Connect with us

Бизнис

АЕТСМ: Јавен повик за бесплатни верификации на 10 е-продавници за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на годинешната национална кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, која се реализира со поддршка на компанијата Visa.

Поради големиот интерес и позитивните резултати од претходните повици во претходните две години, и оваа година ќе бидат поддржани 10 компании кои ќе имаат можност целосно бесплатно да ја добијат верификацијата. Сите избрани е-трговци ќе добијат и бесплатен Беџ за верификуван е-трговец, кој ќе можат да го постават на своите веб-страници како јасна ознака за доверба и сигурност. Со тоа, тие ќе се приклучат на заедницата од над 80 е-продавници во земјата кои веќе се носители на овој симбол.

Беџот за верификуван е-трговец е видлива ознака на доверба што јасно покажува дека:

  • станува збор за регистриран правен субјект,
  • продавницата е проверена од АЕТСМ според важечките регулативи,
  • е дел од официјалниот Регистар на е-трговци.

Со оваа ознака, купувачите полесно препознаваат сигурни и проверени е-продавници, а компаниите добиваат можност да се издвојат од нелојалната конкуренција и нерегистрираните продавачи.

Погодни за апликација се сите правни субјекти кои се микро, мали или средни претпријатија, кои моментално продаваат производи и/или услуги онлајн, имаат комплетно пополнета апликација и досега не биле поддржани во претходен јавен повик на АЕТСМ. Аплицирањето е едноставно и целосно онлајн преку овој линк.

Рокот за аплицирање е до 10 октомври 2025 година, до полноќ. Критериумите за
евалуација на апликантите може да се погледнат овде.

Сите информации за досега верификуваните е-трговци и за Беџот за верификуван е-трговец, можат да се погледнат на платформата ecommerce.mk/badge, која овозможува автоматизирано поднесување, управување и обновување на Беџот. Купувачите пак, во било кое време можат да ги проверат сите регистрирани и верификувани домашни е-трговци пред да направат купување, доколку не се сигурни.

Инаку, овој јавен повик се реализира со поддршка на компанијата Visa, која трета година по ред е партнер на АЕТСМ во иницијативите за унапредување на е-трговијата и зголемување на довербата кај онлајн купувачите. Оваа иницијатива директно придонесува за зголемување на довербата во е-трговијата, јакнење на транспарентноста и намалување на сивата економија, а воедно ги охрабрува е-трговците да работат професионално и во согласност со законските обврски.

Бизнис

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина од најмалку 3 евра за мали пакети од Кина – што значи ова за онлајн купувањето?

Објавено

на

Европската Унија од 1 јули 2026 година воведува фиксна царина од најмалку три евра за мали пратки што пристигнуваат директно до потрошувачите, најчесто од Кина, со цел сузбивање на нелојалната конкуренција и заштита на домашниот пазар.

Советот на ЕУ ја одобри мерката со која се укинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност под 150 евра. Само во 2024 година во Унијата пристигнале 4,6 милијарди вакви пакети, од кои дури 91% биле од Кина.

Во преодниот период од 1 јули 2026 до 1 јули 2028 година ќе се применува фиксна царина од три евра, по што системот ќе премине на редовни царински стапки, со целосно ставање во функција на новиот европски царински Data Hub.

Клучната новина е што царината нема да се пресметува по пакет, туку по категорија на производи во истиот пакет. Така, доколку една пратка содржи две различни категории стоки, царината ќе изнесува шест евра, а за три категории – девет евра.

Мерката има за цел да воспостави фер пазарни услови, да ги заштити европските трговци и да обезбеди дополнителни приходи во буџетот на ЕУ и земјите членки, без да се наруши протокот на е-трговија.

Продолжи со читање

Бизнис

Здружението на инфлуенсери го отфрла Правилникот на АВМУ и предлага Кодекс согласно европските практики

Објавено

на

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор.

Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет комуникацијата, туку отвораат простор за правна несигурност, различни толкувања и дополнителен хаос во онлајн сферата. Наместо да придонесат кон уредување на областа, тие создаваат ризик од селективна примена и ограничување на креативната слобода, без јасна законска основа и без претходна широка консултација со засегнатите страни.

Здружението нагласува дека инфлуенсерите не бегаат од одговорност, редовно плаќаат данок во Македонија, наспроти сите невистини кои се ширеа во медиумите во изминатиот период и дека ја поддржуваат потребата од транспарентност, јасно означување на комерцијалните содржини и почитување на етичките стандарди. Сепак, тие сметаат дека ваквите прашања мора да се уредуваат преку инклузивен процес и решенија што ќе бидат во согласност со законите и европските практики, а не преку акти што излегуваат надвор од утврдените надлежности.

Согласно изработената европска анализа за тоа како оваа проблематика е решена во земјите членки на Европската Унија, Здружението достави предлог до министерот за дигитална трансформација, со кое се предлага донесување Кодекс кој ќе се темели на принципите на саморегулација и ко-регулација. Во најголем дел од државите членки, прашањето на инфлуенсер маркетингот се регулира преку јасни насоки за означување на спонзорирана содржина, едукација и соработка меѓу индустријата и институциите, а не преку рестриктивни и еднострано наметнати подзаконски акти.

Предложениот Кодекс има за цел да воспостави јасни, применливи и пропорционални правила што ќе обезбедат заштита на јавниот интерес, особено на потрошувачите и малолетниците, а истовремено ќе ја почитуваат слободата на изразување и спецификите на дигиталната економија. Овој пристап, според Здружението, претставува единствен одржлив и европски усогласен модел за уредување на интернет просторот.

Здружението на инфлуенсери и креатори на содржини ги повикува институциите да го повлечат спорниот Правилник и Водич и да отпочнат отворен и транспарентен дијалог со сите релевантни чинители, со цел изнаоѓање решение кое ќе донесе правна сигурност, јасни правила и стабилна рамка за развој на дигиталната комуникација во Македонија.

Продолжи со читање

Бизнис

Илон Маск предупредува: САД на работ на финансиски колапс!

Објавено

на

Илон Маск, извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, повторно алармира за сериозните ризици од растечкиот јавен долг на САД, предупредувајќи дека земјата се соочува со „практичен финансиски колапс“ доколку не се забрза технолошкиот развој и не се стави под контрола задолжувањето.

Според Маск, националниот долг на САД надминува 38,5 трилиони долари, додека годишните каматни плаќања се приближуваат до 1 трилион долари, износ што е поголем од буџетот за одбрана. Ова, како што истакнува Маск, создава сериозен фискален притисок и ја ограничува долгорочната економска стабилност.

„Без значителни иновации во вештачката интелигенција и роботиката, САД 1.000 проценти ќе банкротираат“, изјави Маск, нагласувајќи дека токму технолошкиот напредок може да обезбеди побрз економски раст и да ѝ даде на земјата време за фискална консолидација.

Тој додава дека развојот на напредните технологии може да доведе и до дефлациски притисоци, поради побрз раст на производството и услугите во однос на паричната маса, што дополнително го зголемува реалниот товар на долгот.

Иако, статусот на доларот како светска резервна валута ѝ овозможува на Америка поголема флексибилност во задолжувањето, Маск предупредува дека таквиот модел не е одржлив без сериозни инвестиции во технологија и продуктивност.

Во услови на растечки буџетски дефицити и зголемена загриженост за одржливоста на јавните финансии, пораката на Маск повторно ја отвора дебатата за улогата на иновациите како клучен фактор за долгорочна финансиска стабилност.

Фото: gazeta.ru

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange