Продукти
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.
Како функционира Apple Pay?
Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.
Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?
Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.
Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.
Продукти
Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење

По повод октомври, месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје ја започна својата традиционална кампања посветена на промовирање на финансиската писменост и одговорно управување со личните финансии, преку воведување на нов Промо депозит создаден за да им овозможи на граѓаните поповолни услови за заштеда и дополнителна сигурност во време на економски предизвици.
Депозитот може да се отвори во сите филијали и експозитури на Халкбанк низ земјата. Минималниот износ на вложување е 30.000 денари или 500 евра, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3% за штедење во денари, односно 2% за штедење во евра или долари, а рокот на орочување е 13 месеци. Штедењето во американски долари претставува новитет во понудата на банката, со што клиентите добиваат дополнителна можност за диверзификација на своите заштеди. Клиентите можат да изберат исплата на каматата на крајот на периодот на орочување или месечно, во зависност од своите потреби и планови.
За овој депозит не се дозволува делумно повлекување или дополнителни уплати пред истекот на рокот, што овозможува целосна стабилност и предвидливост на приносот.
„Халкбанк секоја година го одбележува месецот на штедењето со посебни понуди и иницијативи, со цел да ги охрабриме граѓаните да размислуваат долгорочно и одговорно кон своите финансии. Штедењето не е само индивидуална придобивка, туку и темел на стабилен економски систем. Затоа, секоја година во овој период нудиме дополнителни стимули за штедачите. Преку Промо депозитот им овозможуваме на нашите клиенти сигурен, транспарентен и исплатлив начин да ги зголемат своите заштеди,“ велат од банката.
Со оваа кампања, Халкбанк уште еднаш ја демонстрира својата улога како одговорна и стабилна банка, која се грижи за финансиската благосостојба на своите клиенти и постојано нуди решенија што ги поддржуваат нивните цели и планови.
Халкбанк потсетува дека штедењето е првиот чекор кон финансиска сигурност и независност, а со внимателно управување со средствата, секој може да го изгради сопствениот пат кон стабилна иднина.
Продукти
Mastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени

Mastercard официјално најави дека до 2030 година ќе ја елиминира потребата за внесување и користење на традиционалните броеви на картичките во онлајн плаќањата, заменувајќи ги со безбедни токени и биометриска автентикација.
Оваа промена е дел од глобалната стратегија на компанијата за поголема безбедност, намалување на измамите и поедноставување на корисничкото искуство.
Зошто се воведува токенизација?
Традиционалните 16-цифрени броеви на картичките долго време се ранлива точка, честопати злоупотребувана преку пробивања на податоци, скимирање и фишинг напади.
Со токенизацијата, вистинскиот број на картичката се заменува со единствен, енкриптиран токен. На овој начин:
– Нема статичен број кој може да биде украден или злоупотребен.
– Секоја трансакција добива единствен идентификатор.
– Корисниците добиваат дополнителна заштита преку биометриска автентикација – отпечаток од прст или препознавање на лице.
Кој ќе има корист од промената?
Потрошувачите ќе добијат поголема сигурност и помалку грижи околу кражба на податоци. Трговците ќе имаат намалени ризици од измама и сторнирања. Банките и давателите на услуги за плаќање ќе работат во побезбеден и поефикасен екосистем.
Што значи ова за иднината?
– Физичките картички нема целосно да исчезнат, но нивната употреба ќе се намалува, бидејќи дигиталните паричници и биометриската автентикација ќе станат новиот стандард.
– Безбедноста на плаќањата значително ќе се подобри.
– Ќе се забрза преминот кон дигитално-ориентирано банкарство и плаќања преку мобилни уреди.
Mastercard го гледа овој потег како следен чекор во градење на побезбеден, поедноставен и дигитален систем на плаќања, кој до 2030 ќе стане новата норма.
Извор: (Mastercard)
Банки
За уште повеќе среќа – Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Кога есента ги скратува деновите, имаш време да ги зголемиш твоите планови. И причина плус да ги реализираш со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка, кој сега е со намалени каматни стапки од само 4,9% фиксна во првите 3 години и 5,9% променлива за останатиот период.
Потрошувачкиот кредит со износ до 2.000.000 денари и со поволни каматни стапки сега те носи до твоето среќно решение – без разлика дали тоа значи поубав дом, ново патување, образование, семејна веселба… Затоа што вистинската среќа доаѓа и со среќата на твоите најмили.
Со Потрошувачкиот кредит од Комерцијална банка добиваш:
- Поголема куповна моќ до 2.000.000 денари – доволно за поголеми планови и посериозни вложувања
- Пониски каматни стапки – 4,9% фиксна во првите 3 години и 5,9% променлива за останатиот период
- Флексибилни услови на отплата – со рок до 95 месеци, можност за одложена отплата од 6 месеци и без провизија за предвремена отплата
- Вклучено осигурување – преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје за поголема сигурност и мир.
Тимот на Комерцијална банка е тука за да ти помогне да го претвориш секој план во среќна приказна. Со новото финансиско решение овозможуваме твоите желби и планови да станат реалност побрзо, полесно и со јасна финансиска предвидливост. И, што е уште поважно, без да правиш компромиси за важните работи.
Со Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари и атрактивните услови со кои доаѓа го добиваш најважното – сигурност и поддршка во моментите кога ти се најпотребни.
Повеќе информации за условите, калкулатор за рата и потребните документи за аплицирање за Потрошувачкиот кредит дознај на следниот линк.
ПР објава
-
Продуктипред 2 месеци
НЛБ Банка со промотивна фиксна каматна стапка од 8,9% за сите безготовински трансакции со НЛБ haPPy картичката
-
Продуктипред 2 месеци
Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“
-
Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу пензија од втор и од трет столб
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?
-
Банкипред 2 месеци
Добре дојде во светот на Bonus Box – новата програма за лојалност од Комерцијална банка
-
Бизниспред 2 месеци
За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7
-
Банкипред 1 месец
Фатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Бизниспред 2 месеци
Ексклузивна соработка помеѓу Flex Pay и Ria Money Transfer – брзи и сигурни парични трансфери сега достапни во Flex Pay и филијалите на Flex Credit