Connect with us

Банки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени со цел да ја намали инфлцијата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, за 0,5 проценти со цел да го намали нивото на инфлацција.

Сега каматните стапки на девизните средства ќе изнесуваат 3%, на операциите за главно рефинансирање 3,5% и на маргиналните кредитни капацитети 3,75 %.

ЕЦБ со недели сигнализираше дека повторно ќе ги зголеми стапките на состанокот во март, бидејќи инфлацијата во блокот останува далеку над целта.

Во февруари, прелиминарните податоци покажаа дека вкупната инфлација изнесува 8,5%, што е значително над целта на централната банка од 2%.

Некои играчи на пазарот, сепак, се сомневаат дали претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард ќе продолжи да ја следи истата политика, со оглед на неодамнешните шокови во банкарскиот сектор.

Банки

Стопанска банка објавува оглас за продажба на преземен имот во Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје објави оглас (реф. бр. 2-04/2025) за продажба на преземен имот – стан во населбата Чаир, во Комплекс Принц, на ул. Лазар Трпковски бр. 88, стан 1, кат К1. Станот има вкупна површина од 84 м², со почетна цена од 84.000 евра.

Заинтересираните купувачи можат да поднесат писмени понуди до 17 април 2025 година, до 16:00 часот, во архивата на Стопанска банка АД Скопје, на ул. 11 Октомври бр. 7, 1000 Скопје. Понудите треба да бидат во затворен плик со назнака „Понуда за купување на недвижен имот – реф. бр. 2-04/2025“.

Повеќе информации за имотот и условите за продажба се достапни на официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка ќе ја реновира Експозитура Централа во Охрид

Објавено

на

Почнувајќи од 14 април 2025 година, експозитурата Централа Охрид на Булевар „Македонски Просветители“ бр. 19 ќе влезе во фаза на реновирање. Во овој период, експозитурата ќе работи со намален капацитет, но со јасна цел – подобрување на квалитетот на услугите и создавање на поудобно банкарско искуство за клиентите.

Во меѓувреме, граѓаните ќе можат непречено да ги користат експозитурите Медицински Центар и Мини Маркет, кои продолжуваат со работа во полн капацитет. За зголемена удобност и ефикасност, банката потсетува дека секојдневните банкарски активности можат да се извршуваат и преку новата мобилна апликација S-Banka, која овозможува брзи и безбедни трансакции, без потреба од посета на експозитура.

Од банката апелираат за разбирање и трпение додека трае процесот на унапредување, со ветување дека новиот, реновиран простор ќе донесе повисоко ниво на услуга и модерен пристап кон клиентите.

Наш приоритет е клиентите секогаш да добиваат најдобра услуга. Реновирањето на експозитурата е само еден од чекорите што ги преземаме за да обезбедиме поудобно, побрзо и понапредно банкарско искуство,“ велат од банката.

Клиентите се охрабруваат да ја преземат апликацијата S-Banka и да ги искористат нејзините бројни функционалности додека трае обновата.

Продолжи со читање

Банки

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД НЛБ БАНКА: Лажен профил го злоупотребува логото на Банката – ВНИМАВАЈТЕ НА ИЗМАМИ‼

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и пошироката јавност дека на социјалните мрежи е забележан лажен профил под името „Narodna banka“, кој објавува содржини во кои се злоупотребени името, логото и визуелниот идентитет на НЛБ Банка. Во објавата лажно се претставува наводна поврзаност со Банката, што претставува обид за измама и доведување во заблуда на граѓаните.

НЛБ Банка категорично демантира каква било поврзаност со овој лажен профил и апелира до сите граѓани да бидат исклучително внимателни при следење на информации на социјалните мрежи, особено кога се работи за содржини што нудат банкарски услуги, бараат лични податоци или ветуваат парични надоместоци.

Сите официјални соопштенија и информации од НЛБ Банка се објавуваат исклучиво преку официјалната веб-страница www.nlb.mk, како и преку верификуваните профили на Банката на социјалните мрежи.

Во случај да наидете на сомнителна објава или профил кој лажно се претставува како поврзан со НЛБ Банка, пријавeте до Банката или до надлежните институции, а дополнително избегнувајте било каква комуникација со такви профили.

Заштитата на безбедноста и довербата на клиентите е врвен приоритет на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Популарно