ние припаѓаме на генерации што многу повеќе време поминуваат онлајн, отколку во живо. А тој контакт сфаќаме се повеќе дека ни е многу потребен. Да си се погледнеме во очи, да се прегрнеме, да си споделиме дека ни се случуваат слични работи, дека не е најстрашно нешто што ни се случува, да сфатиме дека не сме единствени. Како правиме избори? Колку е важно низ грешки да учиме? Да разговараме искрено? Колку често си го слушаме сопствениот глас? Ова се важни прашања што ќе се обидеме да ги отвориме низ караванот „Ај реално“. Се радувам на претстојните средби со моите врсници“ – вели Мукаетова.

Со караванот „Ај реално“, Халкбанк дава порака дека младите не треба да бидат само слушатели, туку гласови што се слушаат. Оваа иницијатива е дел од пошироката посветеност на банката да создава вредност за младата генерација, не само преку финансиски производи, туку и преку поддршка на нивниот развој, самодоверба и право на избор.

Караванот ќе продолжи во повеќе градови низ Македонија, со цел да допре до што повеќе млади и да поттикне отворен дијалог за теми што ги обликуваат нивните одлуки и иднина.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ – Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност

Објавено

на

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт – прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие моменти се доказ за напредок. И токму тука започнува приказната за „NLB Next“.

Во време кога Генерацијата Z активно чекори кон независност, нивните очекувања од финансиските институции го надминуваат концептот на банка – тие очекуваат сопатник кој ја следи нивната слобода, флексибилност, нивниот свет на можности.

Препознавајќи го ова, НЛБ Банка го воведува „NLB Next“ – пакет наменет за млади, кој ја редефинира улогата на банкарството во нивниот живот – од функционална услуга, до партнер што ги поддржува амбициите, моментите и личниот напредок на новите генерации.

Стефан Тодоров (19 год), македонски пливач

„NLB Next“ е многу повеќе од пакет за млади – тој е платформа што ги препознава и поддржува нивните „следни“ чекори, овозможувајќи им дигитално банкарско искуство преку мобилен телефон.

„NLB Next“ е „mobile first“ искуство, бесплатен пакет наменет за сите млади на возраст од 18 до 25 години. Во себе вклучува: онлајн отворање и бесплатно одржување на денарска платежна сметка, мКлик мобилна апликација со право на плаќање, MasterCard дебитна – дигитална картичка веднаш и мобилен паричник преку NLB Pay апликацијата.

„Генерацијата Z живее во постојан „следен“ режим – следен испит, следна работа, следно патување, следно лично надградување. Името „NLB Next“ симболизира амбиција, движење и континуиран развој – глобално разбирливо и вклопено во нивниот јазик и динамика. Концептот зад „NLB Next“ комбинира емоционални животни моменти со јасни и конкретни придобивки од дигиталните услуги. Со тоа, дигиталната трансформација ја правиме културно релевантна и блиска до младите“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

Меѓу другото, предностите на пакетот се и: студентски поволности од типот на бесплатни е-налози кон факултети, специјални попусти и привилегии кај трговци преку NLB Next Клуб за млади, а она што дефинитивно го прави овој пакет поразличен е секоја „следна“ придобивка – секој месец нешто повеќе, пристап до поволности и услуги прилагодени на нивните потреби, со што пакетот е секогаш свеж и возбудлив за младите.

„NLB Next ја следи индивидуалноста и животната слобода на младите. На оние кои го сакаат светот на музиката, на оние кои ја наоѓаат возбудата во спортот, гејмерите, скејтерите, оние кои истражуваат нови начини на учење… NLB Next е твој момент, твој ритам.“ – заклучуваат од НЛБ Банка.

Отворање на пакетот за млади „NLB Next“ се врши лично во експозитурите на НЛБ Банка, со документ за идентификација – лична карта или пасош.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар

Објавено

на

АЛТА Банка го продолжи промотивниот период за својот потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар, кој сега ќе биде достапен до 30 јуни 2026 година. Понудата е дел од стратегијата на Банката за зајакнување на присуството на македонскиот финансиски пазар и обезбедување современи и достапни финансиски решенија за граѓаните.

Со оваа понуда клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит до 2.500.000 денари, со каматна стапка од 4,5% и рок на отплата до 120 месеци. Дополнителна поволност е што кредитот се одобрува без провизија за исплата, што претставува значајна финансиска заштеда за корисниците.

Како една од најголемите предности, АЛТА Банка ги издвојува едноставните процедури и брзината на одлучување, овозможувајќи навремено одобрување на кредитните барања и поголема флексибилност, фактор кој е од исклучителна важност за клиентите денес.

Со продолжувањето на промотивниот период, АЛТА Банка ја потврдува својата заложба да понуди стабилни, сигурни и конкурентни финансиски решенија и да се позиционира како доверлив партнер на македонските граѓани.

Повеќе информации за условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange