Connect with us
no baners

Продукти

Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”

Објавено

на

По повод петгодишнината од своето основање во Македонија, Флекс Кредит ја започна наградната игра „Признавам – не можам без тебе“, со цел да им се заблагодари на своите клиенти за довербата и лојалноста што ја покажале во изминатите години.

Сите клиенти кои во периодот од 09.06.2025 до 19.08.2025 година ќе склучат договор за некој од кредитните продукти на Флекс Кредит, автоматски ќе учествуваат во извлекувањето на вредносни ваучери од 55.000 денари.

Вкупно ќе бидат доделени пет награди, распределени во три фази:

✓ На 25.06.2025 година ќе бидат извлечени два добитника на вредносни ваучери

✓ На 23.07.2025 година ќе бидат доделени уште два ваучера

✓ На 19.08.2025 година ќе биде извлечен добитникот на последниот ваучер.

Со оваа кампања, Флекс Кредит испраќа симболична порака на благодарност кон своите клиенти, кои во изминатите пет години го препознале брендот како сигурен и доверлив финансиски партнер.

Овој јубилеј претставува потврда за успешната соработка со клиентите, а наградната игра е дополнителен поттик за градење на уште посилни релации и идни успеси.

Повеќе информации за правилата, условите за учество и извлекувањата се достапни на официјалната веб-страница на Флекс Кредит: https://www.flexcredit.mk/promocii/nagradna-igra-priznavam-ne-mozham-bez-tebe-5-godini-fleks-kredit

Банки

ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9% и рати по твој избор

Објавено

на

Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9% и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.

Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при
користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.

Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.

За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб- страницата www.sparkasse.mk.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Приспособи ја ратата според твојот буџет со новиот потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка им нуди на клиентите потрошувачки кредит до 2.400.000 денари со каматна стапка од 4,9% и флексибилни рати преку моделот „Рати по твој избор“.

Со ова решение, клиентите можат однапред да го прилагодат износот на месечната рата според своите финансиски обврски, сезонски трошоци или лични приоритети.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при користење пакет-понуда која вклучува Visa кредитна картичка и дозволено пречекорување по платежна сметка, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

Кредитот е наменет за нови планови, реновирање, патување или другите значајни животни чекори.

Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.

За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk

Продолжи со читање

Банки

Google Pay сега достапен и за корисниците на Силк Роуд Банка

Објавено

на

Корисниците на платежни картички на Силк Роуд Банка сега можат да плаќаат брзо и безбедно преку Google Pay на Android уреди.

Вашиот мобилен телефон отсега е ваш паричник

Со Google Pay, корисниците на Android уреди можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник. Со оваа услуга, мобилниот телефон станува паричник – трансакции во продавници, ресторани и други објекти се извршуваат без контакт и без потреба од физичка картичка.

Google Pay е достапен за сите клиенти на Банката, а картичките може лесно да се дигитализираат по едноставна инсталација и активирање на апликацијата. Отворањето сметка во Силк Роуд Банка овозможува целосен пристап до сите дигитални привилегии.

Повеќе информации за Google Pay се достапни на официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange