Connect with us

Останато

Стапката на инфлација во Аргентина се искачи на повеќе од 100 проценти

Објавено

на

Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година.

Како што соопшти статистичката агенција на оваа земја, стапката на инфлација е 102,5 проценти, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки во однос на претходната година. Аргентина со години има економски проблеми, поради што поголемиот дел од населението живее во сиромаштија. Надлежните се обидуваат да го запрат растот на цените со нивно ограничување.

Сепак, драстично се зголемуваат цените на храната и пијалаците – во февруари поскапеле за 9,8 проценти во однос на претходниот месец. Аргентинските медиуми објавија дека цената на месото пораснала за речиси 20% за еден месец. Весникот Амбито објави дека неповолните временски услови, продолжениот топлотен бран и сушата сериозно се одразиле врз сточарството и земјоделството.

Во оваа земја одамна се чувствува висока инфлација. Во септември минатата година имаше протести со барање да се ограничи растот на цените. Централната банка соопшти дека ќе биде издадена банкнота во нови апоени – 2.000 пезоси (околу 105 долари), што е одговор на поскапувањата.

Владата долго време се обидува да ја ублажи инфлацијата, но политичките поделби ја загрозуваат економијата. Минатото лето за еден месец беа сменети тројца министри за економија.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и додели на оваа земја уште шест милијарди долари за спас на економијата. Тоа беше последната исплата во 30-месечната програма за помош која на крајот треба да изнесува 44 милијарди долари, јавува “BBC”.

Останато

Северна Македонија ќе понуди државни хартии од вредност во износ од околу 31 милион евра на 5 мај

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на 5 мај ќе им понуди на инвеститорите државни хартии од вредност во вкупен износ од 1,9 милијарди денари, што е приближно 31 милион евра, покажуваат податоци на Народната банка.

Станува збор за редовна аукција на државни записи и обврзници, преку која државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби.

Интересот за ваквите инструменти традиционално доаѓа од домашни институционални инвеститори, како банки, пензиски и инвестициски фондови, кои ги користат како сигурна форма на вложување.

Продолжи со читање

Останато

„Iute Pay“ го лансира првиот студентски иновациски предизвик – младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања

Објавено

на

Во време кога дигиталните решенија сè повеќе го обликуваат начинот на кој управуваме со пари, „Iute Pay“ го отвора својот прв студентски иновациски предизвик во Македонија – иницијатива што има за цел да им даде глас на младите во креирањето на иднината на плаќањата.

Преку овој предизвик, студентите добиваат можност не само да развијат креативни идеи, туку и да ги претворат во концепти со реален потенцијал за примена. 

Фокусот е ставен на тоа како дигиталниот паричник „Iute Pay“ може да стане дел од секојдневието –прилагодено на потребите на новата генерација корисници.

Предизвикот е отворен за тимови од студенти кои ќе треба да креираат концепт за позиционирање и користење на „Iute Pay“, да ја раскажат својата идеја преку кратко видео од 60 секунди и да ја дополнат со едноставна презентација. 

Процесот е дизајниран да биде динамичен и достапен, оставајќи простор за креативност, иновативно размислување и различни пристапи – од маркетинг стратегии, до продукт идеи.

Најдобрите концепти ќе бидат избрани преку јавно гласање, што дополнително ја отвора можноста за видливост и вклучување на пошироката јавност. 

Победничките тимови ќе освојат награди до 3.000 евра, но уште поважно – ќе добијат шанса нивната идеја да биде разгледана како дел од реални кампањи и развојни процеси.

„Веруваме дека најдобрите идеи доаѓаат кога ќе им се даде простор на младите да размислуваат слободно и храбро. Овој предизвик е покана тие да не ја чекаат иднината, туку сами да ја создадат“, вели Александар Петковски, Извршен Директор на „Iute Pay“.

Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“(ФЕИТ), кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, преку  активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.

Иницијативата има за цел да поттикне нова генерација на креативци, иноватори и идни финтек професионалци, кои ќе размислуваат практично, дигитално и со фокус на корисничко искуство. Воедно, претставува и чекор напред кон градење подлабока врска помеѓу индустријата и младите таленти, отворајќи простор за нивно активно учество во креирање на современи финансиски решенија.

Пријавувањето на тимови е отворено до 18. мај на платформата futurefinance.iute.mk.

Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на бизнисите, над 227 милиони евра веќе пласирани

Објавено

на

Министерството за финансии информира дека нова транша од 176,6 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, е префрлена од централниот Буџет кон Развојната банка со цел поддршка на домашните компании.

Станува збор за втора транша во текот на оваа година, која преку Развојната банка се канализира кон комерцијалните банки, а потоа и до крајните корисници – компаниите. Со ова, вкупниот износ на средства пласирани во домашната економија достигнува 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.

Средствата се обезбедени преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка и се наменети за поддршка на приватните инвестиции. Целта е да се поттикне развојот на компаниите и да се забрза економскиот раст.

Кредитната поддршка се одобрува по поволни услови – со каматна стапка од 1,95 проценти годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Средствата се пласираат преку деловните банки.

Според податоците, вкупниот буџет за оваа намена изнесува 250 милиони евра, додека вкупната вредност на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange