Бизнис
Групацијата Иуте со одлични финансиски резултати за 9 месеци од работењето во 2025 година
Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, ги објави неревидираните резултати за работењето во првите 9 месеци од 2025 година.
Компанијата сигурно и стабилно го исполнува стратешки зацртаниот план кон прераснување во дигитална банка, демонстрирајќи силен и стабилен раст, со подобрување на сите финансиски индикатори, со исти оперативни трошоци.
Вкупните приходи изнесуваат 91.5 милиони евра, со пораст од 9.4% споредбено со истиот период минатата година, додека вкупната нето добивка порасна за 13%, изнесувајќи 8.5 милиони евра.
Бројот на активни корисници порасна на 265 илјади, додека вкупните средства се зголемија на 486 милиони евра, што претставува раст од 17% во споредба со истиот период лани, поддржани со силна капитална структура и добро избалансирано портфолио на средства за финансирање.
Износот на исплатени кредити порасна за 7,5%, достигнувајќи рекордно ниво од 299.6 милиони евра (9M/2024: 278,6 милиони евра) – севкупниот фокус останува на подобрено управување со ризиците и сегментација на корисници.
Услугите за електронски пари и дигитално осигурително-брокерско посредување го надминаа растот на примарната кредитна дејност, играјќи голема улога во вкупната нето добивка, со очекувања за дополнителен пораст.
“Групацијата испорача дисциплиниран стабилен раст и притоа ја подобри ефикасноста, испорачувајќи одлични резултати, со инвестиција во процесите на автоматизација, машинско учење и наука базирана на податоци, со цел креирање на дополнителна вредност за корисниците и експанзија на еко-системот, пришто само за поддршка на овие дигитални процеси беа инвестирани повеќе од 12 милиони евра. Сево ова значи балансирана структура на долгорочни извори на финансирање, потврда на одличниот стратешки пристап до пазарите и агилност во процесите на прилагодување, продолжувајќи силно и стабилно кон зацртаните цели во наредната година”, посочи Тармо Силд, Извршен Директор на групацијата Иуте.
Иуте Македонија како дел од групацијата Иуте во последните 9 месеци оствари силни финансиски резултати. Приходите достигнаа 18,2 милиони евра (+19% годишно), додека нето добивката изнесува 4,3 милиони евра, што претставува зголемување за 167% во однос на 2024 година. Кредитното портфолио порасна на 47,1 милиони евра (+44%), вкупната актива достигна 56,5 милиони евра (+47%), а сопствениот капитал се зајакна на 10,5 милиони евра.

“2025 година ја одбележуваат фокус и дисциплина, a добрите резултати се должат на растечката употреба на апликацијата MyIute, автоматизирани и дигитални процеси и силна партнерска мрежа. Растеме континуирано, но со јасно поставен приоритет –квалитетно портфолио и стабилен модел на финансирање. Имплементираме дигитални решенија, автоматизација и напредна аналитика во процесите, со што постигнуваме мерливо зголемување на продуктивноста и премиум корисничко искуство, додека истовремено обезбедуваме внимателно и одговорно управување со кредитниот ризик“ — изјави Нина Мојсова Ќосева, Директор на финансии на Иуте Македонија.
Стратешките инвестиции на групацијата во следниве 5 години се очекува да надминат 60 милиони евра, во линија со растот на активното корисничко портфолио и нето добивката.
Ова е уште една потврда на заложбата на групацијата и нејзините земји членки на имплементирање на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи и обезбедување на целосно дигитални решенија за плаќања.
Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.
Бизнис
Можно поскапување на авионските билети од април поради раст на цените на горивото
Глобалната енергетска криза, предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, доведе до драстичен раст на цените на авионското гориво, што може да резултира со поскапување на авионските билети веќе од април, објави Банкар.ме
Директорот на „Air Montenegro“, Вук Стојановиќ, во изјава за медиумите посочи дека компанијата засега ќе ги задржи актуелните цени на билетите до крајот на март, но предупреди дека доколку високите цени на горивото продолжат или дополнително се зголемат, ќе биде неизбежна корекција на ценовната политика.
Според него, цените на авио-горивото кај одредени добавувачи речиси се удвоени. Во споредба со 20 февруари, цената кај главниот снабдувач на црногорските аеродроми пораснала за околу 654 евра по метричка тона, што претставува зголемување од приближно 90 проценти.
Овој раст значително ги зголемува оперативните трошоци на компанијата. Со оглед на тоа што авионите од флотата на „Air Montenegro“ трошат просечно околу две метрички тони гориво на час лет, трошокот по час летање е зголемен за околу 1.300 евра.
Доколку ваквото ниво на цени се задржи до крајот на годината, дополнителните непланирани трошоци за компанијата би можеле да достигнат околу седум милиони евра.
Иако засега цените на билетите остануваат непроменети, од компанијата јасно сигнализираат дека понатамошниот развој на пазарот на горива ќе биде клучен фактор за евентуални поскапувања во наредниот период.
Бизнис
Во Торонто одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската Стопанска комора
Со амбиција за посилно економско поврзување и поорганизиран настап на македонските бизниси во Канада, во Торонто се одржа конститутивниот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската Стопанска комора.
Иницијативата, зад која стојат Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, има за цел да воспостави централен деловен форум за македонската заедница во Канада и да ја поттикне нејзината економска активност.
На првата средба беа утврдени основните приоритети и правци на делување, при што фокусот е ставен на поддршка на претприемачите, поврзување на компаниите и создавање кохезивна бизнис мрежа. Според основачите, Комората треба да обезбеди услови за координиран и стратешки настап на македонските деловни субјекти.
Воедно, се очекува новоформираната организација да придонесе за интензивирање на економската соработка меѓу Канада и Македонија, преку поттикнување трговија, инвестиции и размена на искуства и експертиза.
Комората се позиционира како платформа за развој на претприемништвото и зајакнување на професионалните капацитети, со намера да изгради стабилна и функционална мрежа која ќе генерира конкретни деловни резултати.
Основачкиот одбор оценува дека ова претставува значаен чекор кон консолидирање на македонскиот бизнис фактор во Канада, со потенцијал да влијае и врз продлабочување на економските врски со матичната земја.
Канадско-македонската Стопанска комора ќе биде отворена за членство и партнерства со сите заинтересирани компании, претприемачи и професионалци кои сакаат активно да учествуваат во развојот на деловната соработка меѓу двете држави.
Бизнис
Pepco влегува на македонскиот пазар, првите продавници во Скопје од јуни
Европскиот дисконтер Pepco најави влез на пазарот во Северна Македонија, при што првите продавници ќе бидат отворени во Скопје во јуни годинава.
Од компанијата информираат дека проширувањето во земјава е дел од нивната поширока стратегија за раст, која вклучува отворање нови продавници на постојните и на нови пазари.
„Северна Македонија веќе некое време е дел од нашата стратегија за експанзија. Влегувањето на овој пазар е природен следен чекор, имајќи ја предвид нашата силна позиција во Централна и Источна Европа и во соседните земји“, изјави Марцин Станко, оперативен директор на Pepco за регионот на ЦИЕ.
Pepco веќе е присутен во неколку земји од регионот, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Романија и Босна и Херцеговина, а со влезот во Северна Македонија дополнително ја зајакнува својата регионална мрежа.
Групацијата Pepco, со седиште во Лондон и регистрирана во Холандија, управува со повеќе од 4.000 продавници во 18 европски земји, а во своето портфолио ги има брендовите Pepco, Dealz и Poundland.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците



