Business Woman
Весна Трајковска од Комерцијална банка АД Скопје избрана за Претседател на АЦИ Македонија
За нов претседател на Здружението АЦИ Македонија е избрана Весна Трајковска, раководител на Одделението за FX тргување и пазар на пари во Комерцијална банка.
Благодарејќи на долгогодишното искуство во областа на тргувањето со девизни средства и нејзиниот придонес за развој и промовирање на еден од клучните финансиски пазарни сегменти во земјава, Трајковска е избрана за прв човек на АЦИ Македонија од страна на нејзините колеги од сите банки во земјава.
Од Комерцијална банка ѝ го честитаа изборот на колешката Весна и воедно и посакаа да остане посветена на својата активна улога, особено поради динамичните глобални финансиски пазари, како и да придонесе за натамошен развој на Здружението.
Business Woman
Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.
Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.
„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.
Business Woman
Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.
Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.
„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.
Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.
Business Woman
Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март
Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.
Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.
Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.
Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.
Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули





