Connect with us

Компании

Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

Објавено

на

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани. Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините.

Според информациите, ситуацијата во Турција се уште е далеку од добра, има илјадници луѓе кои се уште живеат во шатори, и страдаат од студ, дожд и недостаток на услови за хигиена.

“Би сакала да се заблагодарам на сите вработени кои учествуваа во донацијата бидејќи на овој начин помагаме на многу луѓе на начин кој не можеме ни да го замислиме во моментов. Овие луѓе претрпеле огромни загуби и во најжестока смисла ја почувстувале суровоста на животот. Со оваа донација барем малку успеваме ги допреме нивните животи”, изјави Ѓоксу.

Компании

ЕОС Матрикс: ЕСГ стандардите ќе помогнат за развој и на компаниите и на заедницата

Објавено

на

Преку инвестиции во иновации, континуирана едукација и креирање на проекти од интерес на компанијата и на заедницата се создаваат услови за одржлив развој според ЕСГ стандардите. ЕОС Матрикс Македонија постојано работи на имплементација и надоградување на ЕСГ стандардите во чии рамки се одвиваат сите активности во компанијата. Унапредување на бизнисот со побарувања, создавањето на одржливи пракси кои ќе овозможат успешно справување со задолжувањата на долг рок, заштита на животната средина согласно Парискиот Договор и воведување на промени кон подобро за целото општество се четирите основни области во кои делува компанијата и создава услови за одржлив развој.(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Маја Кадиевска-Војновиќ нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со одредбите од член 166-б од Законот за хартии од вредност, Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (КИБС АД Скопје), како Акционерско друштво го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на управување:(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување Советник за продажба во НЛБ Lease&Go

Објавено

на

НЛБ Lease&Go д.о.о. Скопје која е дел од НЛБ Групацијата го проширува својот тим на успешни професионалци.
Нашите корпоративни вредности се одговорност, чесност, кредибилност, соработка, насоченост кон решенија, иновации и едноставност. Работиме чесно и одговорно и работењето кај нас не е само работа туку и мисија која ја живеат сите вработени.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно