Connect with us

Интервјуа

Интервју | ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Податоците се новата валута во банкарството

Објавено

на

Во свет каде што финансиските институции се под зголемен притисок – од технолошка конкуренција, растечки очекувања на корисниците и построги регулативи – традиционалните начини на работа брзо стануваат недоволни. Банките кои навремено ќе го прифатат потенцијалот на податоците ќе бидат оние што ќе преживеат и ќе просперираат. Дата Мастерс, како регионален лидер во DataManagement и AI решенија, стои рамо до рамо со банките во нивната трансформација – не само технолошка, туку културолошка и стратегискa.

Во ова интервју разговараме со Филип Петровски, Основач и Главен извршен директор на Дата Мастерс кој ни открива како помагаат на банките да ја направат таа критична трансформација: од фрагментирани системи кон интегрирана дата култура, од интуитивни одлуки кон вистински интелигентно банкарство.

Банкарство: На кои начини вашата компанија може да им помогне на банките да ги искористат податоците за подобрување на нивните услуги и оперативна ефикасност?

Филип Петровски: Банките располагаат со огромни количини на податоци: трансакции, демографија, корисничко однесување, кредитна историја, дигитални интеракции… Но без соодветна дата архитектура, овие податоци остануваат неупотребени, дупликативни затоа што за различни потреби на бизнис одделите се чуваат на посебни и различни места или често се случува и застарени. Дата Мастерс помага да се трансформира овој „хаос“ во консолидиран извор на интелигенција што ги поткрепува секојдневните операции, стратегиските одлуки и дигиталните иновации.

Клучни придобивки:

• Client 360 платформа која ги поврзува сите интеракции на клиентите – од мобилна апликација, кориснички шалтер, до контакт центар – овозможувајќи персонализирано и конзистентно искуство

• Аналитички dashboard-и во реално време, што им овозможуваат на менаџерите да донесуваат одлуки со сигурност и брзина базирани на податоци каде што “вистината” се црпи од едно место

• Self-Service аналитика, што овозможува на тимовите за маркетинг, продажба и продукт да добијат увид без потреба од програмер или дата инженер

• Оптимизација на операции, како автоматизација на обработка на барања, кредити или генерирање на регулаторни извештаи.

Нашата улога е не само да имплементираме технологија, туку да воспоставиме култура на „работа со податоци“, каде секој оддел знае како да ја претвори информацијата во акција.

Банкарство: Кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат банките при имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција и како Дата Мастерс ги адресира овие предизвици?

Филип Петровски: Вештачката интелигенција (AI) е повеќе од модерен тренд – таа е темелот на новото банкарство. Но, патот до ефективна примена е поплочен со комплексности. Најчести предизвици што ги среќаваме се:

• Недоволна подготвеност на податоците – фрагментирани, недоследни или неструктурирани податоци во застарени системи

• Недостаток на експертиза – особено кај интерните тимови кои не се подготвени да дизајнираат и оперираат со ML модели

• Ризици од регулаторни прекршувања

• Недоверба на вработените – кои често AI го гледаат како закана, наместо поддршка

Решението на Дата Мастерс е AI-Ready DataArchitecture – што вклучува:

• Дата архитектура моделирана да подржува корисничко искуство и вредноста која секој корисник ја генерира во своето Customer Journey

• Стандарди за чистење и нормализација на податоци

• Предефинирани модели за churn, CLV, сегментација и cross-sell и Up-sell

• Следење на податоци и пристапи (data lineage и data access)

• Обука и вклучување на вработените во процесот (Data & AI Adoption Framework)

Со овој пристап, AI станува доверлив сојузник на бизнисот – а не црна кутија.

Банкарство: Може ли да споделите пример за успешна соработка со банка каде што вашите решенија довеле до значителни подобрувања во работењето?

Филип Петровски: Еден од нашите највлијателни проекти е имплементацијата на Client 360 + Self-ServiceAnalytics во средно голема банка во Европа. Банката имаше поприлично ”расфрлани” податоци низ системите, т.н. „data silos“, одделени системи за дигитално банкарство, CRM, контакт центар и филијали. Како резултат, вработените имаа фрагментарен преглед на клиентите, а маркетинг иницијативите беа засновани на интуиција, не на податоци.

Нашата интервенција:

• Изградивме единствена дата структура-модел базиран на клиентски профил со за near real-time следење на акциите на кориснсикот

• Имплементиравме BI решение кое им овозможина бизнис корисниците сами да ги креираат dashboard-и и извештаи

• Воведовме предиктивна анализа за CLV (Customer Lifetime Value) и cross-sell можности

• Вклучивме алатки за автоматизација на процеси поврзани со информации кон коринсиците(известувања, понуди…)

Резултати по 6 месеци:

• +22% дигитална активност

• +17% конверзија на cross-sell понуди

• 2 пати пократко време за подготовка на извештаи во маркетинг тимот

Тоа не беше само технолошка трансформација – туку организациска еволуција.

Банкарство: Како гледате на иднината на банкарството во контекст на дигиталната трансформација и улогата на податоците во тој процес?

Филип Петровски: Дигиталната трансформација е веќе тука – но вистинската разлика ќе ја направи DataTransformation. Идната генерација на банкарство ќе биде:

• Превентивна – базирана на real-time сигнали, не на ретроспективни извештаи

• Хипер-персонализирана – секоја понуда ќе биде соодветна за секој клиент во даден момент

• Вградена – банкарски услуги интегрирани во е-commerce, мобилни апликации, финтекпартнерства

Податоците ќе бидат основа на секоја одлука, од кредитен ризик до ESG стратегии. Банкарството ќе се движи од „продукт-ориентирано“ кон „дата-оригинирано“. 

Дата Мастерс е тука да ја поддржи оваа еволуција преку:

• Стратегиски Дата модели

• ML & AI модели со целосна усогласеност

• Отворени API интеграции за финтек партнерства

Банкарство: Кои се најновите трендови во банкарскиот сектор во однос на употребата на податоци и аналитика, и како Дата Мастерс се прилагодува на тие трендови?

Филип Петровски: Трендовите денес се движат со брзина на светлина. Банкарскиот сектор е зафатен со пет фундаментални промени:

1. Client 360 дата модели – трансформација кон кориснички ориентирано дата моделирање и т.н. аналитички слоеви

2. ML за продуктивност и раст – од risk scoring до next-best-action препораки

3. Монетизација на податоците – банки што гикористат користат информациите од своите корисници до брзо креирање нови продуктиприфатливи за коринсиците и побрз Go ToMarket.

4. Cloud-first стратегии – миграција на податоци во хибридни или мулти-cloud платформи

Дата Мастерс се прилагодува преку:

• Microsoft Fabric и Azure Data Stackимплементации

• Data Library од 100+ use cases за банкарство

• Data Governance framework за регулаторна усогласеност

Практично, ние не се адаптираме на трендовите – ние ги предвидуваме и градиме решенија пред да станат потреба.

Банкарство: Како Дата Мастерс се справува со безбедноста и приватноста на податоците при работа со финансиски институции?

Филип Петровски: Соработка со банка без апсолутна доверба е невозможна. Затоа безбедноста кај нас не е „feature“ – тоа е темел. Ние работиме во средини што ги следат најстрогите барања. Применуваме zero-trustпристап на секое ниво. Безбедносната архитектура што ја имплементираме во нашите решенија не ги забавува процесите – туку го зголемува нивото на доверба, особено кај крајните корисници. За нас, довербата е единствениот вистински капитал што банката го поседува.

Банкарство: Што имате да споделите со читателите како за крај на ова интервју?

Филип Петровски: Податоци, доверба и трансформација……Податоците не се само дел кој зема простор на серверите кои треба да бидат заштитени од напад од надворешни субјетки – тие се валута на модерното банкарство. Но за да ја имаат вистинската вредност, тие мора да бидат структурирани, интерпретирани и употребени со јасна цел.

Во Дата Мастерс, ние не само што изградивме технологија – изградивме методологија и пристап што ги трансформира податоците во деловна вредност. Нашата визија е да продолжиме да им помагаме на банките да:

• Размислуваат аналитички

• Работат побрзо и поефикасно

• Се адаптираат пред пазарот да го наложи тоа

• И секогаш да ја задржат довербата како клучен капитал

Банкарството се менува. Податоците се алатката, а Дата Мастерс е партнерот кој може да им помогне на банките во овој пат.

Интервјуа

FinSight | Митровски: Експлозија на побарувачка за станови од 35 до 60 м² во Скопје

Објавено

на

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ за состојбата на пазарот на помали станови во Скопје – сегмент кој во моментов бележи најголема побарувачка.

Според Митровски, без разлика на локацијата, мал стан по „пристапна“ цена речиси и да не може да се најде.

„Без разлика каде се наоѓа, мал стан по пристапна цена нема шанси да се најде“, вели Митровски.

Станува збор за станови со површина од 35 до 60 квадратни метри, кои, според него, се најбараните на пазарот. Токму во овој сегмент продажбата се одвива најбрзо, а просторот за преговори е минимален.

„Продажбата кај овие станови е навистина брза, а цената тешко се преговара“, објаснува тој.

Причината е едноставна – побарувачката значително ја надминува понудата. Кога инвеститор или компанија ќе објави цена од, на пример, 2.700 евра за квадрат, интересот е моментален.

„Кога ќе се објави цена од 2.700 евра за квадрат, се јавуваат 10 до 15 клиенти за истиот стан. Во таква ситуација, продавачот нема никаква потреба да ја намали цената“, нагласува Митровски.

Ова, според него, јасно покажува дека пазарната динамика кај малите станови во моментов е целосно на страната на продавачите, а купувачите се тие што се натпреваруваат.

Целото интервју со повеќе детали и анализа на трендовите – во новата епизода на FinSight.

Продолжи со читање

Интервјуа

Слободан Митровски во FinSight: 3.000 евра за квадрат е нереално за Скопје

Објавено

на

Во новата епизода на FinSight разговараме со Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ за тоа што навистина стои зад рекордните цени на недвижнините во Скопје.

Според Митровски, клучната причина за наглиот раст на цените не се повеќе градежните трошоци, туку недостатокот на квалитетни локации.

„Она што најмногу придонесе кон брзиот раст на цените е недостатокот на добри локации. Тоа е реалноста“, вели Митровски.

Во изминатите години, јавноста често слушаше објаснувања дека цените растат поради поскапувањето на железото, градежните материјали и работната рака. Но, од денешна перспектива, овие аргументи веќе не држат вода.

„Сите се сеќаваме на темите дека цените се покачени поради зголемени трошоци, но денес можеме слободно да кажеме дека тоа се приказни“, додава тој.

Митровски посочува дека во последната година пазарот во голема мера се стабилизирал. Иако е факт дека по пандемијата трошоците генерално пораснале, тоа не е доволна причина за цени од 3.000 евра по квадратен метар.

„Да, после пандемијата сите трошоци се зголемија, но не до тоа ниво за да дојдеме до 3.000 евра за квадрат“, нагласува Митровски.

Според него, токму атрактивните и ретки локации ја туркаат цената нагоре, но таквите износи се далеку од реални за скопскиот пазар.

„Локациите дефинитивно придонесоа цените да стигнат до 3.000 евра, но тоа е тотално нереална цена за Скопје“, заклучува Митровски.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

FinSight | Слободан Митровски: 3.000 евра за квадрат и 20.000 евра за паркинг – реалност или имотен балон?

Објавено

на

Цените на недвижнините во Македонија продолжуваат да уриваат рекорди. Квадратен метар станбен простор во атрактивни локации достигнува и до 3.000 евра, додека паркинг место се продава за суми кои до пред неколку години беа доволни за купување автомобил – околу 20.000 евра. Прашањето што сè почесто се поставува е дали ваквите цени се реален одраз на пазарот или сигнал за пренапумпување на вредностите.

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Слободан Митровски, сопственик на Агенцијата за недвижнини „Асторија“, за причините кои стојат зад наглиот раст на цените и за тоа кои фактори денес најсилно го диктираат пазарот.

Недостатокот на атрактивни локации, зголемените трошоци во градежништвото, растот на побарувачката и инвестициската логика кај купувачите се само дел од елементите што влијаат врз ценовниот притисок. Но, останува дилемата – дали пазарот е одржлив на долг рок и дали може да се очекува одредена стабилизација во периодот што следи.

Во разговорот се отвора и прашањето за споредбата со регионот, особено со Србија, каде пазарот на недвижнини исто така бележи силна динамика. Колку сме навистина скапи во однос на соседството и дали македонските цени се оправдани според економските параметри?

Посебен фокус е ставен и на структурата на купувачите – дали становите навистина сè почесто се купуваат во кеш и што навистина се мисли под купување во кеш, кој купува денес и дали недвижнините остануваат доминантен облик на заштита на капиталот.

Одговорите на овие прашања носат подлабок увид во тоа каде се наоѓа пазарот на недвижнини и што можат да очекуваат купувачите, инвеститорите и граѓаните во периодот што следи.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange