Connect with us

Банки

ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра.

Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност Број УП1 10-7 од 01.03.2024 година, одобрена е седмата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 1.200.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во денарска противвредност.

Купувач на целата емисија на акции е институционалниот инвеститор на Банката ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт, со седиште во Ромерплац 33-37 (Rohmerplatz 33-37) 60486 Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.

Преку зголемувањето на основните средства, банката обезбедува унапредување на структурата и квалитетот на сопствените средства и оптимална адекватност на капиталот, како основа за континуирана поддршка на инвестициите на бизнис клиентите и физичките лица и раст на кредитното портфолио.

Банки

НЛБ БАНКА СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ – прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Објавено

на

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот. Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

PayByLink е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни во online продажбата, но не се во можност да развијат сопствена web продавница и истата да ја интегрираат со банка. Практично, со оваа услуга, банката му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции засновани на картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот е брз и едноставен.

Кога трговецот креира линк за плаќање, обезбедува информации за производот или услугата за која се плаќа, количината и цената, и тој веќе ја има подготвено нарачката за клиентот. Клиентот го отвора линкот, ја проверува содржината на нарачката и, доколку е се во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

PayByLink е сигурен сервис и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

За да ја користат услугата, трговците треба да имаат сметка во НЛБ Банка, да потпишат договор со Банката, врз основа на кој им се овозможува пристап до порталот за користење на оваa услуга и креирање линкови, кои понатаму можат да ги споделуваат со своите купувачи преку соодветните канали за комуникација.

До 25 мај, 2025 година, клиентите можат да ја искористат промоцијата на НЛБ Банка, да активираат PayByLink, пришто ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

Повеќе информации за услугата и начинот на активирање, клиентите можат да добијат на www.nlb.mk, во експозитурите на Банката или преку Контакт центарот на 02/15600.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје со известување до клиентите за зачестена појава на измами

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти дека согласно предупредувањата од страна на МВР за зачестена појава на измами поврзани со наводни инвестиции во крипто валути преку лица кои се претставуваат како финансиски советници, адвокати, вработени во банка и слично, Банката апелира за поголема внимателност при споделување на вашите лични и финансиски податоци.

Халкбанк советува:

  • Да не инсталирате непознат софтвер и апликации на уредите кои ги користите за пристап до електронското и мобилното банкарство;
  • Не правете пренос на средства на сметки кои не ви се познати и не знаете на кому му припаѓаат;
  • Податоците како број на сметка , број на картичка , пин, CVV,лозинка и слично никако  да не ги споделувајте преку СМС, Vber, e-mail или телефонски.

Бидете внимателни и заштитете ги вашите финансиски средства и лични податоци.

Продолжи со читање

Банки

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници“: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Објавено

на

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно влијание врз девизните резерви. „Во периодот по 2020 година се забележува раст на извозот на услужниот сектор, особено во делот на компјутерските и деловните услуги. Во делот на ИТ-услугите е забележано удвојување на учеството во БДП во однос на извозот во 2019 година, додека во делот на деловните услуги е забележан пораст од 50%“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторскиот текст објавен во петтата годишна едиција „Топ 100 извозници 2024“ на специјализираниот портал Извоз.мк.

Во колумната гувернерката истакнува и дека според индексот за подготвеност за вештачката интелигенција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), нашата земја е на 77 место од вкупно 174 земји, што укажува на простор за унапредување на нивото на дигиталната зрелост на земјата за вештачката интелигенција, од аспект на соодветноста на човечките ресурси, дигиталната инфраструктура и регулативата во оваа област.

„Еден показател каде што нашата држава е релативно добро рангирана во споредба со земјите од регионот, па и со дел од земјите на ЕУ, е процентот на компании коишто користат вештачка технологија и аналитика на големи бази на податоци (близу 13% од компаниите користат големи бази на податоци  (англ. big data), а речиси 10% вештачка интелигенција). Ова укажува на потенцијал за искористување на оваа компаративна предност и задржување на добрите извозни остварувања на услужниот сектор и во иднина“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката во текстот укажува и на можните ризици, како дополнителен предизвик за идните остварувања на македонскиот извозен сектор, како геофрагментацијата, влошените очекувања за германската економијата, како наш најважен трговски партнер, како и климатските промени. Гувернерката нагласува дека периодот којшто ни претстои изобилува со предизвици, и за носителите на економските политики, и за економските субјекти, но и можности доколку компаниите успеат брзо и успешно да се приспособат на динамичните промени.

„Јасна е потребата за јакнење на продуктивноста, којашто значително заостанува зад поразвиените економии (за илустрација, продуктивноста на домашната економија е околу 50% во однос на просечната продуктивност на земјите од ЕУ), за подобрување на конкурентниот профил, следење на технолошкиот напредок и за нови инвестиции“, нагласува Ангеловска-Бежоска.

Авторскиот текст на гувернерката е достапен на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно