Интервјуа
FinSight Интервју: Марјан Манчев | Шпаркасе Лизинг | Асоцијација на лизинг друштва
Во третата епизода на FinSight – емисија на Bankarstvo.mk, разговараме со Марјан Манчев, Директор на Шпаркасе Лизинг и Претседател на Асоцијација на лизинг друштва во Македонија.
Во оваа епизода откриваме:
🔹 Колку тежи лизинг индустријата во Македонија во споредба со регионот?
🔹 Какви возила и опрема најчесто се увезуваат преку лизинг?
🔹 За што се користи лизингот и како се менувале цените во изминатиот период?
🔹 И најжешкото прашање: кредит или лизинг – што е подобро?
Не пропуштајте го овој разговор со факти, бројки и практични совети!
Гледајте ја целата епизода:
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
Трајко Славески: Купувачите на прв стан се помал ризик за банките од инвеститорите во недвижности
Купувачите кои за прв пат обезбедуваат сопствен дом се финансиски постабилни и претставуваат помал кредитен ризик за банките, во споредба со лицата кои купуваат недвижности со инвестициска цел, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во интервју за FinSight.
Според Славески, светската и домашната практика покажуваат дека домаќинствата кои купуваат стан или куќа со намера во неа да живеат, имаат поголема дисциплина во сервисирањето на кредитните обврски.
„Оние домаќинства коишто купуваат недвижност – без разлика дали стан или куќа – со цел да живеат во неа, се помал ризик за банките од аспект на редовно сервисирање на обврските“, истакнува Славески.
Од друга страна, купувачите кои веќе располагаат со неколку недвижни имоти и влегуваат во нови кредитни задолжувања со инвестициска логика, носат повисок ризик за финансискиот систем.
„Кај дел од инвеститорите, кредитната задолженост е веќе затегната, а очекувањата се насочени кон понатамошен раст на цените на становите, со цел остварување дополнителен доход“, посочува гувернерот.
Во тој контекст, Славески објаснува дека мерките кои предвидуваат помало учество за купувачи на прв стан имаат јасна логика, не само што им помагаат на младите и семејствата полесно да дојдат до сопствен дом, туку и придонесуваат за поголема финансиска стабилност.
Интервјуто е дел од платформата FinSight, која носи анализи и ставови од клучни носители на економските и финансиските политики во земјава.
Интервјуа
FinSight | Бојан Цветановски: Не е злато сè што сјае – што навистина стои зад растот на златото
Цената на златото во последниот период бележи силни осцилации, што повторно ја става оваа суровина во центарот на вниманието на инвеститорите и финансиските аналитичари. По рекордниот раст следеше нагол пад, поттикнат од политички изјави и очекувања поврзани со идниот правец на монетарната политика на САД.
Во новата епизода на емисијата FinSight, Бојан Цветановски од Асоцијацијата на финансиски пазари (ACI) ги анализира факторите што моментално го обликуваат меѓународниот пазар – инфлацијата, геополитичките тензии, каматните стапки и зголеменото купување злато од страна на централните банки.
Емисијата се осврнува и на прашањето дали растот на цената на златото е одраз на недоверба кон Федералните резерви и очекувањата за можен пресврт во монетарната политика. Посебен фокус е ставен на кредибилитетот и независноста на централните банки, како и на нивната способност да ја стабилизираат пазарната психологија.
Преку аналитички и практичен пристап, емисијата нуди одговори на клучното прашање со кое се соочуваат инвеститорите денес – каде да се вложи капиталот во услови на висока неизвесност.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
Трендафилов (ССМ): Работодавачите туркаат кон генерален штрајк – 250 милиони евра неплатени придонеси и враќање на платата во плико
Македонија се соочува со сериозна закана од прв генерален штрајк на ниво на цела држава – и тоа не поради барањата на работниците, туку поради однесувањето на дел од работодавачите.
Ова го истакна Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој на седница на Економско-социјалниот совет изнесе алармантни податоци што фрлаат тешка сенка врз пазарот на трудот.
Според Трендафилов, над 250 милиони евра придонеси за задолжително социјално и пензиско осигурување не се платени, додека практиката на „плата во плико“, за која се мислеше дека е надмината, повторно се враќа на голема врата во Македонија.
Дополнителна загриженост предизвикува структурата на придонесите. Како што посочи Трендафилов, вкупното оптоварување со придонеси изнесува речиси 50%, но само до одреден лимит. Работодавачите кои исплаќаат плати над 16.000 евра, односно над 12 просечни плати, над овој праг плаќаат само персонален данок, без плаќање придонеси.
Како илустративен пример, Трендафилов наведе случај во кој работодавач во јуни исплатил плата од 300.000 евра. За првите 16.000 евра биле платени придонеси, додека за остатокот – исклучиво персонален данок.
Според него, токму ваквиот модел отвора простор за извлекување средства и нивно користење за исплати „во кеш“, со што директно се оштетуваат работниците и се поткопуваат фондовите за пензиско и здравствено осигурување.
Доколку институциите не реагираат навреме, предупреди Трендафилов, одговорноста за можниот генерален штрајк ќе падне токму врз работодавачите, кои потоа ќе треба јавно да објаснат зошто Македонија за првпат би била парализирана поради непочитување на основните правила на фер труд и социјална солидарност.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања



