Продукти
Debit Mastercard Business – нова деловна картичка од Комерцијална банка за динамични бизниси
Комерцијална банка има ново практично решение за бизнисите што се движат брзо – дебитната картичка Debit Mastercard Business.
Новата деловна картичка Debit Mastercard Business нуди бројни премиум бенефиции кои го унапредуваат деловното секојдневие и го следат темпото на вистинските професионалци.
Со Debit Mastercard Business корисниците добиваат:
- Бесплатно патничко осигурување преку Триглав осигурување
- Бесплатно користење на деловни зони 4 пати во годината на над 1.500 аеродроми со Lounge Key
- Приоритетен пристап за предавање багаж преку DragonPass апликацијата на над 90 аеродроми ширум светот
- Бесплатен интернет во роаминг 3 пати годишно по 1GB со Mastercard Global Data Roaming by FlexiRoam
- Уплата на дневен промет без надомест преку cash-in банкомати
Секое деловно патување со Debit Mastercard Business станува премиум искуство со повеќе можности и помалку трошоци.
Повеќе информации за Debit Mastercard Business на следниот линк.
ПР објава
Банки
АЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
АЛТА Банка го продолжи промотивниот период за својот потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар, кој сега ќе биде достапен до 30 јуни 2026 година. Понудата е дел од стратегијата на Банката за зајакнување на присуството на македонскиот финансиски пазар и обезбедување современи и достапни финансиски решенија за граѓаните.
Со оваа понуда клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит до 2.500.000 денари, со каматна стапка од 4,5% и рок на отплата до 120 месеци. Дополнителна поволност е што кредитот се одобрува без провизија за исплата, што претставува значајна финансиска заштеда за корисниците.
Како една од најголемите предности, АЛТА Банка ги издвојува едноставните процедури и брзината на одлучување, овозможувајќи навремено одобрување на кредитните барања и поголема флексибилност, фактор кој е од исклучителна важност за клиентите денес.
Со продолжувањето на промотивниот период, АЛТА Банка ја потврдува својата заложба да понуди стабилни, сигурни и конкурентни финансиски решенија и да се позиционира како доверлив партнер на македонските граѓани.
Повеќе информации за условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница на Банката.
Банки
Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови
Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за граѓаните кои сакаат да ги реализираат своите планови и идеи.
Кредитот се одобрува со фиксна каматна стапка од 5,5% во евра, со можност за износ до 32.500 евра и рок на отплата до 84 месеци, што овозможува флексибилност и стабилност при отплатата.
Од банката посочуваат дека вистинската поддршка е клучна за претворање на идеите во реалност, нагласувајќи дека ваквите финансиски производи се создадени токму за да им помогнат на клиентите во вистинскиот момент.
Заинтересираните можат да се информираат во најблиската експозитура или да стапат во контакт преку телефонскиот број 02/3102-500, како и преку официјалниот линк за локации на експозитури.
Со оваа понуда, Капитал банка продолжува да нуди достапни финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите.
Банки
ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9% и рати по твој избор
Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9% и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.
Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.
Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при
користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.
„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.
Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.
За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб- страницата www.sparkasse.mk.
ПР објава
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците



